Галопирачкиот „напредок“ кон амбисот

Инфомакс

Благодарение на „европските вредности и процеси“ имплементирани по брза постапка од нивните локални војници преку закон со „европско знаменце“, ако се` им помине како што замислиле, за кратко време ќе можете официјално да се изјасните не само како припадник на спротивниот пол, туку на некој од десетиците постхумани или трансхумани “родови“ кои се измислeни минативе неколку години. А со бесплатното ЕУ здравство верувам наскоро ќе ви овозможат и физички да личите на креатурата што сте ја измислиле. Каков прогрес, каков напредок! Но кон што?

Сарказмот на страна, не верувам дека најголемиот број луѓе во невладините и политичките институции кои го туркаат ова воопшто се свесни за несаканите последици на она што го прават. Сепак се работи за максимално девијантна и лукава агенда, во која информациите и активностите се организирани во компартментализирана моќна хиерархија. Но за доброто на сите треба што повеќе да бидеме запознаени со позадината и значењето на она што неслучајно ни се случува во ова време на организирано „големо ресетирање“ (читај уништување) на светот и човекот.

Ајде да навлеземе подлабоко во скриените причини за состојбава и насоката во која се движи. Тука можеби не треба да изненадува доколку суштината на ваква важна и фундаментално извитоперена состојба се крие во основното толкување на метафизиката на реалноста, односно во нејзиното искривено толкување преточено во катастрофални идеологии и државни алатки за присила.

Да нурнеме во сржта на проблемот. Реалноста, која знаеме дека има дуална идејно-материјална природа, од метафизички аспект обично се толкува на два основни и спротивставени начини: идеалистички и материјалистички. Само едниот од нив е валиден. Притоа разбирливо е дека систематската и присилна имплементација на погрешниот пристап за толкување на реалноста би довела до катастрофа на човековиот вид и неговото општество, токму онаква на чија ескалација сме сведоци со секој изминат ден последниве години. Ќе видиме како преку погрешната метафизика стигнавме до тука, каде не` води тоа, а каде би можеле да бидеме ако се насочиме исправно.

Идеализмот подразбира примарност на идејната основа на реалноста, пред материјалната страна која не ја исклучува туку ја афирмира но само како секундарна. По дефиниција овој светоглед ги афирмира клучните принципи на човекот и неговата цивилизација кои ја отсликуваат идејната основа на човечноста – сапиентноста (свеста и совеста): хуманизам, апсолутна и суверена човекова слобода, слободна волја, рационализам, објективна вистина и слично. Идеализмот го уважува постоењето на материјалноста, односно на она што *постои*, како дел од дуалната и објективна реалност. Оттука со ваквиот афирмативен меѓуоднос на идеите и материјалното, природно и логично доаѓа афирмацијата на споменатите хуманистички принципи.

Овој светоглед е манифестиран преку модернизмот, ренесансата и просветителството, кои се најпрогресивните хуманистички цивилизациски движења во поновата историја, а е вграден и во основата на западната класично-либерална христијанска цивилизација која евидентно и неслучајно периодов доживува колапс.

Сходно на идеалистичкиот светоглед, поврзано со темава произлегува дека индивидуално секој може со себе да прави што сака, се` додека ја почитува истата таква слобода на другите, односно го запазува принципот на рамноправност. Истовремено идеализмот со примат на идеите но со афирмација и на материјалното кое постои, значи и дека никој, ниту државата како нелегитимен монопол на насилство, не смее да врши агресија врз индивидуата или народот по пат на вештачка или било каква редефиниција на биолошкото или социолошко постоење на она што значи човек, бидејќи тоа би значело комплетно негирање на реалноста и влегување во патолошка илузија. Да потенцираме, кај идеализмот идеите се примарни, но истовремено во контекст на интегралната идејно-физичка реалност тие се дел од неа само доколку се во релација со физичката реалност. Едноставно речено, не треба премногу да се забегува, особено не кон екстреми како агресија, системска или инаква. Во однос на индивидуалната слобода, сите знаеме дека огромното мнозинство луѓе на индивидуално ниво го прифаќаат либералниот принцип во неговите реални физички рамки.

Но, тогаш од каде доаѓа антагонизацијата, предрасудите и клеветењето кон истото тоа мнозинство, наметнатите поделби и фрикција во општеството од страна на платени активистички групи и медиуми, кои потоа манипулативно се користат како причина за катастрофално контрадикторни и апсурдни законски (присилни) решенија? Да го побараме одговорот во спротивниот светоглед, оној за материјалистичко толкување на реалноста.

Од друга страна, материјализмот e идеологијата која ja детерминира природната реалност и човекот исклучиво низ призмата на моменталната физичка состојба, отфрлајќи го идејниот темел на природната реалност (вклучително човекот како дел од неа) а со тоа и хуманизмот, индивидуалната слобода, креативноста, рационалноста, објективната вистина, и останати клучни општествени придобивки како социо-економската мобилност, итн. Според материјализмот човековата состојба е исклучиво резултат на физичкиот сплет на околности, и таа може да биде променета исклучиво по физички/материјален пат, кој по дефиниција подразбира примена на физичка сила на индивидуално или колективно ниво, експропријација, редистрибуција и слично. Притоа материјализмот, како парцијален поглед на реалноста отфрлајќи ја идејната компонента, целосно ја негира идејата манифестирана како човекова свест, објективна вистина, рационалност, креативност, како начин за економско/социјална мобилност или напредок на општеството. Накратко, ја негира сржта на човековиот вид, неговата сапиентност.

Идејата во рамки на материјализмот единствено наоѓа место како лицемерно злоупотребена, празна и первертирана реторика, по принципот на „целта ги оправдува средствата“. Така идејата исклучиво се користи како алатка во форма на инверзно извитоперена идеологија за индоктринација и оправдување на физичката системска или индивидуална агресија. Соодветно на таквата малициозна намера и недостатокот од добра волја, се наметнува агресивен наратив, без желба за рационална дебата со соговорникот и пронаоѓање на вистината, т.е. најдобрата идеја.

Со материјализмот во пакет одат неговите агресивни идеолошки изданоци во различни сфери како што се марксизмот („дијалектички материјализам“) во економијата, културата и политиката, постмодернизмот во уметноста и филозофијата, и критичката теорија (која го редуцира светот на угнетувачи и жртви) во разни сфери (раса, пол/род, право, физички изглед, телесна маса, итн).

Ваквата материјалистичка матрица значи негација и разурнување на темелите на човекот и општеството, кои се очигледен емпириски резултат на погоре споменатите идеологии. Притоа во материјалистички контекст логично и природно е што основната алатка со која се спроведува разурнувањето е физичката агресија/присила кон индивидуата преку моќта на државата, секако маркетиншки правдана со горенаведената лажна идеологија како алатка.

Мој табеларен приказ на асоцијацијата помеѓу политичките филозофии и метафизичките гледишта.

Конретно во врска со проблемот најрелевантна е Критичката теорија (КТ), која светот го критикува и редуцира на односи помеѓу маргинализирани жртви и мнозински репресори, и тоа од повеќе аспекти: раса, пол, род, возраст, физички изглед, дебелина/обезност, итн. Па така постојат нејзините изданоци – расна и родова критичка теорија и тн. Во суштина КТ се залага за редефинирање/уништување на општествените темели и превземање на моќта во општеството по материјалистички терк (присилен пат преку лажна индоктринација и државна присила), што во типичен марксистичко-материјалистички револуционерен манир резултира со уништување на сите учесници, и на условно репресираните жртви на кои наводно им помага, и на условно репресивното мнозинство против кое директно се бори.

“…like Saturn, the Revolution devours its children…”

– Jacques Mallet du Pan

Затоа јас лично сум апсолутно против секаква агресија, особено кога е системска, и особено кога значи системска патологизација со примеси на мизантропија како во случајов кога е нападната биолошката, интелектуална и духовна суштина на homo sapiens. Односно во случајов се работи за постапно бришење на homo sapiens со своите природни карактеристики со напади од повеќе страни: квазинаука, држава-право, медицина, дигитална технологија, економија, семејство, личен идентитет итн.

Притоа неслучајно како глобален феномен/агенда паралелно се промовира човекова деволуција во стерилен андрогин трансхуман/постхуман homo machina, како што би го нарекол новиот хуманоиден вид со намалена индивидуална свест и совест а со променет организам. Таквиот процес го популаризира глобалната тоталитарна елита на финансиски и династички олигарси, нарцисоидни полубогови, репресори на вистината, затемнувачи на сонцето(буквално), социјални инженери, малтузијанци и еугеничари, борци против природата и животниот циклус, трагачи по бесмртноста, односно транс(пост)хуманисти, конспиратори на многу реалниот „голем ресет“. Таквата група интелектуално е предводена од јавни експоненти како Клаус Шваб, Јувал Харари, Реј Курцвајл, Бил Гејтс, Џорџ Сорос во беспрекорна координација редица други елитистички милијардери, политичари, аристократи и режимски селебритија. Се сеќаваме на нивните ботовски координирани забегани мантри како „новото нормално“ и “6uild 6ack 6etter” кои сите тие одеднаш како папагали истовремено почнаа да ги кажуваат низ целиот свет. Релативизацијата на физичкото постоење на homo sapiens e клучен дел од тоа налудничаво ново нормално. И не само од полов/родов аспект. На пример, сетете се на бомбастичниот дистописки проект Metaverse кој агресивно се промовираше иако никој не го побара, преку кој се наметнува илузорен човечки живот во виртуелна реалност со минимизирано физичко постоење.

Затоа оваа материјалистичка матрица, која врши уништување на човековата реалност преку нејзин физички неодржлив расцеп меѓу идејното и материјалното, доколку биде системски имплементирана, како што се тргнало, според инфраструктурата и процесите кои се веќе ставени во погон, би значела крај на човековиот вид, а се разбира последично и на неговото општество. Ни помалку, ни повеќе.

Од друга страна, работата е далеку од безизлезна. Се` што е потребно за стопирање на деструктивниот процес и рефокусирање кон афирмација на човекот и цивилизацијата е помасовно восприемање на природниот, вистинит, реален, рационален, слободарски и истовремено хуманистички светоглед.

Лесното застранување од правиот и тесен пат

“Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.”

Матеј 7:14

Периодов оваа вистина уште посилно се потврдува. При тековната ескалација на лагата и сето зло што ја следи, особено се предизвикани на искушение оние кои барем делумно ја прозреле и се трудат да останат на правиот но тесен пат.


За жал, многумина од нив застрануваат и пропаѓаат во својот стремеж, како жртва на сопствената некомплетност и умствено-духовна себе-ограниченост, која ги спречува точно да ја восприемат целата реалност.

Сега кога се двојат козите од овците, пред нас често се исправаат прашања од различни сфери, секое со суштинска важност околу тоа дали сме на правиот пат. При овие предизвици доволно е една лага да го пробие филтерот на разумот и да навлезе во светогледот за битието комплетно да се корумпира и асимилира во спротивната страна, без разлика на минатиот труд и просветленост во една парцијална сфера. На тој начин неизбежно се` повеќе се намалува бројот на исправни и достојни.

Затоа се вели „ѓаволот е во деталите“.

Во ова време кога грешките стануваат се` поскапи, за останување на тесниот прав пат потребно е целосно разбирање, или барем внимателност и отвореност кои се добиваат со свесноста за недостатокот на целосното разбирање.

Просто речено, чувајте се од нереална самобендисаност, ограниченост и нарцисоидност. Знаењето е достапно, понудено и на дофат, само треба да се посегне по него, или барем да не се одбива. Бидете внимателни и будни, со скромно, отворено и чисто срце како на дете, учејќи секој ден.