Разликата во знаење е моќ

Знаењето е моќ. Или попрецизно, разликата во знаење е моќ врз другите. Таквата разлика се одржува внимателно и со умисла. Истата е централна стратегија за агендата која се одвива низ сплетот од глобални кризи, секоја уназадувајќи ја состојбата на човештвото, и унапредувајќи ја состојбата на елитите. Мизантропите сметаат своето да го завршат додека народот сеуште не е свесен што му се случува.

Еве ја шемата со која анти-хуманите елити сакаат да го реализираат концептот „Вие нема да имате ништо, а ќе бидете среќни (демек)“. Финансиските аналитичари на големо говорат за „reverse market crash“, односно енормен скок на инфлацијата и цените на тврдите средства преку повторно зголемено печатење пари. Со тоа ќе предизвикаат се` да биде прескапо за масата народ, вклучително недвижнините и останатите средства за живот и за бизнис, додека привилегираните елити кои се најблиску до евтините кредити (поевтини од стапката на инфлација), со нив да купат се`. Мислам дека ова е најверојатната варијанта за следниот период почнувајќи од 2024-та година. Да потсетам дека пред некој ден Американската централна банка најави дека завршува периодот на зголемување на каматните стапки и преоѓа во период на нивно намалување, со што дава потврда на претпоставките за reverse market crash.

Додека одземаат од народот по пат на инфлација, со товарот на големите задолжувања ќе го банкротираат целиот систем и самиот народ, и тогаш ќе го комплетираат тн. „Голем ресет“, со кој дополнително ќе ја зацврстат својата новостекната тоталитарно-диктаторска позиција, а на народот ќе му фрлат коска во форма на универзален основен приход (UBI universal basic income).

Тој приход ќе дозволува мизерна егзистенција и ќе биде условен со беспоговорна послушност кон тоталитарниот систем кој е во подготовка. Послушноста ќе биде гарантирана со милионите дигитални сензори и компјутерски алгоритми (тн. вештачка интелигенција), кои ќе го следат секој поединец секогаш и секаде пред се преку неговите биометриски податоци (лице, отисоци од прсти, геном, ирис, ЕМ предаватели за локација).

Ова е веројатниот план кој е веќе во имплементација. Народот со информираност може да го сопре, бидејќи како добри диктатори, тие играат „тоталитарно танго“ со народот, со два чекори напред и еден чекор назад, прилагодувајќи се на атмосферата меѓу народот. Така се прилагодија и во текот на корона проектот, кој беше дел од агендата за големиот ресет.

Вреди да нагласам дека сепак се плашат од народот заради две причини. 1) Човештвото е суверено на оваа планета Земја, и се` што се случува мора да биде со негово одобрување, макар и неговото самоуништување. Доколу го налутат има примери низ историјата кога елитите тоа жестоко го платиле. 2) Човештвото забрзано ја намалува разликата во знаење со диктаторската елита, и со тоа директно го загрозува нејзиното постоење. На крајот тоа ќе се случи.

Еден од финансиските професионалци кои говорат на темата е Дејвид Веб, поранешен управител на фондови, сега во пензија. Тој има напишано книга и продуцирано документарец на темата, со назив “The Great Taking”. Линкови за нив подолу.

https://img1.wsimg.com/…/1ee78…/taking-ebook-c044a5e.pdf

https://rumble.com/v3yptkd-the-great-taking-documentary.html

ОЧАЈНО-СПАСИТЕЛСКИ ИНДУСТРИСКИ КОМПЛЕКС

Колку повеќе денешницата е исполнета со кризи, толку повеќе се наметнуваат лажни спасители. Гледаме орди од нелегитимни политички мешетари без ронка реален човечки кредибилитет и искуство, кои ветуваат виножита и еднорози, а цело време возот го насочуваат кон пченката. Му мачкаат очи на очаен народ. За некои спасителот е Путин, за други тоа е Левица, за трети беше ДПНЕ, за други е ЕУ, итн.

Ако се суди според текот на настаните, тие спасителства се во најголема мерка илузорни. На пример, доколку Путин и рускиот естаблишмент имаше било каква конструктивна намера кон своите јужнословенски братски народи, немаше да ги остави на лешинарите. Ова особено тежи кај македонскиот народ, кој е најмногу на удар, и истовремено е лулка на христијанството и словенството за Русија. Активноста е нула, освен празните и лицемерни зборови и тоа трае со децении, па и векови. Ниту цент за развојни програми и донации, ниту еден посериозен настан, ништо. Особено ако се спореди со активностите на конкурентскиот „западен“ табор, состојбата станува јасна. Дали е случајно?

Друг пример. Левица перфидно се профилира како спасител на очајниот македонски народ со лицемерна уличарска реторика за пред камери и мачкање очи, додека официјално програмски имплементира глобалистички маоизам и воопшто не ги интересира македонската национална кауза. Нема ништо за Преспанскиот договор, Бугарскиот договор, уставот, рамковниот договор, јазикот. Ниту еден збор за стратешките македонски интереси. Нема ништо конкретно ниту за економски препород и кревање на стандардот, освен редистрибуција на профитот! Кој и како ќе го создава благото кое сакаат да го располагаат, ниту знаат ниту ги интересира. Изгледа на факултет не ги учеле дека за да има леб, некој треба да ја засади пченицата, да направи мелница за брашно, пекара. Лежи лебу да те јадам! Се сеќаваме како се купуваше леб во социјализмот, во редици!

На ниту едно место не е споменат македонскиот народ или македонците. Но затоа се залагаат за ЕУ, за високи даноци, (родова) критичка теорија, „социјална правда“, „инклузивност“, “еднаквост“, „прогресивност“, анти-христијанство, и сето тоа во духот на современиот елитистички мизантропски социјализам. Тоа се најважните работи за нив, додека македонскиот народ по секоја основа го пуштаат по вода.

Со два збора, ниту економски равој, ниту национален суверенитет, ниту слобода. Само продавање на препакувана комуњарска тоталитарна магла и соучесништо во разнебитување на македонскиот народ и држава. Такво лошо мачкање очи пали само кај полуписмени и очајни. Впрочем тој пристап и целна публика убаво се поклопува и со стандардната комуњарска шема позната од минатиот век: преку повикување на најниските гревови (лакомост, мрза, завист) креирање на трајна очајна пролетерска класа, на која вечните комуњарски шампањ елити ќе им бидат спасители симнати од небото што ќе ги даруваат со незаработени социјални трансфери.

Исто така не смее да се заборави, а тоа за жал често се прави, дека социјализмот е најкрвничката и најмонструозна анти-хумана идеологија во поновата човекова историја. Во своите две главни инкарнации, национален социјализам(оној на западниот блок) и интернационален социјализам(оној на левица и источниот блок), социјализмот има убиено над 170 милиони луѓе, од кој најголем дел цивили, само во 20тиот век. Застрашувачки е фактот што меѓу нас сеуште шетаат ревносни поклоници на таа монструозна идеја која го девалвира човекот и човековиот живот во име на лажното „општо добро“.

Да се вратиме на програмата на Левица. Не ми верувајте мене, прочитајте им ја програмата. Во неа, официјално се дефинираат како ненационална (немакедонска) партија, а имаат ограноци исклучиво во општини со македонско мнозинство! Зошто немаат ограноци во Арачиново, Шуто оризари, Зајас…? На што се должи таа противречност и лицемерие? Можеби на вистинските задни намери, кои се исклучиво насочени кон македонскиот народ.

https://levica.mk/za-nas/platforma/

https://levica.mk/za-nas/partiska-programa/

Моја претпоставка е дека Левица е новиот глобалистички (шам)пион за да го доизбрише и донапика разнебитениот македонски народ во новиот („мултиполарен“) глобален тоталитаризам, откако на ДПНЕ и СДС им помина рокот за употреба бидејќи се веќе тотално дискредитирани кај народот со своите велепредавства. Затоа естаблишментот му направи партија и по сите медиуми го промовираше шареното диктаторче. Се случува ротација и освежување на странското влијание на македонската политичка сцена.

Луѓе бидете будни. Врие од лажни спасители, волци во јагнешка кожа. Тие ја вршат функцијата на јуда коза, а тоа е тренирана коза што ги води наивните овци до кланица, додека нејзиниот живиот бидува поштеден. Решението треба да го бараме во внатрешни и автохтони идеи и луѓе. Доста генерации изгинаа и изгнијаа подавајќи си ги енергијата и животите на измами од душманите. Како што тргнала работата, ние можеби сме меѓу последните генерации македонци со каква-таква слобода нешто да направиме. Затоа и нашата волја и дело се уште поскапоцени. Да ги штедиме од залудно изгорување и да ги насочуваме кон вистинските решенија.

Решението е пред се идеја која ќе доживее имплементација. Идејата е најмоќното оружје во рацете на човештвото, зошто живееме во физичка реалност со двојна идејно-материјална природа, но пред се` да не заборавиме дека прв беше зборот-идејата. А нашата изворна автохтона идеја не е ниту десна, ниту лева. Таа не постои во вештачки наметнатата општествна рамка за прифатливи идеи – Овертонов прозорец.

Нашата македонска идеја е универзална, во склад со универзалното цивилизациско значење на Македонија, како папок на светот уште од памтивек, од Александар. Од времето на Македонската империја, која за разлика од својот антипод, Римската, единствена во историјата создаде универзален хуманистички светски поредок кој ги третира со почит и еднаквост сите негови делови и народи. Со негување на знаењето(вистината) преку Александриската библиотека, со давање автономни слободи на нациите, и афирмација на човекот и човековиот потенцијал низ подвигот на еден човек од крв и месо – Александар. Низ историјата и до денешен ден, можемеме да видиме како нејзиниот антипод Римската западна (нео)паганска империја, се потпира врз спротивното: окултизам(криење на вистината), експлоатација, асмилација, бришење и поробување на човекот. Слободата, вистината и човечноста, кои се врвните принципи на македонизмот, од денешната империја се репресирани во поим. Како што стариот Рим со петте Римско-Македонски војни ја толчеше и бришеше Македонија, тогашната матица и центар на светот, така и денешниот Рим, модерниот Вавилон, се обидува да ги избрише последни остатоци на духовната и цивилизациска матица на Европа, заедно со идејата која ја претставува.

Македонската идеја била и останала слобода, вистина и човечност. Како сплет од три едноставни но суштински содржајни принципи, идејата е кохерентна, рационална и комплетна. Таа претставува филозофско-духовна основа споена и со духот на нашата вера православното христијанство, не само во Светото писмо, туку и на дело, во градите на секој македонец и чесен човек. Не случајно трите принципи на македонската идеја се манифестирани и низ нашиот вековен симбол – жолтото сонце, кое истовремено на секој човек кој е под сонцето еднакво му дава светлина(вистина) и предуслов за (слободен) живот.

Интересно е што во нивната чиста форма овие три принципи денеска се најконтроверзни и анти-системски, односно му пречат на естаблишментот. Слобода, вистина, човек? Сето тоа е застарено и неприфатливо за современите глобални трансхуманистички елити и нивните локални пиони. Репресијата на македонската идеја уште повеќе ни дава потврда дека во тројството на тие несоборливи апсолутни принципи се содржат сите наши национални и социо-економски каузи. Нашиот инстинкт за национално преживување и ослободување, нашиот македонски алтруизам и пацифизам, нашиот економски препород, и нашиот духовен и културен препород и доаѓање на Македонија и македонците на своето вистинско место. Едноставно битот на македонскиот народ е содржан во македонската тројна идеја. Излезот и решението се подаваат сами по дефиниција доколку го сочуваме најпрво личниот интегритет, и преку сите свои дејства ја афирмираме македонската идеја. Тоа налага придржување и темелна примена на трите апсолутни принципи низ сите останати секундарни идеи и активности. Замислете принципи, како за промена. Насушно потребна промена.

Македонецу разбуди се! Те лажат и те бришат. Дури те прават и соучесник во сопственото уништување. Часот е 5 до 12. Станувај!