Инфлацијата и големиот ресет

https://novamakedonija.com.mk/ekonomija/svetskiot-cenoven-rolerkoster-ima-i-nagorni-no-i-nadolni-trendovi/

Написов е интересен најмногу заради тоа што се мистифицира и затскрива главната причина за порастот на цените. Се говори за „Феномен на нееластичност за цените на прехранбените стоки кога треба да се движат надолу“.

Не се работи за некаков несфатлив мистериозен феномен. Објаснувањето е едноставно ако се сака да се разбере и каже.

Никој не се осмелува да каже, а некои и не разбираат, дека не може да дојде до намалување на цените во услови на континуирано пумпање на инфлацијата од страна на државата преку нејзино сопствено и задолжување на населението и компаниите.

Кога ќе се скроти задолжувањето, ќе има услови за намалување на цени. Со постојаното пумпање на свежи (фиктивно и новосоздадени) пари од кредити (државни обврзници, кредити за недвижнини, итн), се зголемува количината на пари во оптек, што автоматски според економската теорија на понуда и побарувачка, повлекува нивно обезвреднување во однос на стоката која е на пазарот. Има повеќе пари кои се нудат за истата количина на достапна стока. Тоа е еднакво на зголемени цени.

Од ваквата пирамидална шема (да, целото општество и економија се сведени на тоа) излезот се две сценарија на банкрот. Едниот помал, другиот поголем со можност и за хиперинфлација.

Првото сценарио за излез е да се скроти стапката на задолжување со повисоки камати и услови за кредитирање, што ќе доведе до дефлација и пониски цени, но и до банкрот на презадолжените лица(држава, фирми, граѓани) бидејќи нема да можат да го рефинансираат долгот под новите отежнати услови. Нема да банкротираат лицата кои поодговорно управувале со парите и не учествувале во пирамидата. Тогаш конечно системот ќе се балансира, цените ќе паднат, а економски одговорните ќе дојдат на свое и нема да бидат потиснати од постојаната инфлација и вештачки надуваните конкуренти со кредити. На некој начин делумно ќе се врати вистинската економија и меритократија. Ќе просперира оној кој работи домаќински (економски), а не оној што е пумпан со кредити или честопати со коруптивни тендерски приходи кои потекнуваат од државата и нејзиното народно задолжување.

Второто е да се продолжи да се клоца лименката подолу по улицата, односно да се продолжи со растот на задолжувањето, кое удира во ѕид поради растот на каматата и главнината што треба да се врати во споредба со реалните достапни пари, што неминовно и математички води кон поголем банкрот на целото општество. Тоа се случува во моментот кога кредиторите(тие што даваат/печатат пари), губат доверба во способноста на кредитобарателот (државата во случајов), да го враќа долгот и не дозволуваат негово рефинансирање со нов долг. Веќе гледаме елементи што укажуваат на тоа со недостатокот на пари(кредити) за пензии, предлозите државни проекти да се финансираат од народни обврзници итн. Или со упорното зголемено печатење на пари се стигнува до хиперинфлација, која го јаде долгот но по цена која е фатална за општеството, уште повеќе од банкротот бидејќи сите пари и заштеди се обезвреднуваат скоро до нула.

Очигледно во ситуацијата се оди кон второто, односно кон поголем „ресет“. Да не се стопира растот на кредитирањето, корумпираните елементи на економијата да продолжат да бидат вештачки пумпани со кредити, банките и државата да бидат богови со целосна контрола врз тоа кој ќе живее а кој ќе пропаѓа, а кога ќе заврши музиката да го сменат системот во нов уште покорумпиран каде ќе продолжат со уште поголема контрола. Ова им одговара зошто политичките елити се примарни корисници на пумпањето на пари, бидејќи се први на ред на изворот, дали преку државни тендери или преку банкарско кредитирање кое свесни за играта обилно го користат. Со тие свежи и евтини пари политичките елити ги купуваат реалните физички ресурси и средства за производство, кои се вистинското богатство. За обичниот човек животот ќе поскапува, платата и заштедата ќе вредат драстично помалку и сето тоа до неиздржливо ниво и до личен банкрот. Со оваа опција се бетонира растот на нееднаквоста во општеството, односно паролата „ Ќе немате ништо и ќе бидете среќни“. Ресетот и незадоволството ќе го скротат со воведување на новиот дигитален затвор (дигитални пари, дигитално ИД, максимални ограничувања и контрола врз слободата и приватноста на поединецот). Самиот ресет и мерките за негово спроведување и контрола веќе се делумно имплементирани и проектот е во тек. Играта на музички столици е при крај, а изледа дека планот е народот да остане без столче. Тоа е моето предвидување, за кое би сакал да бидам демантиран и да не сум во право.

За причините за долгогодишната перманентна инфлација имам пишувано во повеќе детали уште во 2024-та:
http://aleksandartasev.com/2024/03/05/inflacijata-klimatskata-agenda-zemjodelieto/

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕНСКИОТ РАСПОРЕД НА ГОЛЕМИОТ РЕСЕТ

Претставувам проекција за економските и гео-политички случувања во соработка со АИ моделот на Google Gemini, базирани врз тековните трендови и академски трудови на темата. Претставено е само финалното сумарно прашање и одговор, а му претходи потемелна дебата, каде со АИ моделот се разработуваат основните фактори за состојбата, како што се:

  • Огромната должничка криза на државните обврзници на САД и други земји, која се соочува со банкрот/хиперинфлација за година-две,
  • масовното централизирано лансирање на АИ инфраструктурата со влијанието врз пазарот на труд и секундарните влијанија врз стандардот на живот, компаниите, економијата и државниот буџет,
  • исклучување на кешот, воведување на централизиран дигитален идентитет и програмабилни контролирани пари
  • енергетски и логистички кризи
  • воени кризи, милитаризација на индустријата, воена состојба,
  • дефлаторни фактори како депопулација, економска стагнација,
  • инфлаторни фактори како печатење пари, енергетски шокови и др.
  • социјални фактори како замор и скепса на народот за кризи и за системот,
  • елитистичкото залагање за големиот ресет и четвртата индустриска револуција, како механизми за контролирана имплозија на тековниот систем и транзиција во нов систем за поголема контрола врз населението,
  • агендите за климатски алармизам и деиндустријализација,
  • и друго…

Заклучоците се на линија со она што барем од 2020-та го предвидувам, и што многумина авторитети и анти-авторитети го најавуваат, па затоа никој не треба да биде изненаден. Но со оглед на сериозноста на настаните кои се во тек и кои доаѓаат треба да се биде подготвен. Човештвото е соочено со кризи и катастрофални промени со димензија која не е видена низ историјата, додека државата и надлежните системски институции грозничаво брзаат со спроведување на наложените агенди, а народот го замајуваат со циркуз.

Информациите се дадени многу концизно и сумарно, па доколку има прашања или потреба за дискусија со повеќе детали, можеме во коментари да појасниме.

Доколку има интерес може да претставам и други делови од дискусијата, како на пример колкави се веројатностите за предвидувањето да се оствари, или кои се начините за приватно или општествено испливување од катастрофата, и друго.

Креираната енергетска криза во Хормутскиот теснец

Како и порано, се создаваат кризи за уривање на народите, обичниот човек, со цел негово воведување во дигиталната тиранија.

Има наивни кои и сега веруваат дека кризата со нафтата и енергенсите е поради блокадата на Хормутскиот проток. Кризата е креирана бидејќи некому му е потребна. Хормутскиот проток технички може лесно и евтино да биде деблокиран, со можностите на една просечна држава, да не зборуваме за супербогатите заливски држави, САД или некоја меѓудржавна алијанса.

Постојат одбрамбени куполи/модули кои со висока веројатност можат да ја срушат секоја закана од земја и воздух(дронови, брзи чамци, крстаречки ракети) кон танкерите, и чинат занемарливо малку во одност на вредноста на танкерот и товарот кој го носи, и особено малку во споредба со економската штета од блокадата. Овие куполи тежат по 2-3 тони, чинат по неколку милиони долари, и можат да бидат подигнати од обичен хелихоптер кој чини неколку милиони долари, што е ништо во споредба со цената на танкер и неговиот товар од околу 200-300 милиони долари. Акција за ротација на вакви куполи по танкерите кои го поминуваат Хормуз, може лесно да се изведе, и би чинела до 50.000 долари за гориво, работни часови, амортизација и делови, по премин на танкер, што е занемарливо.

Иранската војна е креирана и намерно се ескалира од повеќе причини, кои претежно се на линија со постоечките мизантропски агенди насочени против обичниот човек, а најнаивните и неинформирани можат да мислат дека е само заради будалестиот Трамп или одбрана на Израел од Иран.

Реалност и мимикрија

Многу години наназад говорам дека западните елити координирано работат на уништување на своите народи. Ги нарекував мизантропи и сатанисти. После Епштајн фајловите и неодамнешните воени, економски, миграциски и енергетски оркестрирани кризи на сметка на нивните народи, сето тоа се потврдува повторно и повторно.

Додека го гледаме диригираниот залез на заладните нации, во Блискиот исток се издигнува Израел како нова суверена регионална и глобална сила, способна да диктира сопствени правила по принципот „кај има сила нема правдина“. Велам нова, бидејќи до скоро функционираше исклучиво под заштитата на САД, која сега на разни начини ја погазува. Како да се потврдува есхатолошката теорија и предвидувањето на „професорот“ Џијанг.

Ова се тектонски геополитички пореметувања кои се случуваат еднаш во векот. Во исто време без`рбетните и медиокритетски политичари кои не` застапуваат, грозничаво се трудат што повеќе да излижат некој моќен глобалистички задник и наложените странски агенди и наративи повеќе да ги имплементираат. Притоа не само што народот го оставаат на цедило, туку и го туркаат во амбисот кој се отвора за светот и особено за Евро-атлантските нации.

Да се вратам поблику до нашиот двор. Пред некоја недела Гога решително кажа дека е цврсто убедена дека за ништо не треба да се грижиме, што во овие услови наликува на комедијантски скеч на сметка на народот. Се разбира дека случајната некомпетентност или подмолната намера е на сметка на народот, како и секогаш. Изјавата на Гога е само капка во морето од замајувања, лажни наративи, додека истовремено политичарите му го тргаат килимот од под нозе на обичниот човек. Друга актуелна илустрација е изјавата на Мицковски дека доколку не се донесел некој урбанитички план цените на становите ќе скокнеле на 5000 евра/квадрат. Притоа токму државата заедно со банките и урбаната мафија кои се под нејзина закрила, ја пумпаат цената на становите, а паралелно одржуваат екстремно скапа, сложена и долга градежна регулатива која спречува самостојна и економична изградба на куќи за домување од страна на самите граѓани, како што се правеше во минатото. Ги осудуваат граѓаните да плаќаат 30 годишни ропски кредити со енормни рати, или да одат под кирија, што станува се поизвесно. Дозволиле и упад на некој Дански фонд дополнително да ги пумпа цените на пазарот со купување на 1000 станови. Се чини во овие времиња на лицемерието и мимикријата им нема крај.

Сето испаѓа случајно усогласено со урнекот на Клаус Шваб, „нема да поседувате ништо и ќе бидете среќни“. Сите се корумпирани и отидени по ѓаволите. Волци се пастири на стадото.

Веке тотално се паднати маските. Доколку верувате во политичкиот циркуз дека и 1% се води со добра волја и во интерес на народот, можеби живеете во илузија. И тоа би било во ред доколку илузијата е наивна, а не се покажува се повеќе како погубна, особено од времето на пЛандемијата до сега. Погубна по животите, здравјето, основните слободи, стандардот и стилот на живот, безбедноста, тн „општествениот договор“ и самото преживување на нацијата која лежерно се соочува со катастрофален демографски колапс.

Затоа ви порачувам дека сега е поважно од било кога да бидеме вкотвени во реалноста и вистината, без разлика колку и да е таа непријатна. Бидејќи единствено потпрени врз неа би можеле да оформиме визија и да градиме поубава и похумана иднина од онаа фатална илузорна мимикрија што сакаат да ја наметнат. Чувајте се, чувајте си ги фамилиите и вистинските пријатели, бидејќи времето на илузии, лицемерие и мимикрии заврши. Веќе сме длабоко навлезени во откровението, каде се полагаат сметките и се дели житото од кукољот.

Општата култура наспротив кловновскиот Барби свет

Носталгично се потсеќам далеку наназад, пред да се промовираат апсурдни и мизантропски концепти како „ново нормално“, декарбонизација, големиот ресет, нет зеро, род, трансхуманизам, пост-хуманизам и слично. На времето постоеше еден поим што беше суштинска мерка на некоја личност и за нејзината способноста за продуктивно функционирање во општеството. Тој поим се викаше ОПШТА КУЛТУРА. Опфаќаше разбирање на реалноста, од макро концептуален и од микро информативен аспект. Барем за мене значеше интелектуално-духовна комплетност на личноста. Се подразбираа работи што беше очекувано да се знаат од општа култура. Но тоа беа поедноставни времиња, несвесни за Епштајни, сатанизми, канибализми, пландемии, глобални кризи, менување на светски поредок итн…

Во меѓувреме не се сеќавам кога последен пат поимот општа култура сум го слушнал во комуникација, а се поретко може и да се види манифестиран на дело.

Обратно пропорционално со исчезнувањето на концептот на општа култура, гледаме забрзан раст и промоција на површност, фејк, блага ретардација, духовна беда, во врвот на општеството. Лица без капацитет, искуство, чест и интегритет, без човечност, поставени да бидат слепи послушници во замена за материјални бенефиции, горделиво и суетно завиткани во целофан од фејк хиерархиски и академски титули. Во глобално поврзаниот свет, особено на елитно ниво, евидентно стана дека тие се дел од истата глобална пирамида на моќта и систем на вредности во кој функционира мрежата на Епштајн.

За да се затскрие срамот, босотијата, гадоста, поплавени сме од глума, позирање, фејкерство, лажен личен маркетинг, ко-брендирање, лажна доблест. Резултатите од нивното работење на врвот во сите сфери ги гледаме со децении, и секој ден стануваат се подеструктивни и помизантропски. Тие го сочинуваат мочуриштето наречено „систем“. Кога ретардацијата и неморалот се ИН, општата култура и другите вредности се АУТ. И мора да бидат аут за да има услови за постоење на грозоморните сатанистички хорори кои на системско ниво на врвот тајно ги обавува елитната глобална мрежа над и под Епштајн. Ако тој хорор тајно е на врвот, целата инверзна матрица од лажни јавни наративи и вредности се разобличува многу јасно и логично. Пред очите кои сакаат да видат се разоткрива кловновскиот Барби свет.

Дозволивме општеството да ни го киднапираат ботови никаквеци , за чија сметка ги елиминираме вредностите, способност, интегритет, храброст. А следствено на тоа од јазикот, комуникацијата и манифестираната реалност исчезнуваат или се инвертирани фундаменталните концепти за нормално општество како општа култура, вистина, храброст, слобода.

За малку ќе заборавев да нагласам, во денешно време, барем за оној што се држи во реалноста, надвор од оној лажен и апсурден Кловновски или Барби свет, општата култура подразбира разобличување на лагата и фокус на вистината, денеска од оние ботови клеветнички етикетирана како „теорија на заговор“. Општата култура е во директен судир со матрицата на лажниот инверзен систем. Имајте елементарна општа култура. Не бидете како оние кутри ботови на злото.

Природна наспроти вештачка интелигенција

Погубно е да се турка технолошка револуција на општеството базирана врз вештачка интелигенција, се` додека целосно не ја разбудиме природната интелигенција. Над половина од народот не употребува критичко размислување и совест, односно функционира како бот по директива (од партија, држава, религија, корпорации, улица), според ChatGPT.

Колку повеќе се доближуваме до состојба на природна неинтелигенција наспротив вештачка интелигенција, толку повеќе човештвото е обезвреднето и дехуманизирано. Тоа им дава аргумент на елитистите како Клаус Шваб, Јувал Харари, Бил Гејтс или Елон Маск, да го третираат човештвото како несвесен објект, бескорисен вишок и финансиски трошок кој треба да се намали.

Истовремено материјалната, човечка и општествена загуба од нереализираниот и репресиран креативен човечки потенцијал е немерлива, и многу поголема од било која придобивка од дигитализација или вештачка интелигенција.

Со префрлањето на интелигенцијата од човештвото кон машините, човештвото го губи политичкиот капацитет, кој преоѓа во елитите кои ги контролираат машините, а со тоа добиваат и тотална контрола и врз луѓето.

Треба да сфатиме дека човекот има вродени слободи, интелект, креативност, а со тоа и суверенитет. Патем тоа го пишува и во уставот, односно државата го црпи суверенитетот од суверенитетот на граѓаните. Потребно е да се освестиме и храбро да ја носиме главата крената. Нашата свест и совест потребно е гласно да ја манифестира реалноста која ја сакаме, а не молчејќи како ботови и нелуѓе да ја прифаќаме наметнатата и погубната реалност.

Кулминација на тоталитарната дигитална агенда


https://vecer.mk/makedonija/94729f7d-05c4-4ef9-bd0c-efd9b89ec239-1

Народот го лажат со дигитални приказни да си ја продаде слободата во име на некаква банална комоција и лажна сигурност.

Ова го велам како некој со дваесет и пет години пионерско искуство со дигитализација по вертикала и хоризонтала на меѓународно ниво и што знае како и за што може истата да се користи, и кои им се вистинските намери на тие „од горе“. Само за пример, единствен од Македонија во 2011та во лично својство бев учесник на првата конференција за „Дигитална агенда“ на Европската унија, која тогаш беше промовирана како најважна стратегија на унијата и каде беа присутни сите кои нешто значат за иновациите и дигитализацијата во Европа. Од универзитети, истражувачки центри, мега-корпорации до ЕУ и државни комесари, министри и агенции.

Сега се работи за проектот „дигитален идентитет“ од изборната програма на ДПМНЕ од парламентарните избори во 2024та, за кој предупредувам уште пред изборите, кој имаше зацртан буџет од 100 милиони евра и рок за 2025та година. Настрана од пропагандата, во пракса како краен резултат намерата е преку вашиот мобилен телефон да ги контролираат сите активности во вашиот живот, движење, плаќање, идентификација, и се останато што може да се следи преку сензорите и комуникациските можности на уредот.

Ако ова им помине, после ќе нема назад од дигиталниот Гулаг. Народот ќе биде евидентиран и управуван како стока и сведен на истото од страна на глобалната елита. Со софтверски лични карти на мобилен телефон, кој следи движење, плаќање, комуницирање и многу друго, ќе може да контролираат што, кога и како ќе му биде дозволено и заповедано на секој поединец, од движење до пазарење и одење во ВЦ. Вакциналните пасоши и локдауни ќе ви изгледаат како среќно минато.

Доколку сега мислите дека живееме во политички фингиран циркус кој како целофан го затскрива антинародниот хибриден режим контролиран од странство, чекајте дури во дигиталната тиранија да видите колку ќе имате слобода. Нема да можете ниту да бекнете ниту да прднете надвор од партиската-државна мизантропска директива. Или попаметниот не мора да чека и може едноставно да види што се случува во прототипот кој го следат, Кина со дигиталниот систем за контрола.

Нема поважна тема од ова во моментов, бидејќи доколку се влезе во овој систем на дигитална тиранија, нема излегување. Вашите деца и внуци ќе живеат во антихуманата дистопија, каква што ја најавуваат психопатите пропагандисти на ваквата иднина, како добро познатите мизантропи Клаус Шваб, Јувал Харари, Хенри Кисинџер, а локалните копуци лојално ја спроведуваат. Ниту националните теми, ниту економските, ниту културолошките, ниту здравствените ќе немаат никакво значење доколку се зачекори во тој „нов храбар свет“, „новото нормално“ или „новиот светски поредок“ како што милуваат глобалните џелати на човештвото еуфемистички да го програмираат.

Истите кои неодамна ве затвораа во куќен притвор во пЛандемијата, ви ја затвораа економијата, ви донесоа инфлација и сиромаштија, ве мамеа и присилно ве пелцуваа, наместо да гнијат во затвор, дрско и без пардон го туркаат најголемото зло на лукав начин, баш како што им доликува, на мала врата, како ваша бенефиција. Во пракса ова е печатот на ѕверот без кој никој нема да може да купува, продава, и општо да учествува во општеството тоталитарно контролирано од глобалните и локални плутократи. Тивко и без помпа на народот му ја местат јамката околу вратот. Не дозволувајте да ве сведат на проста и наивна стока, бидејќи со молчењето и пасивноста само би го потврдиле нивното мислење и план за вас.

Не дозволувајте тивко да ја изгубите слободата за вас и вашите поколенија ЗАСЕКОГАШ. Особено што човештвото доколку се ослободи од оваа јамка и стапица, го чека вистинското златно доба со продуховени вредности и користење на технологијата во сопствена корист.

Верувам дека ова е главната причина заради која наеднаш сложно сакаат Собранието да биде прогласено за некаква „безбедносна зона“ и со закон да забранат протести. За секој случај. Толку им е важно. Уставот е важен, но ова им е поважно. Бидејќи со оваа јамка околу вратот на народот, ќе можат и уставот да го пишат и бришат како сакаат.

Борбата против системот е во секого и во секој миг!

Градоначалникот на Кочани направи најчесна постапка досега од се што видовме. Единствен од големците што постапи со вистински личен пример со оставка и спремност да одговара. Другото се празни и манипулативни муабети. Лицемерно е некој што е системот да тврди дека го менува истиот!

Ваква трагедија што ја разорува човечката душа, треба да не потсети дека секој што се сомнева макар дека е минимално виновен, сам треба да отиде кај што треба и да одговара. Пред институции (народ) и Бога. Секој треба да е подготвен да одговара во секој момент.

Ако не сме подготвени во секој момент за вистина, човечност, слобода да дадеме апсолутно се`, тогаш секако ги губиме, како во овој брутален случај. Така ги губиме низ изминатите 30 години. И кога молчиме секако пак одговараме и ја плаќаме сметката, но тогаш злото продолжува. Сите одговараме секој ден на овој или оној начин, иако можеби не сме свесни за тоа.

Скршените Кочанчани кои повикуваат на жестока борба со системот Курто-Мурто, особено најизгорените – родителите, се со полно право! Најавтентично го зборуваат со голема силина она што јас го зборувам со години по висока лична цена.

Веќе триесет години странски анти-народни интереси на врвот ни назначуваат бедни морално-интелектуални суштества, спремни за компромис на штета на народот. Им ги определуваат дури и тимовите со кои ќе работат, агендата и проектите. Затоа некои велат дека сме живееле во хибриден режим, кој пак ние го чувствуваме на сопствената кожа. А потоа по дефиниција кога горните се интелектуално-морална мизерија, се` под нив оди по принцип на негативна селекција и уништување, наместо создавање и живот! Затоа се селиме, затоа умираат децата! Затоа се претвора мајка Македонија во пепел! И тоа не случајно. Со децении македонскиот народ е под специјална војна, чии уништувачки резултати ги гледаме. Немојте да подлегнувате на деморализирачките наративи дека ние самите од обичниот народ сме си криви бидејќи сме неинтелигентни и расипани. Македонскиот народ е тепана жртва, која уште и ја обвинуваат!

Додека не го скршиме тој систем и го направиме прашина, и го замениме со меритократија, основни христијански вредности и директна демократија, каде народот ќе има влијание врз својата судбина, ништо не сме направиле и ова ќе се повторува, како што се повторува барем 30тина години. Животите течат во мизерија, се гаснат, често и најбрутално, а системот опстојува! Па луѓе ли сме или што сме да трпиме ваков животински систем?! Има ли бетер!?

Прашањето е КАКО?
Основен проблем е негативната селекција во политиката. Оние што се кажуваат за народни претставници се обични марионети назначени од листи! Мора да се смени политичкиот систем за да се реализира вистинската народна волја и да се прекрати фиксираниот и анти-народен систем Курто-Мурто. И пресудно да се дозволи влез на нови народни сили на политичката сцена кои не потекнуваат од истиот систем!

Секогаш рибата смрди од главата!

Една добра идеја дава Goce Makedonec Gugulovski, кого ќе го цитирам:


РЕШЕНИЕ за хоророт во кој сме приморани да живееме во Македонија?

  1. ОСТАВКИ….!
  2. Итна ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА!
  3. Донесување на НОВ ИЗБОРЕН МОДЕЛ, (Една изборна единица, со отворени листи)!
  4. Организирање нови НЕнаместени/НЕкриминални избори!
    ТОЛКУ ли е тешко!

#kocani #Кочани

Македонија и Вавилон (ЕУ)

Вреди да се даде една размисла во контекст на посетата на елитниот евро-олигарх Фон Дер Лајен, како одговор на нејзините пораки за наше храбро симнување на гаќите за влез во нивното ЕУ.

Влез во ЕУ повлекува разградување на Македонија, слободата, нацијата. ЕУ директивите веќе имаат негативни ефекти врз македонското општество, но со влез во ЕУ и превземање на дополнителни обврски, нивните ефекти ќе бидат разорни. Особено на темите храна, дигитализација, климатска агенда и деиндустријализација (укинување на горива, репресија врз стопанство и човекови слободи), поткопување на семејни и биолошки улоги, итн. Од статусот на надворешно контролиран „хибриден режим“, Македонија би прешла во провинција на ЕУ супер-државата, со зацементиран назив „Северна“, и би била подиректно контролирана од ЕУ бирократијата и олигархијата што стои зад неа.

Од друга страна, грантовите се морковот со кој го поткупуваат бедниот народ, a всушност не обезбедуваат развој, туку одржуваат мизерија и зависност колку да се издржи до следниот грант. Вистински одржлив развој е единствено можен со локални економски слободи (не со ЕУ регулатива т.е. препреки) и на светскиот слободен пазар.

Околу европските вредности со кои им се полни устите, секојдневно се покажува дека тоа се всушност човекомразачки анти-вредности, пред се` на штета на сопственото европско население. Со тие анти-вредности ЕУ елитата покажува дека е на погрешната страна на историјата, како репресивен тоталитарен деспот против своето население и другите (нео)колонизирани народи.

Како што и самите ЕУ елити најавуваат со нивниот „голем ресет“ и поврзаните проекти, воведуваат тоталитарно ропство врз безлична и деградирана мешавина на луѓе по углед на денешна дигитална Кина и поранешниот аналоген СССР. Човекот го сведуваат на бар код во компјутерска база, при што низ дигитализиран свет полн со сензори и камери за мониторинг, планираат да го контролираат тотално и апсолутно.

При сето ова, опстанок и вистински развој е можен единствено храбро преку сувереност и мобилизација на сопствените капацитети, базирана врз бескомпромисни вредности, кои на пиедестал ги држат човекот-индивидуата, слободата и вистината.

Уште поважно и поитно, за Македонија да се заштити од тековниот налет на глобалистите за воспоставување на светски тоталитарен дигитализиран поредок во кинески стил, мора да остане надвор од ЕУ, и самата суверено да си го наоѓа патот, со сите одговорности, ризици и придобивки кои ги носи слободата. Овој пат е реален бидејќи силата е во народот, кој само треба да биде потсетен за тоа.

Остај тоа. Глеј си ти за себе.

Некој мислава ја кажува во огледало, некој ја вели на децата, некој на познаниците.

„Гледањето за себе“ е потребно. Тоа е дел од природниот механизам за напредок и самоодржување. Индивидуата логички и природно е примарна со својот нагон за самоодржување. Впрочем ако не си добар за себе, не си добар ни за другите. Проблемот е во „Остај тоа“. Човекот нели е општествено битие.

Додека соседот страда од системски наметнати катастрофи кои можат и треба да бидат избегнати (инфлација, масовна (е)миграција, систематски грабеж, нелегитимна присила, перење на умот, идеолошка и културна деградација, болести, нивни лекови, војна, тоталитаризам, отежнат пристап до храна, вода, воздух, слобода на движење, слобода на говор, итн.) ние се вртиме на другата страна и си „гледаме за себе“. Додека се поткопува постоењето на идните поколенија, ние се вртиме на друга страна и си „гледаме за себе“. Каде е тука човечноста, и пред се` нагонот за преживување? Денеска е соседот, утре ќе бидеш ти или твоите деца и внуци.

Кога заедницата, чиј сме дел, е под активна закана од повеќе катастрофи кои потекнуваат од ист или сличен центар, пред се` заради нагонот за сопствено преживување, а потоа и заради хуманото чувство на емпатија, индивидуата треба да превземе нешто. Тука свесното игнорирање на заедничкиот проблем во стил „глеј си за себе“, е еднакво на патолошко самоуништување и социопатски садизам врз другите.

Се` додека многумина со испран мозок, загушена емпатија и сопствен нагон за преживување, се поклоници на вакви антисоцијални материјалистички идеи кои тотално ја игнорираат зедничката опасност, не постои society, општество, цивилизација, туку имаме ѕверско нечовечко брутално постоење. Како ѕверот да го претворил човекот во истото со цел да се самоуништи.

Деморализирани, отрпнати, го толерираме злото што не` проголтува поединечно но и заедно, со децении постојано во заедничка трка кон дното. Во денешниот хипер-поврзан свет, кај заедничките закани пасивни набљудувачи не постојат, туку стануваат имплицитни учесници, поддржувачи на уништувањето. По линија на помал отпор, се вовлекуваме и стануваме дел од револуцијата, вртелешката која во име на хуман напредок уништува стоејќи во место, мелницата на човештвото, која безмилосно ги прождира своите деца.

Со тие материјалистички античовечки идеи и постапки, светот го претвораме од вистински рај во она што денеска го гледаме како секојдневно ескалира. Самите се протеруваме од рајот со секое кучешко „Остај тоа, глеј си за себе“.

За враќање кон рајот потребно е да се очовечиме. Да му го кренеме моралот на човекот да се бори за сопственото преживување и напредок во рамки на цивилизирано (цивилно, ненасилно, слободно) општество. Да веруваме во сопствената свест и совест, т.е. човечност. Таа верба не` отсликува поединечно, заедно, и ја дефинира нашата иднина.

Зошто стана модерно да не си модерен?

До скоро беше модерно да си модерен, нели современ, демек „прогресивен“. Да се воодушевуваш на технолошкиот напредок, да уживаш во некоја од забавите или ескапизми одобрени од естаблишментот, да веруваш дека државната бирократија е сервис на народот, да веруваш во напредок на ова општество, да веруваш во магливата етика на променливите општествени принципи, да веруваш во некаков митски општествен договор.

И така се` беше фино и весело, до моментот кога на мнозинството му стана јасно дека нешто смрди во приказната. Па дали е можно се` да било лага? Како на калеидоскоп се редеа историски настани, кои значеа пропаѓање на приказната. Агендата и пропагандата не го додржаа освестувањето. Со неверување гледавме масовно рушење на основните концепти, институции и авторитети, не само кај нас, туку и глобално: слобода на говор, слобода на движење, телесен интегритет, претставничка демократија, финансиски систем, економија, образование, медицински систем, право на самоодбрана, колективна сигурност,.. и сето тоа во еден период, како по ноти координирано од еден глобално-локален противчовечки естаблишмент, завиткан во тенок демократско-алтруистички целофан. Оние стандардните 30% од популацијата, најзалетаните, профитерите и тапите, останаа верници истовремено и на старата пропадната модерна приказна, но и на новата демек-ресетирана мишоловка, која ја проповедаат истите мрачно-бајати ликови и институции.

Таквиот општествен слободен пад кон амбисот помогна да се запалат светилките во многу глави, прашувајќи се дали сеуште се исплати да се глуми лудило и да се вози нихилистички по линија на помал отпор, поддржувајќи го сопственото системско уништување. Сега кога бродот тоне веќе станува модерно да не си модерен, да не си нихилист, системски подлизурко, паразит, бот.

Така кај многумина, ако не разумот и душата, барем нагонот за преживување придонесе кон освестување за народен отпор и општествено движење за барање на заедничкиот пат напред кон човечко цивилизирано општество. Не назад кон корупцијата која не донесе до тука, туку напред кон нашата суверена судбина. За жал се тргнува од појдовна точка на изгубени во дистопијата.

За да се вратиме на патот, потребно е да разбереме каде излета современиот воз од шините. Модернизмот и пост-модернизмот се двата најважни правци на современиот поглед кон светот. Сите постапки денеска, особено општествените политики се оправдувани под влијание на едниот или другиот. Иако навидум се сродни, во заеднички контекст на современоста, двата правци не можат да бидат поспротивставени. Едниот е анти-теза на другиот. Модернизмот со афирмација на човекот, смислата, разумот, објективната реалност, човековиот потенцијал, идеализмот како основа на реалноста, убавината, уметноста, создавањето, економската наука и општо науката, додека постмодернизмот е негација на истите концепти, со макијавелистички пристап кон моќта, со фокус кон „наративот“ односно злонамерната демагогија во служба на постигнување моќ, и поглед лимитиран на материјализмот како основа на реалноста. Можеби некои од концептиве ќе звучат познато, бидејќи постмодернизмот е идеолошки врзан со за жал популарни човеко-негаторски и материјалистички идеологии како марксизмот, комунизмот, сатанизам-луциферијанизам, „либерализмот“, „прогресивизмот“. Изминатите три-четири децении империјата или естаблишментот го одбра и сеуште го наметнува постмодернизмот и сродните идеологии. Со оглед на неговите веќе испробани горчливи плодови, не треба да изненадува се` поголемиот отпор против сето тоа, и трендот на барање похумани идеи за животот и светот.

Доколку се споредат теоријата и праксата од неодамнешната историја, доаѓа до јасно поклопување со коруптивната и деструктивна постмодерна идеологија како причина за состојбата во која се наоѓаме. Преку медиумите и заробените институции, нихилистичката идеологија досега успеваше да го маѓепса светот и да го втурнува во самоуништување. Но со раѓањето на свеста и откровението на овие суштествени вистини, се фрла светло врз оваа вампирска идеологија која единствено може да егзистира во колективниот мрак на нашите умови и души. Борбата е во доменот на вистината, односно нематеријалното, а против материјалисти тука сме по дефиниција посилни. Во материјален контекст, војната која гледаме дека зоврива во Украина и на Блискиот исток, е последното оружје што го имаат. Ќе се обидат да го фрлат човештвото во самоуништувачка светска војна. Тоа мора со помош на вистината да се спречи или барем ограничи.

Потребно е да не забораваме кои сме како луѓе и кој е нашиот пат напред. Да не забораваме и да не дозволуваме со народот да го играат тоталитарното танго – два чекори напред, еден чекор назад. Мораме да го отфрлиме тој маѓепсан круг, и да ја играме нашата човечка игра, која е со многу едноставни и за нас победнички правила: вистина, слобода, човечност.

ГЕНЕРАЦИСКОТО ПРОКЛЕТСТВО НА КОРУПЦИЈАТА

Корупцијата, интегритетот, или било кој урнек кој децата го гледаат кај своите родители, постанува нивна судбина. Ретко кој излегува од маѓепсаниот круг на семејната традиција. Се рекло – круша под круша паѓа. Затоа политичката и духовна одговорност е голема кај секој што планира некаква иднина за своите деца. Во време на глобално разоткривање и конфронтирање на светскиот систем на корупција и зло, секоја индивидуална и семејна корупција е застанување на погрешната страна на историјата.

Па така некој, во наплив на слабост и себеомраза, можеби ќе си рече, ај ќе се приклонам на моќта (и злото), ќе бакнувам задници со ентузијазам, за жена ми да добие унапредување, за да капне некоја тезга, децата да ги запишам на магистратура во странство, втор стан или викендичка ќе си лапнам, ќе го поткрепувам злото како и другите, мислејќи дека со тоа им остава на децата некој благослов.

Всушност сето материјално брзо се стекнува и се губи. Тоа е привид безвреден во споредба со духовното. Она што им го остава на своите деца е проклетство на изгубениот интегритет и човечност, кое се пропагира низ генерациите. Истовремено на општеството му го покажува своето ѕверско лице, кое се откажало од човекот во себе и во другите. За да го врати човечкото, ќе мора да се откаже од ѕверот во себе, искрено да се покае, да го спали старото. Малкумина се способни за тоа. Децата, свои и туѓи, е грев да се осудуваат на таков предизвик.

Вие кои сте го добиле благословот со чесност и интегритет, со својот човечки капацитет за креација, макотрпно но слободно да го пробивате сопствениот пат низ животот, благодарете им на своите родители за тој животен дар.

ТИРАНИЈА И СЛОБОДА

Светот го уништува фикцијата дека постои некакво право еден да присилува друг.
А ќе го спаси сознанието дека луѓето се еднакви и никој нема право другиот да го присилува. Апсолутно никој, никаде, во никој случај. Особено на масовно системско ниво.
Тоа е разликата помеѓу тиранија и слобода.

Иако слободата е природна совршена состојба, а тиранијата е вештачки креирана и наметната од човек, луѓето се кондиционирани да се плашат од својата и слободата на другиот, и особено од личната одговорност која следува со слободата.
Кога човештвото нема да се плаши од слободата, туку ќе ја прифати, тогаш и ќе ја доживее.

Во денешното турбулентно време, сведочиме кулминација на оваa спротивставеност, каде трката е помеѓу трендот на креирани колективни стравови, кој води кон прифаќање на тотална тиранија, и трендот на просветлување со вистината, кој води кон слободата.

СВЕТОТ ВО СТЕГИТЕ НА КОЛЕКТИВИЗМОТ

Иако следам различни извори на вести и мислења, се чудам како немам сретнато коментар околу два исклучително важни глобални политички феномени кои ги забележувам:

1. Квази-мултиполарноста е фингирана преку две еднородни колективистички страни, кои заедно водат кон еден глобален исход.

2. Варијантата на колективизмот која ја застапуваат двете страни е спротивна од онаа која ја застапувале во 20-от век, и на општата слика што сега се презентира во јавноста.

Следи краток коментар околу овие две запазувања.

Системот кој во 20-от век беше интернационален социјализам од истокот, олицетворен од тоталитарниот комунистички блок, сега метастазира на западот, на човекомразачки начин уништувајќи ги своите луѓе, градови, нации, во име на лажна глобалистичка визија.

Додека системот кој во 20-от век беше национал социјализам од западот, олицетворен од нацистичката оска, сега владее на истокот, манифестиран со колективистичка мобилизација на сите свои сили за опортунитетен напредок врз грбот на другите народи.

Уништувањето кај едната страна, и напредокот кај другата страна се жестоко евидентни.

Извор на илустрација

Денес светот се наоѓа помеѓу тие две колективистички идеологии, како меѓу чекан и наковална. Тие безмилосно го дробат човештвото, уништувајќи го потенцијалот на западот, а зголемувајќи го потенцијалот на истокот, за да релативно изедначени влезат во меѓусебен директен судир, по што разорени, исцрпени и очајни, заедно ќе зачекорат во новиот светски колективистички поредок.

Тоа е квази-мултиполарен свет, во кој јавната дебата, тн овертонов прозорец за она што е прифатливо да се дискутира, е строго контролирана во рамки на колективизмот, каде евидентно паѓаат како жртва човековата слобода, општеството, и самата човекова популација од секој аспект.

Излезот е во враќање кон класичниот либерализам, т.е. филозофијата и културата која ги донесе највисоките дострели и напредок на човештвото во изминатите два века.
Тоа е идеал кој ги возвишува и става на пиедестал човековата слобода, индивидуата со своите високи вредности, резултирајќи кон севкупен напредок на човештвото.

ЕВТИНИ ИЗБОРНИ ПРИКАЗНИ

Странците го ротираат локалниот гувернер

На Мицко изгледа дека му е јасно или му е речено дека ќе дојде на власт. Тоа се чини е неминовно, бидејќи досегашниот гувернер во името на странците, СДС-ДУИ веќе ги потроши своите кредити кај народот, и нема капацитет за други поголеми велепредавства без да предизвика значителна дестабилизација или бунт. Во такви услови империјата е приморана да изврши ротација на гувернерот со решение кое има посвеж кредибилитет, макар лажен фабрикуван, колку да врви агендата. Сјаши Мурто, узјаши Курто.

Како по обичај, тоа би било докажано решение, кое било и сеуште е лојално на сите глобалистички и антинародни агенди и трендови: ковид пандемијата и придружниот терор врз народот, промената на документите, дигиталното ИД, ковид вакцинацијата, влегувањето во ЕУ, променетото име, насоката кон федерализација, економската стагнација, демографски колапс на македонците, членството во НАТО во (пред)услови на светска војна, редефинирање на полот, образовната сексуализација на децата, скалесто одржување на инфлацијата, итн. Ако е така, тогаш вреди да се размисли во која насока ќе не` води новиот гувернер на хибридниот режим.

Програмата на ДПНЕ

Дали некој ја прочита програмата на ДПНЕ? Она што го видов е 100% демагогија, продолжување на националните предавства, глобалистичка агенда (Дигитално ИД – буџет 100 милиони евра рок до 2025, климатска агенда со сето уништување, итн.) , 0% национална кауза и препород, 0% реален економски препород. За програмата вреди да се посвети време и се надевам дека ќе напишам посебен текст со детална разработка особено околу економскиот и глобалистичкиот дел. Вреди да се прочита и анализира бидејќи меѓу демагошките и јалови глупости за мачкање очи, во неа на народот му кажуваат се` што ќе му прават, вклучително и уништувањето по налог на странските налогодавачи. Со тоа си добиваат алиби дека сето е направено со народна поддршка. Па така ги има и глобалистичките проекти од типот на дигитална лична карта, паметни градови, климатски промени, влегување во ЕУ и слично, макар и меѓу редови, слично како што тоа го прави на пример и Левица во својата програма. Интересното е што од аспект на глобалистичките мизантропски проекти и начинот на нивно пласирање, меѓу редови, замотани во магла од други не толку мизантропски но секако јалови и штетни проекти, скоро и да нема разлика меѓу нив. Тоа дава индикација дека добиваат образование, ум, совети, сугестии од слична страна.

Другарот Али

За да се запечати патеката на македонецот кој јава кон зајдисонцето на глобализмот, на Мицко кој има слаба репутација меѓу патриотите, му скока во помош Али, правејќи евтина ТВ провокација. Демек влегува во костец со Мицко, етаблирајќи го како сериозен претставник на македонскиот интерес. Божем не беше некој кој досега се` македонско пушташе низ вода, молчејќи како опозиција и дозволувајќи антимакедонскиот карван да врви. Со жестока раперска вербална битка Мицко се етаблира како комита со тапија, борец и заштитник против Али радикалот. Таквиот театар меѓу Али и Мицко единствено може да влијае кај наивниот дел од народот, да го галванизира и консолидира зад Мицко. Па така со новостекнатиот фабрикуван кредибилитет во комбинација со триумфалната еуфорија по изборите, ќе има акумулирано доволно кредит/надеж кај народот, за во годините што следуваат да ја докусури Македонија и македонците, додека народот се чуди на велепредавството што му се случува. Дај боже да не сум во право, но работите укажуваат на таквата можност.

Чаре

Најжалното во оваа евтина приказна е што Македонија досега не изнедри реална македонска (неудбашка, неглобалистичка) партија со капацитет да добие и долгорочно да издржи во битката. Не дека немало обиди, но за жал тие се покажале како наивни и под нивото на задачата. Ако ништо друго, барем за нешто сме освестени, а надежта последна умира. Во меѓувреме да се надеваме на минимизирање на штетата од полу и меѓурешенијата на шемата Курто-Мурто, додека да се оформи соодветен македонски политички субјект. Доколку ДПНЕ победи, народот ќе мора да се брани токму од нив и перманентно да притиска за одговорност. Тоа ќе биде многу тешко, бидејќи добар дел од деструктивните проекти се отворено изложени во програмата, а преку изборите народот (имплицитно, бидејќи никој не ја прочитал) ќе и` даде свој благослов.

„Младите глобални лидери“ на ВЕФ

Видеото подолу е исечок од семинар за „Младите глобални лидери“ на ВЕФ. Лично познавам некој што е член. Не сте пропуштиле ништо посебно.

Видеото е илустрација за начинот на кој регрутите од програмата на ВЕФ се тренирани за глобални лидери. Некои од таквите лидери се Трудо од Канада, Руте од Холандија, Макрон во Франција, Сана Марин од Финска, Ардерн од Нов Зеланд, итн.

Иако ни се познати, сепак зачудувачко е на какво забегано ниво им го перат умот. Односно, (после вршењето на сите уништувачки агенди) на крајот пустите за награда ќе живееле вечно во компјутерскиот облак (рајот).

Со нивните умовите веќе се во илузорната матрица од лажна пропаганда. Изгубен е контактот со реалноста, со човечкото homo sapiens. Сопственото и општото уништување им го продаваат како некаква хумана мисија, со голема награда на крајот во форма на софтверски рај. Како секта. Тоа, пријатели, се луѓето кои засега не` владеат, си придаваат морален и интелектуален авторитет, и сакаат да се нарекуваат елита.

КВАЗИАВТОРИТЕТИ ПРОТИВ НАРОДОТ

Луѓето воглавно се разумни и добри. Генерално се трудат да дејствуваат во сопствен интерес, а ако може и во општ интерес. Врз овие аксиоми почива човечноста и човековото општество, особено со плуралистичко демократско уредување. Ако го едуцираш за големите придобивки од некој производ, доколку нема големи негативни страни, народот најчесто ќе се потепа за да го добие.

Периодов некои тн. авторитети, всушност политички назначени проститутки за пари и моќ кои се замислуваат елита, туркаат агенда врз грбот на народот која се помалку им проаѓа. Изгледа се раскринкани кај мнозинството.

За да не го признаат поразот, тие креираат наратив кој е инверзија на реалноста. Причината за поразот на нивната агенда наместо во немањето на факти и добри аргументи, ја фокусираат кон конструирана малоумност и нерационалност на народот, кој предлагаат да биде казнуван со државниот апарат за насилство. Да имаа вредни аргументи народот ќе беше едуциран и ќе постапеше како што тие би сакале. Бидејќи ги немаат аргументите и науката на своја страна, прибегнуваат кон закани, манипулации и кон присила.

Демонстрираат мизантропија на јавна сцена. Мразат и потценуваат народ. Добрите намери одамна се провиден целофан, зад кој се крие неукоста, сервилноста, лакомоста, егоизмот, нарцисоидноста, на еден мал слој социопати, назначени како авторитети токму заради својата корумпираност.

Не е народот неразумен. Вие сте сервилни извршители на фашистичка структура, кои во отсуство на факти и аргументи вршат насилство врз народот. Науката ви служи како тоалетна хартија. Вистинските научници ги репресирате како дисиденти. Го уништувате народот и општеството, правејќи реална штета на луѓе, и газејќи ги основните принципи за цивилизирано општество: слобода, вистина, човечност.

Крајот на царевите е почеток на цивилизацијата

Самите сме си криви. Од безумност и бездушност си патиме, зошто бараме крал да не` владее. Си го предаваме личниот суверенитет и слобода на една измама, би рекол дури и свесно, и нелегитимно даваме дозвола во наше име да се спроведува зло врз друг човек. Ние ја создаваме и одржуваме моќта. Таа функционира со наша имплицитна или експлицитна согласност и помош. Без тоа таа не постои.

Моќта има суштинска карактеристика да се концентрира и да корумпира до коска. Иако живееме во тн. демократија, веќе и врапчињата знаат дека за спроведување на некаква народна волја не станува збор. Нема потреба да читаме ниту студии за тоа. Јасно е како бел ден. Целиот народен суверенитет се делегира во системска машинерија, тн. хибриден режим, кој произведува системско зло изразено како репресија, уназадување, дегенерација, уништување, инверзија во скоро секоја област од општественото и приватното живеење.

Инверзијата на принципите и предусловите за човечко живеење е скоро комплетна. Спроведуваме системско гушење на слободата, вистината, човечноста – примарните човекови принципи, предуслов за човечки живот и основни карактеристики на цивилизирано општество. Ние сме соучесници во таа инверзија, одржувајќи го на власт темниот владетел на овој свет со неговата мизантропска свита. Со нашата слабост и незрелост, ние го бараме и му даваме легитимитет да го прави сето ѕверство што го гледаме наоколу. Избори по избори, власт по власт, генерација по генерација, во трка кон уништувањето и дното, се врти револуцијата, која како мелница за месо пред се` ги меле своите деца.

Оттука не изненадува, всушност е сосема логичен и очекуван нападот врз суштинските човечки концепти, за редефинирање на човекот со потиснување и бришење на неговите највозвишени карактеристики и институции, и негово претворање во нешто пониско, понесвесно, поаморално, попокорно, поапатично, посервилно, постерилно. Овој систем е во егзистенцијален судир со човекот и изгледа дека едниот мора да падне.

Во одбрана на неопходноста од систем базиран врз насилство, некој обично ќе возврати дека мора да има ваков систем, инаку кој ќе ги гради и одржува улиците? На тоа можам да се насмеам заради баналниот материјализам и неинформираноста. Или втора теза е дека човекот е расипан, па затоа мора друг човек со практично апсолутна моќ и никакви последици да спроведува тиранија врз другите, несфаќајќи ја длабоката противречност на позицијата во теорија и во пракса.

Истовремено го имаме единствениот вистински цар и господар, Исус Христос, под кој сме еднакви и слободни. Единствено останува да ја прифатиме личната одговорност, што ја носи слободата и директната врска со Бога. Одговорно да го носиме својот крст. Да излеземе од закржлавеноста и заостанатоста на адолесцентната фаза, во која вечно меѓу нас бараме старател да се грижи за нас макар и неправично, брутално и ѕверски, и да не` ослободи од нашата одговорност.

Доколку излеземе од инфантилноста, можеме да се доразвиеме во она што треба да бидеме – суверени луѓе, слободни и еднакви. Тоа или ќе го направиме сега, во догледно време, ќе станеме homo sapiens во полна смисла, свесни и совесни, или шансата ќе исчезне засекогаш. Односно човекот ќе влезе влезе во „новото нормално“ како бот homo machina, каде ќе ја комплетира својата дегенерација во несвесен, неинтелигентен, недуховен, неиндивидуален, неморален, физички инфериорен и контролиран како стока.

Сакаме да го користиме зборот цивилизација. Ни дава привид дека сме дел од нешто подобро, поизбањато, излезено од каменото доба, или дека со ова демек цивилизирано уредување напредуваме (прогресираме) кон нешто подобро. Во пракса гледаме и јасно е кон што регресираме. Веќе некое време забрзано и грозничаво не` туркаат кон некое грдо Ново Нормално. Не дека старото нормално е драстично подобро. И двете се базирани врз насилство, со тоа што кај „новото“ насилството е истовремено посеопшто и посуптилно. Со тоа јасно е дека сега немаме ни ц од цивилизација. Теоретски исто така. Цивилизација и систем заснован врз агресија е контрадикција во поим. Но, додека постои зрно човечко во нас, или Божјата искра, ќе постои идеја, визија и дух за цивилизација.

Кога ќе создадеме цивилен систем, со исклучиво ненасилни и слободни односи пред се` помеѓу помеѓу индивидуите и системот, при што по дефиниција човековите принципи на слобода, вистина и човечност се апсолутни, тогаш ќе можеме да се наречеме цивилизација.

Едноставноста на визијата во случајов е одраз на нејзината софистицираност. Не го прави она што не сакаш да ти го прават на тебе. Почитувај ги слободата, вистината, човечноста во општеството, доколку сакаш истите принципи да бидат применети и кон тебе. Но овој пат темелно и апсолутно, како што доликува за суштински принципи. Во ниту еден системски случај принципите не смеат да бидат компромитирани. Во односите помеѓу индивидуи нормално е да дојде до недоразбирање или одредена патологија, но и во тој случај принципите остануваат на сила. Односно оштетената индивидуа може да смета на слобода (самоодбрана), вистина(информирање на заедницата) и човечност(афирмативен однос), за да се разреши проблемот. Доколку се разбираат принципите, отскоскнува нивната елегантна едноставност и универзалност.

Сакаат да ни продаваат ново нормално наспротив старото. Но тоа е лажна спротивставеност, бидејќи целта на продавачите не е да победи едното или другото. Туку главната цел е засекогаш да се заборави и закопа вистинското нормално. Ниту старо, ниту ново, туку вистинско нормално, за цивилизиран човечки вид и општество. Со природен општествен ред базиран врз апсолутните човечки принципи. Со експоненцијалните придобивки и напредок кои ги носи човековата еманципација.

Инфлацијата, климатската агенда и земјоделието

Бомбардирањето со дезинформации се зголемува паралелно со зголемувањето на нападот врз човекот и општеството. Впрочем никој мирно не би прифатил вакво уништување, освен ако умот не му е темелно испран и одвоен од реалноста, а наполнет со лаги и измислици.

На темата со инфлацијата, земјоделието и климатските баба роги, ајде да бидеме малку пореални, да излеземе од стегите на разните политички климатски агенди кои го потопопуваат светов деновиве. Истите безмилосно ловат наивни и добронамерни умови во маглата која се шири.

Цените скокаат поради неколку директни причини:

1. Заради вештачката флуктуација на цената на енергенсите (војната и блокадата со Русија, попречување на производство и користење на јаглеродни горива, скапи и неефикасни алтернативни извори, манипулација на цените на ел. енергија и грабеж) и логистичките трошоци (ковид затворања, вештачки недостатоци-доцнења на репроматеријали, сега блокада на Црвено море, блокирање на Панамскиот канал),

2. Некадарни и предавнички влади во колузија со локалните трговски картели опортунистички ги цементираат високите цени и вештачки одржуваат висока инфлација и маржи. Тука спаѓаат повеќето производи од секојдневната потрошувачка кошничка, од млеко до лубеници. Поврзано со точка 5.

3. Директниот напад врз земјоделците од WEF-овските политичари ширум светот преку забраните за користење на ѓубриво, намалувањето на сточниот фонд и директното затворање на илјадници фарми (пример затворање на 3000 фарми во Холандија, втор најголем земјоделски извозник во светот). Впрочем овие налудничави мерки се главна причина за селанската буна ширум цела Европа.

4. Последниве неколку години најголемите светски производители и трговци на суровини бележат рекордни неколкукратно зголемени профити, во склад со агендата за инфлација, односно осиромашување на народот. Горниот графикон илустрира 4 пати зголемен кеш флоу кај секторот за производство на суровини за 2022 година (кога почна инфлацијата) во споредба со 2020. Во споредба со упросечена вредност за подолг период, стапката на зголемување е уште подрастична. Долниот графикон илустрира зголемување на профитите кај берзанските трговци на суровини во 2022 – годината кога започна трендот на зголемена инфлација.

5. Финансирање на инфлацијата од страна на институциите, наместо да се остави цените да се стабилизираат. Впрочем доколку народот малку го стегне ременот и помалку троши во согласност со превисоките цени, пазарот по автоматизам ќе ги намали цените. Ова е основниот принцип на формирање на цени според понуда и побарувачка, неопходен за добивање на 6-ка во прва година на Економски факултет. Знаејќи го сето ова, сите тие дипломирани економисти, го пумпаат народот со пари кои стануваат се побезвредни, за да со нив се финансираат трговците и да се одржи трендот на инфлација. Мерките со кои се постигнува ова се скалестото качување на цените, иронично наречено „замрзнување“, во спрега со разните форми на еднократна или спорадична социјална помош и зголемувањето на задолжителните минимални плати. Севкупно вештачкото зголемување на платите само има придонес во зголемувањето на инфлацијата, и во намалување на куповната моќ на народот. Која е користа од 500 евра минимална плата, доколку истата вреди како 250 евра од пред некоја година? Истовремено и заштедата на граѓаните е со преполовена вредност, односно купува дупло помалку производи. Во основа народот е осиромашен. Брутална иронија од страна на политичката елита и нејзините налогодавачи, кои додека го уништуваат народот, му се претставуваат како негови спасители.

6. Незапамтено криминално печатење на пари од страна на властите и централните банки, со што истите се обезвреднуваат, а стоките во споредба по автоматизам поскапуваат. Се разбира дека тие свежи пари внесени во промет се кредит кој народот треба да го враќа. Тоа дивеење со народните сметки, во кое политичките елити го презадолжуваат народот до степен на економски банкрот и хаос, го води светот до имплозија и фамозниот „голем ресет“, за кој мизантропските самонаречени елити тријат раце, додека бројни врвни финансиски експерти од опозициската австријска економска школа предупредуваат веќе со децении. Тоа е крајот на социјалистичкиот концепт на Кејнзијанска економија, со полуслободен (дефакто неслободен) регулиран пазар и неконтролирано печатење(фалсификување) на фиктивни пари за покривање на буџетски дефицити (расипништво и перење пари), кое го продаваат како напредок на економијата (скокнал БДП), а всушност го поткопува концептот на приватна сопственост, стандардот на граѓаните(откако ќе пристигне сметката), слободниот пазар, економскиот систем и целото општество.

(Edit 08.04.2025)

7. Модификување на временските услови и геоинженерингот веќе петта година ни носат зима во пролет, при што се нанесува огромна штета на земјоделието, особено на овошните насади, кои мрзнат и трпат долгорочни штети.


Можеби испуштам нешто, но ова би биле главните фактори. Поради нивната неверојатна истовремена „коинциденција“ и фактот што поединечно секој нанесува очигледна криминална штета која може да се избегне, севкупно укажуваат на свесно создавање на инфлација, осиромашување и огладнување на народот, и концентрирање на богатството и моќта во рацете на локален и глобален политичко-финансиски слој, кој е при врвот на пирамидата на овој систем во распаѓање.

Слободно додадете други причини или размислувања во коментарите подолу.

Бескомпромисност за апсолутните принципи е патот напред

Децении интензивно перење мозок и специјални операции против македонскиот народ, доведоа до комплетна инверзија на општествените вредности, во анти-вредности. Ова е светски тренд, но ние сме пионери и ветерани со докажани резултати.

Секој морон со звање и позиција, и особено неписмените лигуши кои гравитираат кон моќта, си мислат дека се некој, само затоа што некој ги доближил до центарот на моќ. За нив тој систем е се`, поголем и поважен од совеста и човечноста. Како верници во системот, ги губат свеста и совеста, карактеристиките кои од примитивен хоминид не` прават homo sapiens. Затоа и трендот на трансхуманизам и постхуманизам е тука, на таквите да им овозможи долготрајно дехуманизирано функционирање.

Пример за ова е начинот со кој ги агитираат и придобиваат полуписмените и мутавите кои се против шемата Курто-Мурто, а во основа се верници во истиот тој систем. Наместо принципиелно да поддржуваат политички опции во чиј прилог се фактите и совеста, ги манипулираат да направат непринципиелен компромис и да се приклонат кон моќта, добро финансираната политичка опција Левица, која од авион се гледа дека е нова национална Јуда коза (малоумниот и монструозен социјализам на страна), или ново ВМРО-ДПМНЕ, со свеж кредибилитет за доуништување на Македонија и македонците под странски диктат. Демек принципиелниот избор ќе бил залуден, глас отиден во ветер, а оној за Левица ќе ја донесе победата на македонската кауза, за која нема збор во програмата, туку напротив! За ова веќе пишував подетално тука: http://aleksandartasev.com/…/ochajno-spasitelski…/

За компромитиран идиот кој паѓа на ваква фора и си ги продава принципите, секогаш поприфатливо му е да го лажат отколку да ја прифати вистината. Таквиот заслужува се што ќе го снајде, кога револуцијата ќе почне да си ги јаде своите деца.

Ако сакаме да го сопреме опаѓањето, и да имаме надеж за наткревање, најпрво мора да се наткренеме интелектуално, морално и духовно. Со постепено компромитирање на принципите и вистината стигнуваме до дното. Принципот на постепеност (Gradualism) социјалистите со нивните антихумани идеи го користат уште од 19 век. За да се оттргнеме од тој постепен тренд на уништување треба бескомпромисно да почнеме да ја шириме и прифаќаме вистината. Да ги уважиме апсолутните суштински принципи: вистина, слобода, човечност. Единствено на тој начин ќе го сопреме градуализмот, ќе ги штитиме вредностите и ќе може да градиме вистински цивилизирано човечко општество врз здрава основа.

Деловите од нас кои се неисправни и метастазираат во темнината, ќе бидат осветлени и спалени од вистината, а на нивно место ќе дојде здраво ткиво. Само така ќе се преродиме најпрво како луѓе, а потоа и како народ.

Доколку сакаме да продолжиме како што сме тргнале, дехуманизирано без свест и совест, тогаш клипов подоле содржи поента која може малку да не`замисли. Се работи за ботовите од Блејд Ранер, врз кои се врши истребување од супериорни битија homo sapiens.