Најпрво два цитати од нацрт програмата на новата уште неродена влада, која деновиве беше преставена:
Алтер его – Доналд Трамп:
Алтер его – Доналд Трамп:
„Главен фокус ќе биде развојот на економијата и подигнувањето на животниот стандард на граѓаните“.
Алтер его – Карл Маркс:
„Владата има за цел постепено да внесува праведност во двата механизми за редистрибуција во економијата – даночниот и социјалниот систем… Целта на владата е обезбедување поголема праведност во даночниот систем, со намера да се врши корекција на неправедната распределба на доходот и општественото богатство.“
Програмата е достапна во целост тука.
Не можам да кажам дека сум изненаден и не ми е мерак да кажувам „Нели ти реков“. Целата кампања и шарена револуција беа безидејни, без суштински концепт за развојот на општеството, а полни само со гнев и негова манипулација. Треба да се има гнев, треба таа самоодбрамбена каписла. Но за добар исход треба да се има баланс. За баланс во ситуацијава недостигаше концепт за нова економија, култура и општествен договор. Токму поради таа суштинска маана толку тешко одеше процесот. А не дека е нешто ново. Tоа изостанува во ова осакатено општество откога памтам. Народот беше свесен за тој клучен недостаток и затоа не се мобилизираше и не вложи доволно енергија за брзо соборување на режимот. А каписла(причини за гнев) за таква енегрија и тоа како имаше. Но некој не сакаше да ја канализира низ квалитетна рамка, што би водело и до квалитетен резултат. Се сакаше да се оди низ контролиран хаос, да се заврши во контролиран хаос, односно во ваква контрадикторна владина програма. Народот поучен од минатото, како да намириса дека дека не може да очекува ништо добро при таква дупка во концептот. А сосема можно е појавување на нов режим, што само би го потврдило искуството од минатото.
Така како резултат на овој хаос пак ги добивме Заев и Али заедно со нивните кланови. Ги знаеме и сè е јасно. Освен брутален политички авторитет, немаат ништо што ги квалификува како лидери кои со личен пример би воделе маса народ кон подобра економија и општествена култура. Да можеле да се бават со продуктивна дејност која не ги загрозува слободите на другите, би се бавеле со тоа. Затоа ги бива за владетели врз другите, со бруталната моќ на државниот апарат да остваруваат лична корист и замисли. Исто како што го биваше Грујо. Од нив не може да се бара ниту да се очекува нешто друго. Затоа таква е и програмата, аматерски склепана во последен момент, од луѓе кои се далеку од врвот на човековиот потенцијал во Македонија, а камо ли во светот. Истата е контрадикторна пред се заради силниот марксистички призвук, разбирливо нели, за да се задоволиат елитистичките шампањ-социјалистички богови.
Контрадикторно и апсурдно е продавањето на економски развој, удавен во мерки низ кои провејува марксистички дух. Тоа е тоталитарен дух кој претендира на самоумислен морален авторитет со надчовечко право за делење суд и вршење неограничена агресија врз политичката и економска слобода на другите. Не знам дали Господ или Карл Маркс како авет им дале морално алиби и право на Заев и компанија дека крадењето од продуктивните и „редистрибуција“ кон растечката непродуктивна гласачка армија, треба да го пласираат како морална вредност!? По која ли теорија утврдиле дека таква економски анти-либерална мерка е рецептот за развој на економијата? Моја проценка е дека со социјалистички, т.е. економски не-либерални политики, ќе продолжи тонењето на општеството, одливот на мозоци, културолошката деградација. Ваквиот пристап наговестува дека трендот на слепило во однос на вистинските реформи продолжува и дека паузата во криминалите на власта ќе биде кратка.
Не може да очекуваме економска ренесанса при комунистички/колективистички дух. Мора поединецот да е мотивиран, инспириран, слободен креативно да располага со својот ум, тело и сопствености, и да создава добра за кои е одговорен и заслужен. Со подривањето на културата на индивидуална одговорност, заслуга и сопственост, се подрива моторот на економијата. Механичките интервенции во пазарот, како ситни грантови, или уште полошо директни инвестиции на државата во компании(како содружник), се трагикомични. Особено кога претприемничката индивидуалистичка слобода и култура се гази со регресивни комунистички идеи. Доколку сакаа олигархиските моќници да видат промени изразени со економски развој и културолошка ренесанса, ќе беше доволно да им се тргнат од патот на претприемачите, инженерите и останатите креатори.
Вака мерките пак ќе се сведат на континуиран ПР на владата и партијата, узурпирање на јавното внимание и енергијата на општеството, мешање во (не)слободниот пазар, што ни гарантира економски и културолошки status quo.

Марксистичката реторика во предлог програмата („редистрибуција“, „праведност“, „распределба“, „општествено богатство“) е порака до претприемачите. Она што го создавате со своја крв, пот и жртви, не е ваше, туку му припаѓа на марксистичкиот свештеник, кој со полн морален авторитет(небаре како христијански или марксистички Бог) го распределува по свое убедување. Од друга страна крвавите пари на политичарите, кои се слевале и веројатно ќе продолжат да се слеваат во далечни егзотични места како Панама и Белизе, нема да бидат допрени од „праведната“ распределба на марксистичкиот свештеник. А можеби и во тоа е поентата.
Едно е сигурно, во реденката им дојде ред на другите. А лесно може да испадне дека главната(позадинска) замисла за „редистрибуцијата“ воглавно била во насока кон сметките на старо-новите политички моќници.