Кај ќе ви е крајот во „големиот ресет“? Ќе ви кажам.

Имам едно прашање до залетаните и блажено игнорантни правни и физички лица кои се надеваат дека како подгузна мува ќе продолжат да се возат во анусот на системот и по „големиот ресет“.

Доколку комерцијалните банки бидат истиснати од пазарот од страна на централните банки, како што се планира и интензивно имплементира со новите дигитални валути контролирани директно со комерцијални сметки во централните банки, што мислите дека ќе им се случи на останатите бизниси или службеници кои се далеку пониско во пирамидата на моќта од банките и банкарите? Колку ќе му биде тешко на централизираниот дигитален систем да ги „ресетира“ и замени работните места, но и цели индустрии и компании по примерот на банкарството, земјоделието, енергетиката, итн? За тектонски промени во бизнисот е доволна една централзирана директива од глобалната елита преку своето политичко крило во ЕУ или ОН и своите сателити OECD, WHO и други. При глобална централизација локалната корупција ќе се искорени, односно префрли на глобално ниво, така што врските со министерот или партијата нема многу да помогнат.

Credit: Santander

И што после? Мислите дека на тоталитаристите кои го водат орото им е гајле за човечкот живот? Зад тенкиот целофан од ПР алтруизам, аргументи говорат дека станува збор за мразачи на човекот homo sapiens, кого дрско и залудено сакаат да го преуредат по свој терк во нешто роботизирано, „трансхуман“ или „постхуман“ homo machina. Мислите дека таквите гледаат на човештвото како нешто повеќе од ресурс? Со автоматизацијата луѓето и како ресурс се` помалку им се потребни.

Можеби некој се надева дека ќе преживее како дел од „златната милијарда“ или половина милијарда, па социјалната држава ќе му даде доживотен универзален основен приход и ќе го остави да паразитира? Малку е веројатно во планираниот отворено тоталитарен систем и хаосот кој се креира. Поверојатно е да завршат како материјален ресурс – зелена биомаса со нула карбонски отисок. Некои непоправливи можеби мислат дека Путин и БРИКС ќе дојаваат на бел коњ да ги спасат. Исто како што чекаа Q да ги донесе на колење.

Надвор од нивниот деловен и семеен круг, на мизантропската глобалистичка елита единствено ќе и бидат потребни два типа на извршители, обата дехуманизирани ботови со целосно лоботомирана свест и совест (како инаку би спроведувале тиранија, освен ако не се чистото зло):

  1. Креативни и интелектуални позиции во области како уметност(режимска), врвна медицина, врвен менаџмент, инженерство, и пред се` за сервисирање на дигиталната контролна матрица и за администрирање на вештачката квази-интелигенција. Сепак ќе мора некој да ја корегира и контролира машинеријата на Волшебникот од Оз или да биде во улогата на турчинот од Механичкиот турчин. Интересно е што интелектот и креативата се во максимална контрадикција со споменатата дехуманизирачка лоботомија, така што тешка им душа и расцеп на личност на тие што ќе се нафатат.
  2. Ретки неинтелектуални услуги каде сепак хуманоид би бил префериран наместо робот или екран, иако таквите позиции континуиранo ќе се намалуваат како што напредува технологијата.

Човек размислува години нанапред. Ѕверот до следната физиолошка потреба. Ботот не размислува, извршува. Ќе се бараат ботови среднорочно, а можеби и ѕверови краткорочнo, бидејќи првите евентуално ќе бидат *ресетирани*, а вторите побрзо ќе бидат проголтани од мајка им – револуцијата.

Toa e. Пронајдете се.

Доколку не се пронаоѓате, добродојдовте.

(Featured image credit: DARPA)

Ботовите умираат пеејќи

Во време на инфомративен мрак и дезинформативна поплава, не е тешко да се заведе и донесе народот во заблуда. Тоа е повеќе од јасно уште пред повеќе од еден век и пред Едвард Бернејс да ги дефинира постулатите на систематската пропаганда и контрола на јавното мислење.

