Да знаеш е да знаеш дека не знаеш ништо

Во време на демистификација на најголемите светски завери, а довчерашни теории, на повеќето од разбудените кои се со добра намера, границaта на разбирањето на ситуацијава им е дека постои НЕШТО кое е директна закана по нив и човештвото. Свесноста околу тоа КОЈ, ШТО, КАКО или пак ЗОШТО е минимална или непостоечка. Но затоа пак себезалажувањето е на високо ниво. Крив бил СДС, ДПНЕ, ДУИ, Америка, Бил Гејтс, евреите, лакоми бизнисмени и корпорации, и останати полувистини или целосни заблуди. За тоа време главните конспиратори тријат раце, а полуразбудените лаат додека заверата си врви.

Како што полека им станува јасно на многумина, недостатокот на свесност, која е клучна одлика на човекот homo sapiens, е најголемиот проблем на денешницата. Проблемот е толку голем што повеќемината не можат да си ја претстават неговата големина и затоа не можат да се проценат себе си, своето знаење и реалноста. Како такви не се способни да дадат сериозен интелектуален или духовен придонес за отстранување на гореспоменатата закана. Свесноста, односно вистината, како клучен фактор на човечкото интелектуално, духовно и физичко живеење и преживување, во ова кризно време е под најголем напад, што ни кажува каде треба да биде најмногу насочено нашето внимание за да одговориме на предизвикот.

Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори.

Ефесјаните 6:12

А предизвикот е огромен и сложен, најсложен. При таков предизвик мораме да го даваме нашето најдобро и истовремено скромно да се прашуваме дали е тоа доволно добро, за да имаме минимална шанса за спас и победа. Макар тоа наше најдобро било само беспоштедно да трагаме по вистината, да се дообразуваме, да се преиспитуваме дали сме доволно свесни, и на другите да им помагаме во истото.

За таа цел потребно е постојано да ја вреднуваме вистината и реално да се проценуваме себе си и другите во однос на неа.