Знаењето е моќ. Или попрецизно, разликата во знаење е моќ врз другите. Таквата разлика се одржува внимателно и со умисла. Истата е централна стратегија за агендата која се одвива низ сплетот од глобални кризи, секоја уназадувајќи ја состојбата на човештвото, и унапредувајќи ја состојбата на елитите. Мизантропите сметаат своето да го завршат додека народот сеуште не е свесен што му се случува.
Еве ја шемата со која анти-хуманите елити сакаат да го реализираат концептот „Вие нема да имате ништо, а ќе бидете среќни (демек)“. Финансиските аналитичари на големо говорат за „reverse market crash“, односно енормен скок на инфлацијата и цените на тврдите средства преку повторно зголемено печатење пари. Со тоа ќе предизвикаат се` да биде прескапо за масата народ, вклучително недвижнините и останатите средства за живот и за бизнис, додека привилегираните елити кои се најблиску до евтините кредити (поевтини од стапката на инфлација), со нив да купат се`. Мислам дека ова е најверојатната варијанта за следниот период почнувајќи од 2024-та година. Да потсетам дека пред некој ден Американската централна банка најави дека завршува периодот на зголемување на каматните стапки и преоѓа во период на нивно намалување, со што дава потврда на претпоставките за reverse market crash.
Додека одземаат од народот по пат на инфлација, со товарот на големите задолжувања ќе го банкротираат целиот систем и самиот народ, и тогаш ќе го комплетираат тн. „Голем ресет“, со кој дополнително ќе ја зацврстат својата новостекната тоталитарно-диктаторска позиција, а на народот ќе му фрлат коска во форма на универзален основен приход (UBI universal basic income).
Тој приход ќе дозволува мизерна егзистенција и ќе биде условен со беспоговорна послушност кон тоталитарниот систем кој е во подготовка. Послушноста ќе биде гарантирана со милионите дигитални сензори и компјутерски алгоритми (тн. вештачка интелигенција), кои ќе го следат секој поединец секогаш и секаде пред се преку неговите биометриски податоци (лице, отисоци од прсти, геном, ирис, ЕМ предаватели за локација).
Ова е веројатниот план кој е веќе во имплементација. Народот со информираност може да го сопре, бидејќи како добри диктатори, тие играат „тоталитарно танго“ со народот, со два чекори напред и еден чекор назад, прилагодувајќи се на атмосферата меѓу народот. Така се прилагодија и во текот на корона проектот, кој беше дел од агендата за големиот ресет.
Вреди да нагласам дека сепак се плашат од народот заради две причини. 1) Човештвото е суверено на оваа планета Земја, и се` што се случува мора да биде со негово одобрување, макар и неговото самоуништување. Доколу го налутат има примери низ историјата кога елитите тоа жестоко го платиле. 2) Човештвото забрзано ја намалува разликата во знаење со диктаторската елита, и со тоа директно го загрозува нејзиното постоење. На крајот тоа ќе се случи.
Еден од финансиските професионалци кои говорат на темата е Дејвид Веб, поранешен управител на фондови, сега во пензија. Тој има напишано книга и продуцирано документарец на темата, со назив “The Great Taking”. Линкови за нив подолу.
https://img1.wsimg.com/…/1ee78…/taking-ebook-c044a5e.pdf
https://rumble.com/v3yptkd-the-great-taking-documentary.html