[МК] Патот од Македонија кон светот за иновативните технолошки стартапи

Денеска се одржа првиот ден од Форумот за иновации на ФИТР, на саемот Технома. Бев поканет да направам едночасовна презентација на последниот термин од распоредот, во 17:00.

Со оглед дека еден час е прилично многу време, одлучив да спакувам што можам повеќе од моето искуство во областа на развој и поддршка на иновации во Македонија и Балканот.
Презентацијата се состоеше од неколку делови:
  • Иновации во и од Македонија
  • Индустрија за ризичен капитал
  • Состојба на екосистемот во Македонија
  • Предуслови за стартапите со глобална визија
  • Можности на SuperFounders, Balkan Venture Forum
Целата презентација можете да ја погледате на Slideshare: