Деновиве најгледан филм во американските кина е Звукот на слободата – The Sound of Freedom со Џим Кавизел во главната улога, познат од филмот Страдањето на Христос (The Passion of Christ). За една недела Звукот на Слободата заработи над 40 милиони долари и го надмина во приход Индијана Џонс 5, кој се прикажува истовремено.
Темата на филмот е вистинита приказна за глобално организираната трговија со деца и нивна злоупотреба. Интересно е што медиумите наместо да ја популаризираат приказната со што би се свртело јавното внимание кон заштита на тие деца и гонење на сторителите, тие прават се` за да ја маргинализираат, дискредитираат и закопаат. Координирано, како да се дел од една мрежа и хиерархија, слично како и за други клучни теми. И покрај ова филмот е најгледан, бидејќи резонира со интересот на публиката.
Од друга страна кога стануваше збор за фимот “Cuties” кој популаризираше сексуализација на пред-пубертетни девојчиња, истите тие медиуми едногласно гнасотијата ја промовираа.
Зошто толку им пречи разоткривањето на системската злоупотреба и трговија со деца? Дали затоа што меѓу самите нив во естаблишментот и медиумите има многумина кои се вмешани, за што во континуитет читаме изминативе години?
Или причината е што злоупотребата на деца е грев за кој едноставно нема оправдание и простување, а кога е поврзан со системот или естаблишментот, претставува сериозен ризик за разоткривање на неговата зла суштина? Тоа е темата во чија срж лежи чистото зло, со кое обичниот човек самиот не сака да се соочи. Исто така и естаблишментот тоа не може да го дозволи доколку сака драмската претстава да продолжи.
Обичниот човек е веќе навикнат и премолчено го одобрува секојдневниот криминал, системски и организиран, кој го гледа на вести: корумпирани политичари, измамени гласачи, итн,… Истото тоа го оправдува под дејство на пропагандата и на својата слабост под мотото – „Снајди се и живеј“. Во голем дел својата деградирана ропска егзистенција му ја должи на системот и му е неопходно да верува во неговата морална коректност. Дека во суштина системот е добар за сите, дека и другите луѓе кои се дел од него, секој со своите простливи човечки маани кои понекогаш навлегуваат и во криминалитет, сепак се грижат да се максимизира доброто за народот, или во поцинична варијанта барем да не одат директно против имотот и животот на народот. Она *индиректното* но постојано и систематско одење против добробитта на народот, обично лоши работи што им се случуваат на некои други, е табу тема наменета за поциничните и се изговара приватно со низок тон. Таквото индиректно и постојано системско зло е табу тема во културните, добростоечки и подобни кругови. Кој би сакал да си го нарушува расположението и имиџот со такви незгодни теми? Не дај боже да се погледне во огледало признавајќи дека е дел од тоа. Само „Викај ура“ и „узми што ти живот пружа“.
Но за разлика од тие секојдневни крииминали и индиректни зла, соочувањето со системската злоупотреба на деца истиот тој обичен човек би го соочила со директното и сурово зло кое е навлезено во секоја пора на системот чиј дел е и самиот тој. За таквото зло, не постои друг одговор на прашањето „зошто“ кој е лесен за совеста. Единствениот одговор ја разголува бруталната реалност – а тоа е дека се работи за чисто библиско антихумано зло. Онакво зло кое се надзира зад еден куп антихумани идеологии и државни програми кои периодов грозничаво ги турка естаблишментот. Соочувањето со тој факт кај обичниот човек би ја довело во прашање неговата човечност и идентитет, при што во борбата меѓу овие спротивставености во повеќето случаи злото ќе биде отфрлено а победник би била човечноста. Ова би довело до растурање на вербата во моралната и концептуалната основа на самиот систем и би отворило многу прашања.
Што е суштината на злото и како метастазира низ системот, општеството и индивидуата?
Ако злото се крие во закрилата на системот и претставува негова срж, зошто го одржуваме и храниме таквиот систем? Што е алтернативата?
Каде завршува слободата, а каде почнува тиранијата?
Каде завршуваат сопствените права, а каде започнува репресијата врз другиот?
Која слобода и права ни се вродени, суверени, и можеме да ги делегираме, а кои не?
Можеби затоа системот толку грчевито се бори за да ја одржи темнината. За да останеме негови несвесни и пасивни поддржувачи, односно поддржувачи на нашата сопствена пропаст, и да не сфатиме дека ја живееме кулминацијата на битката помеѓу доброто и злото во која сакал-нејќел секој од нас фаќа страна и е учесник.
Системот, т.е. естаблишментот, т.е. империјата на злото е исплашена и се бори да преживее зад плаштот на темнината. Со продорот на вистината свесноста на обичниот човек се зголемува. Затоа империјата е во трка со времето и глобално ги зголемува своите влогови на сите полиња. Навреме берете ум и фатете ја вистинската страна.