Но денешното време ни открива дека не треба да се занемари и потцени човечкиот расудувачки рационален и интуитивен капацитет да ја проникне реалноста зад таквата пропаганда, особено кога му е овозможено да учи и проценува преку пример и тоа на своја кожа.

Па така во моментов народот во голема мерка веќе ги има согледано големиот број актуелни идеолошки измами и стапици, како што се корона пЛандемијата, климатската енергетско-прехрамбена измама, економската катастрофа, полово-родово-сексуалната дегенерација, стапицата ЕУСССР, системот на претставничко-предавничка демократија, и други деструктивни проекти кои егзистенцијално му се закануваат на народот.

Со просветлението следи и резигнираноста кон системот, која повлекува дистанцирање заради сочувување на интегритетот и создавање на алтернатива. Безнадежно заробени во системот остануваат неговите платени мизантропски послушници. Тоа се оние кои за бедни триесет сребреници ја имаат заложено својата свест и совест, а со тоа својата сапиентност-човечност, во служба на една зла агенда и хиерархија. Оние кои имаат толку ниско мислење за себе, што не веруваат дека можат со чесност и интегритет да живеат и создаваат благосостојба за себе и светот. Истиот себепрезир го проектираат врз народот и светот кој го жртвуваат. Остануваат со својата насилничка врхушка да ги вршат злоделата врз другите, изолирани од човештвото, изолирани од Бога, изолирани од себе. Сведени на празни механички ботовски лушпи што роботски следат зададени команди. Тука апсурдните когнитивно-дисонантни причини и оправданија веќе не се ни битни.

Во секој жив човек, без разлика колку длабоко заглавил, сепак постои скриена искра човечност и светлина, како зрно надеж за нивно спасение. Гледаме пренос во живо на нивните судбини, трагични или чудесни изборот е во нив. Дали ќе влезат во вечноста пеејќи ја агендата, или своето покајание и спасение.

Roadkill

Во универзалната војна помеѓу доброто и злото, вистината и лагата, креацијата и уништувањето, човечноста и ѕверството, поборниците на двете страни имаат сосема различни изгледи и исходи кои се фасцинантно соодветни на идејата која ја застапуваат.

Оние кои се поборници за вистината и ја афирмираат реалноста, во еден систем кој сеуште му припаѓа на противникот, во просек обично им се случува да бидат маргинализирани од страна на авторитет кој ионака не го признаваат. Таквата загуба, па и да е драстично поголема, не е некој проблем, ако се земе во предвид бесконечната големина на влогот за кој се борат.

Од друга страна, сите знаеме доста примери каде оние кои гласно се залагале за лагата, за уништувачкиот систем, за ѕверскиот третман на другите, за отворени или прикриени мизантропски идеи, кои до вчера ликувале во лажната слава дадена од уништувачкиот систем, или накратко живееле и дишеле со лажната идеја, „одеднаш“ и „ненадејно“ настрадале од самата таа идеја. Со тоа им се одзема се` за кое јалово се залагаат и борат – материјалноста.

Пострадуваат тривијално и брутално, без церемонии и почести за нивниот придонес за лагата, како прегазени животни на патот, односно roadkill на англиски. Стануваат употребени жртви на искривена идеја. Многу логично, бидејќи идејата е примарна и од неа следува се`. Кога се живее лагата наспротив реалноста и природата, се знае кој исход може да се очекува. Преку нивната искривена идеја, тие ја носат и моралната одговорност за наивните кои верувајќи им трагично настрадале.

Ваквиот терк на исходи кај лажговците, поетично ја нагласува причинско-последичната законитост на унитарната идејно-материјална реалност. Не случајно оваа законитост е забележана и од верниците: „Господ ќе му плати“; и од секуларните: „Револуцијата ги прождира сопствените деца.“

Живееме во фасцинантно време во кое ескалацијата на хаосот ја нагласува апсолутноста и неумоливоста на природните закони, особено на оние кои слабо или воопшто не се изучуваат во училиште.