Инфлацијата и големиот ресет

https://novamakedonija.com.mk/ekonomija/svetskiot-cenoven-rolerkoster-ima-i-nagorni-no-i-nadolni-trendovi/

Написов е интересен најмногу заради тоа што се мистифицира и затскрива главната причина за порастот на цените. Се говори за „Феномен на нееластичност за цените на прехранбените стоки кога треба да се движат надолу“.

Не се работи за некаков несфатлив мистериозен феномен. Објаснувањето е едноставно ако се сака да се разбере и каже.

Никој не се осмелува да каже, а некои и не разбираат, дека не може да дојде до намалување на цените во услови на континуирано пумпање на инфлацијата од страна на државата преку нејзино сопствено и задолжување на населението и компаниите.

Кога ќе се скроти задолжувањето, ќе има услови за намалување на цени. Со постојаното пумпање на свежи (фиктивно и новосоздадени) пари од кредити (државни обврзници, кредити за недвижнини, итн), се зголемува количината на пари во оптек, што автоматски според економската теорија на понуда и побарувачка, повлекува нивно обезвреднување во однос на стоката која е на пазарот. Има повеќе пари кои се нудат за истата количина на достапна стока. Тоа е еднакво на зголемени цени.

Од ваквата пирамидална шема (да, целото општество и економија се сведени на тоа) излезот се две сценарија на банкрот. Едниот помал, другиот поголем со можност и за хиперинфлација.

Првото сценарио за излез е да се скроти стапката на задолжување со повисоки камати и услови за кредитирање, што ќе доведе до дефлација и пониски цени, но и до банкрот на презадолжените лица(држава, фирми, граѓани) бидејќи нема да можат да го рефинансираат долгот под новите отежнати услови. Нема да банкротираат лицата кои поодговорно управувале со парите и не учествувале во пирамидата. Тогаш конечно системот ќе се балансира, цените ќе паднат, а економски одговорните ќе дојдат на свое и нема да бидат потиснати од постојаната инфлација и вештачки надуваните конкуренти со кредити. На некој начин делумно ќе се врати вистинската економија и меритократија. Ќе просперира оној кој работи домаќински (економски), а не оној што е пумпан со кредити или честопати со коруптивни тендерски приходи кои потекнуваат од државата и нејзиното народно задолжување.

Второто е да се продолжи да се клоца лименката подолу по улицата, односно да се продолжи со растот на задолжувањето, кое удира во ѕид поради растот на каматата и главнината што треба да се врати во споредба со реалните достапни пари, што неминовно и математички води кон поголем банкрот на целото општество. Тоа се случува во моментот кога кредиторите(тие што даваат/печатат пари), губат доверба во способноста на кредитобарателот (државата во случајов), да го враќа долгот и не дозволуваат негово рефинансирање со нов долг. Веќе гледаме елементи што укажуваат на тоа со недостатокот на пари(кредити) за пензии, предлозите државни проекти да се финансираат од народни обврзници итн. Или со упорното зголемено печатење на пари се стигнува до хиперинфлација, која го јаде долгот но по цена која е фатална за општеството, уште повеќе од банкротот бидејќи сите пари и заштеди се обезвреднуваат скоро до нула.

Очигледно во ситуацијата се оди кон второто, односно кон поголем „ресет“. Да не се стопира растот на кредитирањето, корумпираните елементи на економијата да продолжат да бидат вештачки пумпани со кредити, банките и државата да бидат богови со целосна контрола врз тоа кој ќе живее а кој ќе пропаѓа, а кога ќе заврши музиката да го сменат системот во нов уште покорумпиран каде ќе продолжат со уште поголема контрола. Ова им одговара зошто политичките елити се примарни корисници на пумпањето на пари, бидејќи се први на ред на изворот, дали преку државни тендери или преку банкарско кредитирање кое свесни за играта обилно го користат. Со тие свежи и евтини пари политичките елити ги купуваат реалните физички ресурси и средства за производство, кои се вистинското богатство. За обичниот човек животот ќе поскапува, платата и заштедата ќе вредат драстично помалку и сето тоа до неиздржливо ниво и до личен банкрот. Со оваа опција се бетонира растот на нееднаквоста во општеството, односно паролата „ Ќе немате ништо и ќе бидете среќни“. Ресетот и незадоволството ќе го скротат со воведување на новиот дигитален затвор (дигитални пари, дигитално ИД, максимални ограничувања и контрола врз слободата и приватноста на поединецот). Самиот ресет и мерките за негово спроведување и контрола веќе се делумно имплементирани и проектот е во тек. Играта на музички столици е при крај, а изледа дека планот е народот да остане без столче. Тоа е моето предвидување, за кое би сакал да бидам демантиран и да не сум во право.

За причините за долгогодишната перманентна инфлација имам пишувано во повеќе детали уште во 2024-та:
http://aleksandartasev.com/2024/03/05/inflacijata-klimatskata-agenda-zemjodelieto/

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕНСКИОТ РАСПОРЕД НА ГОЛЕМИОТ РЕСЕТ

Претставувам проекција за економските и гео-политички случувања во соработка со АИ моделот на Google Gemini, базирани врз тековните трендови и академски трудови на темата. Претставено е само финалното сумарно прашање и одговор, а му претходи потемелна дебата, каде со АИ моделот се разработуваат основните фактори за состојбата, како што се:

  • Огромната должничка криза на државните обврзници на САД и други земји, која се соочува со банкрот/хиперинфлација за година-две,
  • масовното централизирано лансирање на АИ инфраструктурата со влијанието врз пазарот на труд и секундарните влијанија врз стандардот на живот, компаниите, економијата и државниот буџет,
  • исклучување на кешот, воведување на централизиран дигитален идентитет и програмабилни контролирани пари
  • енергетски и логистички кризи
  • воени кризи, милитаризација на индустријата, воена состојба,
  • дефлаторни фактори како депопулација, економска стагнација,
  • инфлаторни фактори како печатење пари, енергетски шокови и др.
  • социјални фактори како замор и скепса на народот за кризи и за системот,
  • елитистичкото залагање за големиот ресет и четвртата индустриска револуција, како механизми за контролирана имплозија на тековниот систем и транзиција во нов систем за поголема контрола врз населението,
  • агендите за климатски алармизам и деиндустријализација,
  • и друго…

Заклучоците се на линија со она што барем од 2020-та го предвидувам, и што многумина авторитети и анти-авторитети го најавуваат, па затоа никој не треба да биде изненаден. Но со оглед на сериозноста на настаните кои се во тек и кои доаѓаат треба да се биде подготвен. Човештвото е соочено со кризи и катастрофални промени со димензија која не е видена низ историјата, додека државата и надлежните системски институции грозничаво брзаат со спроведување на наложените агенди, а народот го замајуваат со циркуз.

Информациите се дадени многу концизно и сумарно, па доколку има прашања или потреба за дискусија со повеќе детали, можеме во коментари да појасниме.

Доколку има интерес може да претставам и други делови од дискусијата, како на пример колкави се веројатностите за предвидувањето да се оствари, или кои се начините за приватно или општествено испливување од катастрофата, и друго.