Кај ќе ви е крајот во „големиот ресет“? Ќе ви кажам.

Имам едно прашање до залетаните и блажено игнорантни правни и физички лица кои се надеваат дека како подгузна мува ќе продолжат да се возат во анусот на системот и по „големиот ресет“.

Доколку комерцијалните банки бидат истиснати од пазарот од страна на централните банки, како што се планира и интензивно имплементира со новите дигитални валути контролирани директно со комерцијални сметки во централните банки, што мислите дека ќе им се случи на останатите бизниси или службеници кои се далеку пониско во пирамидата на моќта од банките и банкарите? Колку ќе му биде тешко на централизираниот дигитален систем да ги „ресетира“ и замени работните места, но и цели индустрии и компании по примерот на банкарството, земјоделието, енергетиката, итн? За тектонски промени во бизнисот е доволна една централзирана директива од глобалната елита преку своето политичко крило во ЕУ или ОН и своите сателити OECD, WHO и други. При глобална централизација локалната корупција ќе се искорени, односно префрли на глобално ниво, така што врските со министерот или партијата нема многу да помогнат.

Credit: Santander

И што после? Мислите дека на тоталитаристите кои го водат орото им е гајле за човечкот живот? Зад тенкиот целофан од ПР алтруизам, аргументи говорат дека станува збор за мразачи на човекот homo sapiens, кого дрско и залудено сакаат да го преуредат по свој терк во нешто роботизирано, „трансхуман“ или „постхуман“ homo machina. Мислите дека таквите гледаат на човештвото како нешто повеќе од ресурс? Со автоматизацијата луѓето и како ресурс се` помалку им се потребни.

Можеби некој се надева дека ќе преживее како дел од „златната милијарда“ или половина милијарда, па социјалната држава ќе му даде доживотен универзален основен приход и ќе го остави да паразитира? Малку е веројатно во планираниот отворено тоталитарен систем и хаосот кој се креира. Поверојатно е да завршат како материјален ресурс – зелена биомаса со нула карбонски отисок. Некои непоправливи можеби мислат дека Путин и БРИКС ќе дојаваат на бел коњ да ги спасат. Исто како што чекаа Q да ги донесе на колење.

Надвор од нивниот деловен и семеен круг, на мизантропската глобалистичка елита единствено ќе и бидат потребни два типа на извршители, обата дехуманизирани ботови со целосно лоботомирана свест и совест (како инаку би спроведувале тиранија, освен ако не се чистото зло):

  1. Креативни и интелектуални позиции во области како уметност(режимска), врвна медицина, врвен менаџмент, инженерство, и пред се` за сервисирање на дигиталната контролна матрица и за администрирање на вештачката квази-интелигенција. Сепак ќе мора некој да ја корегира и контролира машинеријата на Волшебникот од Оз или да биде во улогата на турчинот од Механичкиот турчин. Интересно е што интелектот и креативата се во максимална контрадикција со споменатата дехуманизирачка лоботомија, така што тешка им душа и расцеп на личност на тие што ќе се нафатат.
  2. Ретки неинтелектуални услуги каде сепак хуманоид би бил префериран наместо робот или екран, иако таквите позиции континуиранo ќе се намалуваат како што напредува технологијата.

Човек размислува години нанапред. Ѕверот до следната физиолошка потреба. Ботот не размислува, извршува. Ќе се бараат ботови среднорочно, а можеби и ѕверови краткорочнo, бидејќи првите евентуално ќе бидат *ресетирани*, а вторите побрзо ќе бидат проголтани од мајка им – револуцијата.

Toa e. Пронајдете се.

Доколку не се пронаоѓате, добродојдовте.

(Featured image credit: DARPA)

One Reply to “Кај ќе ви е крајот во „големиот ресет“? Ќе ви кажам.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *