Градоначалникот на Кочани направи најчесна постапка досега од се што видовме. Единствен од големците што постапи со вистински личен пример со оставка и спремност да одговара. Другото се празни и манипулативни муабети. Лицемерно е некој што е системот да тврди дека го менува истиот!

Ваква трагедија што ја разорува човечката душа, треба да не потсети дека секој што се сомнева макар дека е минимално виновен, сам треба да отиде кај што треба и да одговара. Пред институции (народ) и Бога. Секој треба да е подготвен да одговара во секој момент.
Ако не сме подготвени во секој момент за вистина, човечност, слобода да дадеме апсолутно се`, тогаш секако ги губиме, како во овој брутален случај. Така ги губиме низ изминатите 30 години. И кога молчиме секако пак одговараме и ја плаќаме сметката, но тогаш злото продолжува. Сите одговараме секој ден на овој или оној начин, иако можеби не сме свесни за тоа.
Скршените Кочанчани кои повикуваат на жестока борба со системот Курто-Мурто, особено најизгорените – родителите, се со полно право! Најавтентично го зборуваат со голема силина она што јас го зборувам со години по висока лична цена.
Веќе триесет години странски анти-народни интереси на врвот ни назначуваат бедни морално-интелектуални суштества, спремни за компромис на штета на народот. Им ги определуваат дури и тимовите со кои ќе работат, агендата и проектите. Затоа некои велат дека сме живееле во хибриден режим, кој пак ние го чувствуваме на сопствената кожа. А потоа по дефиниција кога горните се интелектуално-морална мизерија, се` под нив оди по принцип на негативна селекција и уништување, наместо создавање и живот! Затоа се селиме, затоа умираат децата! Затоа се претвора мајка Македонија во пепел! И тоа не случајно. Со децении македонскиот народ е под специјална војна, чии уништувачки резултати ги гледаме. Немојте да подлегнувате на деморализирачките наративи дека ние самите од обичниот народ сме си криви бидејќи сме неинтелигентни и расипани. Македонскиот народ е тепана жртва, која уште и ја обвинуваат!
Додека не го скршиме тој систем и го направиме прашина, и го замениме со меритократија, основни христијански вредности и директна демократија, каде народот ќе има влијание врз својата судбина, ништо не сме направиле и ова ќе се повторува, како што се повторува барем 30тина години. Животите течат во мизерија, се гаснат, често и најбрутално, а системот опстојува! Па луѓе ли сме или што сме да трпиме ваков животински систем?! Има ли бетер!?
Прашањето е КАКО?
Основен проблем е негативната селекција во политиката. Оние што се кажуваат за народни претставници се обични марионети назначени од листи! Мора да се смени политичкиот систем за да се реализира вистинската народна волја и да се прекрати фиксираниот и анти-народен систем Курто-Мурто. И пресудно да се дозволи влез на нови народни сили на политичката сцена кои не потекнуваат од истиот систем!
Секогаш рибата смрди од главата!
Една добра идеја дава Goce Makedonec Gugulovski, кого ќе го цитирам:
РЕШЕНИЕ за хоророт во кој сме приморани да живееме во Македонија?
- ОСТАВКИ….!
- Итна ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА!
- Донесување на НОВ ИЗБОРЕН МОДЕЛ, (Една изборна единица, со отворени листи)!
- Организирање нови НЕнаместени/НЕкриминални избори!
ТОЛКУ ли е тешко!