Ниска е секоја цена на слободата

Од филмот „The Passion of Christ“

Среде овој паднат свет влегуваме во Велгиденските празници. Како да настапи привремено примирје на војната помеѓу светлината и темнината. Па некако спонтано Велигденскиот свет дух ни го подзема битието и не` поткрева духовно. Барем на некој ден со златна светлина ја прекриваме темнината, која веќе година дена кулминира низ светот. Во таков пријатен празничен амбиент, крадам слободен и опуштен миг за да ви пренесам мои мотивациски и се надевам реални мисли. Се надевам дека и ти драг читателу си барем на такво духовно место каде што моите зборови ќе резонираат кај тебе.

Велигден го доживувам како огледало на верата, пред се` верба во себе како достоен човек, во полна смисла на зборот човек. А за тоа има многу што да се зборува, но за тоа подоцна. Празников за вистински духовните е време на интроспекција, на полагање духовна сметка, колку сме блиску или далеку од човековиот идеал – Исус. На сличен начин низ овој период на Јованово Откровение и глобално страдање, за целото човештво неизбежно станува време за истото. Епа до каде сме браќа и сестри и што вели сметката за секого поединечно и сите заедно? Одговорот на ова прашање мислам дека ќе не` донесе поблиску до одговорот на она што периодов сите не` копка и гори во нас, односно како понатаму, што после ова Велигденско примирје, каде е спасот и слободата?

Но, да се вратиме на почетокот. До каде сме? Можеби една проста илустрација ќе даде брз вовед во дискусијата по ова прашање. Една слика илјада зборови.

Овие настани, освен последниот кој ми е симпатичен показател дека може народот да се крене ако сака, се одземање на индивидуалната и колективната слобода и суверенитет, додека ние во голем дел спиевме, а некој од нас и соучествуваше на спротивната страна макар и со кукавичко молчење. Секој од тие настани за нормален човек(велам човек во полна смисла на зборот) би претставувал црвена линија, односно доволна причина за беспоштедна и бескомпромисна индивидуална и народна револуција до ослободување. Но ние го имаме изгубено човечкото во нас, особено машкиот принцип на самоодбрана, па дозволуваме да не` газат и понижуваат, обесчовечуваат. Божем ќе ја одложиме битката за преживување за некој друг посветол и поубав ден. Всушност битката е секој ден, а ние бевме кукавици, се мразевме себе, се потценувавме, ги потценувавме браќата и сестрите, го креиравме митот за македончето, игравме за другата страна(!), не живеевме достојни на човечкото, камо ли на човечкиот идеал Исус. Па така спиевме и тоневме се` подлабоко и подлабоко.

Одредена вина носиме секој индивидуално и сите заедно за губењето, односно предавањето на скоро целокупната своја човекова слобода. Интересно во приказнава е што можеби ние како македонски народ по системска репресија од империјата бевме своевиден глобален пионер, пилот проект, но во ова време судбински скоро не` стигнаа сите народи на светот. Сите заедно, целото човештво, сме под чизмата на темнината. И тоа треба особено нам Македонците треба да ни дава поголема верба и импулс. Мора да сме правеле или да сме нешто вредно и исправно, штом толку време и ресурси на нас се потрошени од страна на темнината, та сега сме практично ветерани во однос на другите народи. Не е нешто ново да имаме историска воена или духовна одговорност во борбата против светската империја.

Засега она што ни преостанува од слободата е многу малку, но и тоа е доволно како жарче да распламти и да не врати на нашето праведно место, како свесен, совесен, слободен и суверен човек – хомо сапиенс. Но која е таа слобода, што толку ни ја бараат и одземаат? Што всушност ни одземаат? Ако се согласиме дека човекот поседува вродена слобода да живее според своите вродени карактеристики и според нив да го исполнува својот потенцијал, тогаш тоа значи по своја слободна волја суверено да располага со своето тело, ум и сопствености. Бидејќи таа е вродена, и претставува мерката во која човек е човек, со губењето на слободата се губиме себе си комплетно. Таа е слободата што ни ја одземаат, односно наши браќа и сестри своеволно ја предаваат сопствената и во име на други бесправно ја предаваат и туѓата слобода. Без ова меѓучовечко братско предавство агендата на темнината не би можела да фати тло.

Не само верски и рационално-етички, туку и правно слободата е признаена како апсолутна основа на човештвото. На пример, во член 2 од уставот на РМ не случајно се вели:
Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.
Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.


Дури и правниците знаат дека суверенитетот и слободата се вродени и потекнуваат од човекот.

Од филмот 1984-та, според истоимената книга на Орвел.

Ако слободата е нераскинлив дел од човека, односно мерка за човечноста, тогаш што останува од него ако остане без неа и тој го прифати тоа? Тогаш, световно кажано ја губи свеста и совеста, а духовно кажано го губи светиот дух, со што престанува да биде свесен(sapiens) човек и постанува механичка лушпа, робот интегриран и алгоритамски контролиран од ѕверскиот технолошки систем за контрола. Трансхуманизам и технократија, токму така.

Земјата на злото Мордор – од „Господарот на прстените“

Преку губењето на својата слобода и преку соучесништвото во одземањето на туѓата слобода макар и со кукавичка пасивност, стигнати сме до предавање на човечноста, обесчовечување, себе-поганење поединечно и колективно. Велам предавање, бидејќи се работи за себе-предавство, без кое што сегашното тонење и темнина би биле невозможни. Човештвото и секој поединец треба да се самоуништи, односно да го прифати своето уништување за светлината да се задуши и да зацарува темнината.

Но, исходот е истовремено и индивидуален и колективен. Односно секој е одговорен и може да се спаси себеси и најблиските, со самото бескомпромисно постоење како човек во идеалот на Исус, до самиот крај каков и да бил тој. Доколку некој индивидуално има потонато во темнината и е одговорен за уништувањето на други, и за него има спас доколку со отворено срце и душа искрено се покае, и продолжи да постои како човек во идеалот на Исус. Секој ваков позитивен пример има огромно влијание врз другите. Едноставно блеска со светлина што широко наоколу ја растерува темнината. Заради таквата моќ на примерот ни ги гаснат најдобрите. Но ние сме многубројни и ќе ја осветлиме и истребиме темнината пред таа да не` згасне.

Затоа драг читателу, биди човек и блескај во вистината на своето постоење како човек. Немој да бидеш измамен во себе-потценување, себе-омраза, себе-поганење и самоуништување под било какво оправдување, бенефиции, сребреници. Таквото себемразење потоа го проектираме кон другите и нив ги обесчовечуваме и уништуваме. Тоа е кругот на самоуништувањето на човештвото. Прекини го. Ти можеш добро и подобро. Сакај се себе си како човек, уважи се со сета своја вредност, моќ и потенцијал да живееш слободно и креативно во братство со другите. Сакај го истото и за другите и сакај ги нив. Биди достоен човек, во полната смисла на зборот. Тоа е човекот и човековата цивилизација. Немој оваа сегашна зла империја и анти-цивилизација која го поробува и обесчовечува човекот да ја мешаш со природата на човекот.

Слободата, односно човечноста е прашање на одлука. Одлука со која одбираме дали сме се` што можеме да бидеме сега и во вечноста, или сме ништо макар тоа ништо било обвиткано во украсен целофан. Мислиш светликавите предметчиња ќе можеш да ги уживаш долго време во темнината? Мислиш дека покорен и обесчовечен ќе ги избегнеш брановите на депопулација на човештвото? Револуцијата ги прождира своите деца, и како деца на темнината сите обесчовечени ќе бидат проголтани од неа.

Затоа не се мами. Одлучи, ако е потребно покај се, ќе бидеш прифатен и сам ќе се прифатиш како човек. Како човек се имаш себе, ги имаш другите, имаш допир со Креацијата, со Бога и вечноста. Како поробен бот во технократска тиранија имаш само темен амбис, живееш лажно и празно, а умираш грозничаво и вечно.
Можеби сега е најреално историското
СЛОБОДА ИЛИ СМРТ.

Можеш гордо и со блажена душа да ја продолжиш борбата како човек, светилник за другите. Секој ден, секоја битка е како последна и одекнува во вечноста. Целото Создание и Создателот е со тебе.

Со тоа што си, веќе си победил.

Среќен Велигден. Христос Воскресна! Навистина Воскресна!