ЕВТИНИ ИЗБОРНИ ПРИКАЗНИ

Странците го ротираат локалниот гувернер

На Мицко изгледа дека му е јасно или му е речено дека ќе дојде на власт. Тоа се чини е неминовно, бидејќи досегашниот гувернер во името на странците, СДС-ДУИ веќе ги потроши своите кредити кај народот, и нема капацитет за други поголеми велепредавства без да предизвика значителна дестабилизација или бунт. Во такви услови империјата е приморана да изврши ротација на гувернерот со решение кое има посвеж кредибилитет, макар лажен фабрикуван, колку да врви агендата. Сјаши Мурто, узјаши Курто.

Како по обичај, тоа би било докажано решение, кое било и сеуште е лојално на сите глобалистички и антинародни агенди и трендови: ковид пандемијата и придружниот терор врз народот, промената на документите, дигиталното ИД, ковид вакцинацијата, влегувањето во ЕУ, променетото име, насоката кон федерализација, економската стагнација, демографски колапс на македонците, членството во НАТО во (пред)услови на светска војна, редефинирање на полот, образовната сексуализација на децата, скалесто одржување на инфлацијата, итн. Ако е така, тогаш вреди да се размисли во која насока ќе не` води новиот гувернер на хибридниот режим.

Програмата на ДПНЕ

Дали некој ја прочита програмата на ДПНЕ? Она што го видов е 100% демагогија, продолжување на националните предавства, глобалистичка агенда (Дигитално ИД – буџет 100 милиони евра рок до 2025, климатска агенда со сето уништување, итн.) , 0% национална кауза и препород, 0% реален економски препород. За програмата вреди да се посвети време и се надевам дека ќе напишам посебен текст со детална разработка особено околу економскиот и глобалистичкиот дел. Вреди да се прочита и анализира бидејќи меѓу демагошките и јалови глупости за мачкање очи, во неа на народот му кажуваат се` што ќе му прават, вклучително и уништувањето по налог на странските налогодавачи. Со тоа си добиваат алиби дека сето е направено со народна поддршка. Па така ги има и глобалистичките проекти од типот на дигитална лична карта, паметни градови, климатски промени, влегување во ЕУ и слично, макар и меѓу редови, слично како што тоа го прави на пример и Левица во својата програма. Интересното е што од аспект на глобалистичките мизантропски проекти и начинот на нивно пласирање, меѓу редови, замотани во магла од други не толку мизантропски но секако јалови и штетни проекти, скоро и да нема разлика меѓу нив. Тоа дава индикација дека добиваат образование, ум, совети, сугестии од слична страна.

Другарот Али

За да се запечати патеката на македонецот кој јава кон зајдисонцето на глобализмот, на Мицко кој има слаба репутација меѓу патриотите, му скока во помош Али, правејќи евтина ТВ провокација. Демек влегува во костец со Мицко, етаблирајќи го како сериозен претставник на македонскиот интерес. Божем не беше некој кој досега се` македонско пушташе низ вода, молчејќи како опозиција и дозволувајќи антимакедонскиот карван да врви. Со жестока раперска вербална битка Мицко се етаблира како комита со тапија, борец и заштитник против Али радикалот. Таквиот театар меѓу Али и Мицко единствено може да влијае кај наивниот дел од народот, да го галванизира и консолидира зад Мицко. Па така со новостекнатиот фабрикуван кредибилитет во комбинација со триумфалната еуфорија по изборите, ќе има акумулирано доволно кредит/надеж кај народот, за во годините што следуваат да ја докусури Македонија и македонците, додека народот се чуди на велепредавството што му се случува. Дај боже да не сум во право, но работите укажуваат на таквата можност.

Чаре

Најжалното во оваа евтина приказна е што Македонија досега не изнедри реална македонска (неудбашка, неглобалистичка) партија со капацитет да добие и долгорочно да издржи во битката. Не дека немало обиди, но за жал тие се покажале како наивни и под нивото на задачата. Ако ништо друго, барем за нешто сме освестени, а надежта последна умира. Во меѓувреме да се надеваме на минимизирање на штетата од полу и меѓурешенијата на шемата Курто-Мурто, додека да се оформи соодветен македонски политички субјект. Доколку ДПНЕ победи, народот ќе мора да се брани токму од нив и перманентно да притиска за одговорност. Тоа ќе биде многу тешко, бидејќи добар дел од деструктивните проекти се отворено изложени во програмата, а преку изборите народот (имплицитно, бидејќи никој не ја прочитал) ќе и` даде свој благослов.

„Младите глобални лидери“ на ВЕФ

Видеото подолу е исечок од семинар за „Младите глобални лидери“ на ВЕФ. Лично познавам некој што е член. Не сте пропуштиле ништо посебно.

Видеото е илустрација за начинот на кој регрутите од програмата на ВЕФ се тренирани за глобални лидери. Некои од таквите лидери се Трудо од Канада, Руте од Холандија, Макрон во Франција, Сана Марин од Финска, Ардерн од Нов Зеланд, итн.

Иако ни се познати, сепак зачудувачко е на какво забегано ниво им го перат умот. Односно, (после вршењето на сите уништувачки агенди) на крајот пустите за награда ќе живееле вечно во компјутерскиот облак (рајот).

Со нивните умовите веќе се во илузорната матрица од лажна пропаганда. Изгубен е контактот со реалноста, со човечкото homo sapiens. Сопственото и општото уништување им го продаваат како некаква хумана мисија, со голема награда на крајот во форма на софтверски рај. Како секта. Тоа, пријатели, се луѓето кои засега не` владеат, си придаваат морален и интелектуален авторитет, и сакаат да се нарекуваат елита.