Кај надежните млади тоталитаристи провејува митот за скандинавскиот социјализам, без да се има свест дека истиот постои единствено благодарение на успехот на скандинавскиот капитализам. Лесно забораваат дека социјализмот бил кобен, демоциден, во сите држави каде неговиот материјализам и паразитизам целосно ја исекол гранката на која седи – слободниот пазар и слободата на индивидуата.
Последен пример Венецуела.
Не е потребно, ама ќе потсетам дека Македонија нема реален сектор, капитализам, слободен пазар, слобода на индивидуата, независна креативна култура. А тие скандинавски социјализам ќе граделе. Каде сте Македончиња? Каде сте, кај отидовте?
Кога идеологизирани и заблудени дечишта , без допир со реалниот свет и реалниот сектор, се докопуваат до насилната моќ на државата, лесно може да се повтори играчка-плачка.
Важно гас до даска, идеологија и ПР идат со 200 на саат.
#ИдеЖивот
П.С. Малку е глупавко Македонија да се споредува со полуостров… ама пуста идеологија им го испила мозокот.
П.П.П.С. Македонија – Скандинавија на Балканот! И јас сакам од тоа што го земаат! 😂