Реалност и мимикрија

Многу години наназад говорам дека западните елити координирано работат на уништување на своите народи. Ги нарекував мизантропи и сатанисти. После Епштајн фајловите и неодамнешните воени, економски, миграциски и енергетски оркестрирани кризи на сметка на нивните народи, сето тоа се потврдува повторно и повторно.

Додека го гледаме диригираниот залез на заладните нации, во Блискиот исток се издигнува Израел како нова суверена регионална и глобална сила, способна да диктира сопствени правила по принципот „кај има сила нема правдина“. Велам нова, бидејќи до скоро функционираше исклучиво под заштитата на САД, која сега на разни начини ја погазува. Како да се потврдува есхатолошката теорија и предвидувањето на „професорот“ Џијанг.

Ова се тектонски геополитички пореметувања кои се случуваат еднаш во векот. Во исто време без`рбетните и медиокритетски политичари кои не` застапуваат, грозничаво се трудат што повеќе да излижат некој моќен глобалистички задник и наложените странски агенди и наративи повеќе да ги имплементираат. Притоа не само што народот го оставаат на цедило, туку и го туркаат во амбисот кој се отвора за светот и особено за Евро-атлантските нации.

Да се вратам поблику до нашиот двор. Пред некоја недела Гога решително кажа дека е цврсто убедена дека за ништо не треба да се грижиме, што во овие услови наликува на комедијантски скеч на сметка на народот. Се разбира дека случајната некомпетентност или подмолната намера е на сметка на народот, како и секогаш. Изјавата на Гога е само капка во морето од замајувања, лажни наративи, додека истовремено политичарите му го тргаат килимот од под нозе на обичниот човек. Друга актуелна илустрација е изјавата на Мицковски дека доколку не се донесел некој урбанитички план цените на становите ќе скокнеле на 5000 евра/квадрат. Притоа токму државата заедно со банките и урбаната мафија кои се под нејзина закрила, ја пумпаат цената на становите, а паралелно одржуваат екстремно скапа, сложена и долга градежна регулатива која спречува самостојна и економична изградба на куќи за домување од страна на самите граѓани, како што се правеше во минатото. Ги осудуваат граѓаните да плаќаат 30 годишни ропски кредити со енормни рати, или да одат под кирија, што станува се поизвесно. Дозволиле и упад на некој Дански фонд дополнително да ги пумпа цените на пазарот со купување на 1000 станови. Се чини во овие времиња на лицемерието и мимикријата им нема крај.

Сето испаѓа случајно усогласено со урнекот на Клаус Шваб, „нема да поседувате ништо и ќе бидете среќни“. Сите се корумпирани и отидени по ѓаволите. Волци се пастири на стадото.

Веке тотално се паднати маските. Доколку верувате во политичкиот циркуз дека и 1% се води со добра волја и во интерес на народот, можеби живеете во илузија. И тоа би било во ред доколку илузијата е наивна, а не се покажува се повеќе како погубна, особено од времето на пЛандемијата до сега. Погубна по животите, здравјето, основните слободи, стандардот и стилот на живот, безбедноста, тн „општествениот договор“ и самото преживување на нацијата која лежерно се соочува со катастрофален демографски колапс.

Затоа ви порачувам дека сега е поважно од било кога да бидеме вкотвени во реалноста и вистината, без разлика колку и да е таа непријатна. Бидејќи единствено потпрени врз неа би можеле да оформиме визија и да градиме поубава и похумана иднина од онаа фатална илузорна мимикрија што сакаат да ја наметнат. Чувајте се, чувајте си ги фамилиите и вистинските пријатели, бидејќи времето на илузии, лицемерие и мимикрии заврши. Веќе сме длабоко навлезени во откровението, каде се полагаат сметките и се дели житото од кукољот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *