Луѓето воглавно се разумни и добри. Генерално се трудат да дејствуваат во сопствен интерес, а ако може и во општ интерес. Врз овие аксиоми почива човечноста и човековото општество, особено со плуралистичко демократско уредување. Ако го едуцираш за големите придобивки од некој производ, доколку нема големи негативни страни, народот најчесто ќе се потепа за да го добие.
Периодов некои тн. авторитети, всушност политички назначени проститутки за пари и моќ кои се замислуваат елита, туркаат агенда врз грбот на народот која се помалку им проаѓа. Изгледа се раскринкани кај мнозинството.
За да не го признаат поразот, тие креираат наратив кој е инверзија на реалноста. Причината за поразот на нивната агенда наместо во немањето на факти и добри аргументи, ја фокусираат кон конструирана малоумност и нерационалност на народот, кој предлагаат да биде казнуван со државниот апарат за насилство. Да имаа вредни аргументи народот ќе беше едуциран и ќе постапеше како што тие би сакале. Бидејќи ги немаат аргументите и науката на своја страна, прибегнуваат кон закани, манипулации и кон присила.
Демонстрираат мизантропија на јавна сцена. Мразат и потценуваат народ. Добрите намери одамна се провиден целофан, зад кој се крие неукоста, сервилноста, лакомоста, егоизмот, нарцисоидноста, на еден мал слој социопати, назначени како авторитети токму заради својата корумпираност.
Не е народот неразумен. Вие сте сервилни извршители на фашистичка структура, кои во отсуство на факти и аргументи вршат насилство врз народот. Науката ви служи како тоалетна хартија. Вистинските научници ги репресирате како дисиденти. Го уништувате народот и општеството, правејќи реална штета на луѓе, и газејќи ги основните принципи за цивилизирано општество: слобода, вистина, човечност.