На бината имаше луѓе, учени со многу дипломи, кои ја спомнаа слободата, но само се користеше нејзиното име за да се промовираат неслободарски концепти, односно да ја предадеме нашата слобода на новото свето теле. Господин #З.
Се сеќавам и Груевски дојде на власт со еуфории од типот „Никола, Никола, Никола…!“. Денеска го слушнавме истото, само со друго име. Зарем уште сме толку глупави да бараме пак некој да не владее? А чуму? Што ќе ни донесе тоа и која е сметката?
Докажавме веќе немаме страв, но допрва треба да стекнеме СТАВ.
Имаше разочарувачки мал број на автентични транспаренти со пораки. Од 100.000 илјади луѓе дали вкупно петмина имаа некаква порака и барање што да биде со нас по падот на Груевски. Толку енергија без да канализира идеи!
Јас направив два транспаренти, со две пароли, зошто сакав да ја пренесам мојата идеја. Многумина сакаа да се сликаат со транспарентот и неколку возрасни луѓе кои ја разбраа неговата порака срдечно се израдуваа и дадоа поддршка. Меѓу моите омилени три пораки од протестот се и тие: