Како да препознаеш полтрон?


Дефиниција:



Според позицијата во општеството и скалата на Маслов, полтроните се делат на пет вида:

Под земја

Вид на полтрони кои се едвај на нивото за задоволување на основни егзистенцијални потреби:

– Лепачи на плакати
– Оние кои ризикуваат здравје и живот

Во калта

Вид на полтрони кои во релативно удобни услови доживотно се валкаат во топлата морална кал.
– Администрација

Во облаците

Вид на полтрони кои заедно со авторитетите брцаат во медот, ги манипулираат сите кои се под нив и уживаат привиден углед. За жал се први на удар при промена на хиерархијата:
– Партиски бизнисмени
– Пропагандистичка класа(професори, новинари, уметници)

Во стратосферата

Ова се полтрони кои долгорочно профитираат најмногу со најмал ризик. Но не можат да го скријат своето полтронство, бидејќи во главните општествени дебати задолжително ги балансираат аргументите во полза на својот авторитет. Многу се корисни во шпионска функција, заради прикриеноста на лојалноста. А тоа се обично:
– Лица со лични пријателски врски до авторитетите, обично бизнисмени и квази-независни квази-интелектуалци.

Од дијаспората

Постојат докази дека полтронството е длабински невролошки феномен, вкоренет во примитивниот дел на човековиот мозок. Како таков, феноменот не се намалува кога полтронот ги напушта границите на матичната земја. Полтронството вирее во битието на полтронот, цврсто вкоренето, незасегнато од физички граници. Следствено, субјектот дали како возач на шлепер, криминалец или добро ситуиран професионалец во корпоративниот свет во новата земја, наоѓа време и енергија на свој начин да упати поддршка за режимот во земјата која ја напуштил, осигурувајќи им на останатите во истата што подолга мизерија и попувајќи им од илјадници километри. Особено интересен случај се добро интегрираните професионалци во корпоративниот свет, кои ги користат своите демагошки и софистички способности да манипулираат со мислења и креираат магла во обиди за оправдување на нивниот драг и далечен, но близок до срцето режим.
Мотивацијата на гастарбајтерските полтрони може да биде повеќестрана. Најпрво можно е да одработуваат за директни бенефиции за смејството кое суште не емигрирало. Понатаму во некои случаи приватните клановски врски тешко умираат и се голем дел од личниот идентитет. И третата варијанта е најтажната, на вистинските идиоти кои веруваат во ПР пропагандата на режимот и се воспалуваат од далечина.

Се надевам дека со овој вовед во полтронството полесно ќе навигирате помеѓу кафените носови во ваша околина или соодветно ќе одберете каде да го валкате вашиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *