Големото откровение

Феноменот Данинг-Кругер

Во тековниот период на засилена информативна инверзија се потенцира феноменот на Данинг-Кругер. Се работи за несвесност за сопственото непознавање на различни аспекти од реалноста. Таквата заблуденост е изразена во сите сфери на општеството, колку повисоко во системската хиерархија толку повеќе, и со поужасни последици кон животите на луѓето. Она што морално шокира е незаинтересираноста на добар дел од носителите на овој феномен да се соочат со истиот, со можноста да бидат подобри луѓе.

Феноменот се јавува во две основни форми, апсолутна и парцијална. Апсолутната форма значи тотална ботовско-папагалска покорност на лажните идеолошки основи и дневни информации на системот.

Кон оваа форма припаѓаат 30% комплетно хипнотизирани и добар дел од 40% проценти опортунистички хипнотизирани клиентелисти на системот, според категоризацијата на масите формирани со психоза дадена од проф. д-р. Матијас Десмет. Тука ќе ги вброиме повеќемината паметно-глупави, квази-интелектуалци, кариеристички полтрони, како и повеќето академско-професионални звања и титули во рамки на системот.

Другата форма е изразена како недоразбуденост и парцијална ботовска покорност на дел од истите лажни идеологии. За некои ќе биде изненадување што тука припаѓа голем дел од 30% кои му се опираат на системот и не се дел од хипнотизираната маса, според категоризацијата на проф. д-р. Десмет.

Меѓу припадниците на втората форма на Dunning-Kruger феноменот ќе се најдат оние кои уште негуваат една или повеќе од системските инверзни идеологии: социјализам/комунизам/марксизам, веганизам, климатски промени/Малтузијанизам, трансхуманизам, дигитална трансформација, критичка теорија (расна, полова/родова, сексуална, итн), екуменизам, медицински фашизам, неоколонијализам, анти-економски Кејнзијанизам и модерна монетарна теорија, етатизмот во демократска варијанта како *делегиран* монопол на насилство на владетелите, и други глупави идеи кои се поддржани од моќта.

Споменатата дистинкција помеѓу двете форми на Данинг-Кругер е интересна дотолку повеќе што вторите мислат дека се борат против системот, додека суштински сеуште го поддржуваат во другите негови аспекти.

Растур систем

Се работи за голема матрица од лаги, која не е лесно да се заобиколи бидејќи е агресивно наметната во скоро секој сегмент на општеството. Затоа е разбирливо што многумина целосно или парцијално биле заведени. Исто како што е високо доблесно освестувањето и покајувањето, што човечки и христијански мора да биде простено.

Заедничкото на системските лажни идеологии е што се спротивни на трите основи на човечката реалност: вистината, слободата и самото постоење на човекот homo sapiens.

Всушност ова може да се користи како тест за препознавање на карактерот на одредена идеологија. Доколку на било кој начин ги негира вистината, слободата или човекот homo sapiens, карактерот и` е противчовечки, протвприроден и во основа богоборечки. Тоа е инфилтрација и корупција од спротивната страна, која секогаш во основа може да се сведе на суштинска контрадикција.

Контрадикторноста ја доловува и суштината на оваа дискусија – систем во распаѓање кој е базиран на низа инверзни измамнички идеолошко-информативни искривувања на реалноста, од нејзината метафизика до секојдневните настани.

Тоа поткопување и инверзија е во основа егзистенцијална контрадикција или себе-негација, која резултира со анти-систем, или анти-цивилизација. Како таков системот своите припадници заедно со себе ги носи во провалија, по урнек на марксистичка револуција.

Насочен од своите егзистенцијални контрадикции, системот ита кон ултимативен судар со природата и самиот човек како дел од неа.

При сударот на несопирлива сила(системот) во фиксен објект(природата), кога силата хиерархиски му е подредена на објектот (системот физички и логички и` е подреден на природата и креацијата), очигледниот исход е автодеструкција, односно силата да се распрсне во ништожност. Колку повеќе таквиот исход е извесен, толку системот во очај зема поголем залет и ги ескалира своите влогови, како на пример влогот во инверзијата.

Откровението

Како што се засилува неговата инверзија, системот-ѕвер се` повеќе се соголува заедно со целата негова пирамидална хиерархија на лажни авторитети од идеологии, личности и институции. Следствено сведоци сме на бран од индивидуални будења и просветлувања, кои се лимитирани единствено од индивидуалниот капацитет, лимит дефиниран повеќе со немањето на срце отколку на ум. Лимитациите се опфатени во Dunning-Kruger феноменот спомнат погоре.

Разврската на овој судар ќе биде комплетна и човекот ќе може слободен да чекори во целиот свој потенцијал кога ќе исчезнат трагите на илузиите, односно реалноста целосно ќе биде откриена и прифатена од мнозинството.

Колку поскоро го прифаќаме ова откровение во себе, односно ги елиминираме подметнатите идеолошко-духовни инверзии, толку побрзо и побезболно ќе се случи ослободувањето. Старите заблуди мора да изгорат за од нивната пепел да се роди слободен човек – односно човек во полната смисла на зборот, кој може да ја донесе и поднесе вистинската човекова цивилизација.

Јасно е дека колку е поголема заблуденоста и личните бенефиции од истата, толку соочувањето со неа е потешко. Затоа покрај бескомпромисниот интелект, за тоа најмногу е потребно големо срце.

Откровението што го зафаќа светот не чека на никого, туку гази безмилосно. Го чисти житото од коровот. Тоа неизбежно предизвикува индивидуални откровенија кај секого, но клучот е дали тоа се случува навремено или предоцна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *