ова не е self fulfilling prophecy, туку имаше некои кои беа во право дека фали вистинска идеја и платформа.— Aleksandar Tasev (@alektasev) July 21, 2016
Епа како си пославте, така си легнавте. Единствена цел беше и остана голата моќ. Се немаше идеја, концепт, и уште се нема. Како резерва им остана само изветвениот и застрашувачки тоталитарен дух на социјализмот, кој им е близок од претходната генерација, но и од удобните шампањ-социјалистички невладини кружоци. “Beggars can’t be choosers.” Ќе се тера со тоа што се има.
Во тоа идеолошко мочуриште нововработените твитерашки ПР експерти мака ќе мачат да склепаат за новата влада еден силен мобилизирачки наратив, една свежа идеја што држи вода. Во таква идејна и културолошка провалија, неизбежно ќе се бламираат со синтагми во дијапазонот од излитено – „Борбата продолжува“, до гротескно издрогирано – „Скандинавија на Балканот“.
Неминовно е таквото владеење, освен на стандардното масовно крадење, да се сведе на мизерно покривање на неуспесите со „Грујо поарен да не беше“, исто како што ВМРО десет години го користеше Бранко како смоквин лист. ВМРО е новото Бранко.
Мислам дека овој пат нема да успее истата финта за повеќе од еден мандат. Преблиску е минатото и пресвежи се сеќавањата. Само свеж и квалитетен концепт може да не тргне од ова „дно дна“.
Не им е лесна работава и ги жалам ПР твитерџииве. Треба да шминкаат искубана кокошка.
А ќе треба да ги жалиме и „човечињата“ кои својата судбина повторно ја дадоа во залог на демагози пред сé жедни за насилна моќ.