Кај ќе ви е крајот во „големиот ресет“? Ќе ви кажам.

Имам едно прашање до залетаните и блажено игнорантни правни и физички лица кои се надеваат дека како подгузна мува ќе продолжат да се возат во анусот на системот и по „големиот ресет“.

Доколку комерцијалните банки бидат истиснати од пазарот од страна на централните банки, како што се планира и интензивно имплементира со новите дигитални валути контролирани директно со комерцијални сметки во централните банки, што мислите дека ќе им се случи на останатите бизниси или службеници кои се далеку пониско во пирамидата на моќта од банките и банкарите? Колку ќе му биде тешко на централизираниот дигитален систем да ги „ресетира“ и замени работните места, но и цели индустрии и компании по примерот на банкарството, земјоделието, енергетиката, итн? За тектонски промени во бизнисот е доволна една централзирана директива од глобалната елита преку своето политичко крило во ЕУ или ОН и своите сателити OECD, WHO и други. При глобална централизација локалната корупција ќе се искорени, односно префрли на глобално ниво, така што врските со министерот или партијата нема многу да помогнат.

Credit: Santander

И што после? Мислите дека на тоталитаристите кои го водат орото им е гајле за човечкот живот? Зад тенкиот целофан од ПР алтруизам, аргументи говорат дека станува збор за мразачи на човекот homo sapiens, кого дрско и залудено сакаат да го преуредат по свој терк во нешто роботизирано, „трансхуман“ или „постхуман“ homo machina. Мислите дека таквите гледаат на човештвото како нешто повеќе од ресурс? Со автоматизацијата луѓето и како ресурс се` помалку им се потребни.

Можеби некој се надева дека ќе преживее како дел од „златната милијарда“ или половина милијарда, па социјалната држава ќе му даде доживотен универзален основен приход и ќе го остави да паразитира? Малку е веројатно во планираниот отворено тоталитарен систем и хаосот кој се креира. Поверојатно е да завршат како материјален ресурс – зелена биомаса со нула карбонски отисок. Некои непоправливи можеби мислат дека Путин и БРИКС ќе дојаваат на бел коњ да ги спасат. Исто како што чекаа Q да ги донесе на колење.

Надвор од нивниот деловен и семеен круг, на мизантропската глобалистичка елита единствено ќе и бидат потребни два типа на извршители, обата дехуманизирани ботови со целосно лоботомирана свест и совест (како инаку би спроведувале тиранија, освен ако не се чистото зло):

  1. Креативни и интелектуални позиции во области како уметност(режимска), врвна медицина, врвен менаџмент, инженерство, и пред се` за сервисирање на дигиталната контролна матрица и за администрирање на вештачката квази-интелигенција. Сепак ќе мора некој да ја корегира и контролира машинеријата на Волшебникот од Оз или да биде во улогата на турчинот од Механичкиот турчин. Интересно е што интелектот и креативата се во максимална контрадикција со споменатата дехуманизирачка лоботомија, така што тешка им душа и расцеп на личност на тие што ќе се нафатат.
  2. Ретки неинтелектуални услуги каде сепак хуманоид би бил префериран наместо робот или екран, иако таквите позиции континуиранo ќе се намалуваат како што напредува технологијата.

Човек размислува години нанапред. Ѕверот до следната физиолошка потреба. Ботот не размислува, извршува. Ќе се бараат ботови среднорочно, а можеби и ѕверови краткорочнo, бидејќи првите евентуално ќе бидат *ресетирани*, а вторите побрзо ќе бидат проголтани од мајка им – револуцијата.

Toa e. Пронајдете се.

Доколку не се пронаоѓате, добродојдовте.

(Featured image credit: DARPA)

Ботовите умираат пеејќи

Во време на инфомративен мрак и дезинформативна поплава, не е тешко да се заведе и донесе народот во заблуда. Тоа е повеќе од јасно уште пред повеќе од еден век и пред Едвард Бернејс да ги дефинира постулатите на систематската пропаганда и контрола на јавното мислење.

Но денешното време ни открива дека не треба да се занемари и потцени човечкиот расудувачки рационален и интуитивен капацитет да ја проникне реалноста зад таквата пропаганда, особено кога му е овозможено да учи и проценува преку пример и тоа на своја кожа.

Па така во моментов народот во голема мерка веќе ги има согледано големиот број актуелни идеолошки измами и стапици, како што се корона пЛандемијата, климатската енергетско-прехрамбена измама, економската катастрофа, полово-родово-сексуалната дегенерација, стапицата ЕУСССР, системот на претставничко-предавничка демократија, и други деструктивни проекти кои егзистенцијално му се закануваат на народот.

Со просветлението следи и резигнираноста кон системот, која повлекува дистанцирање заради сочувување на интегритетот и создавање на алтернатива. Безнадежно заробени во системот остануваат неговите платени мизантропски послушници. Тоа се оние кои за бедни триесет сребреници ја имаат заложено својата свест и совест, а со тоа својата сапиентност-човечност, во служба на една зла агенда и хиерархија. Оние кои имаат толку ниско мислење за себе, што не веруваат дека можат со чесност и интегритет да живеат и создаваат благосостојба за себе и светот. Истиот себепрезир го проектираат врз народот и светот кој го жртвуваат. Остануваат со својата насилничка врхушка да ги вршат злоделата врз другите, изолирани од човештвото, изолирани од Бога, изолирани од себе. Сведени на празни механички ботовски лушпи што роботски следат зададени команди. Тука апсурдните когнитивно-дисонантни причини и оправданија веќе не се ни битни.

Во секој жив човек, без разлика колку длабоко заглавил, сепак постои скриена искра човечност и светлина, како зрно надеж за нивно спасение. Гледаме пренос во живо на нивните судбини, трагични или чудесни изборот е во нив. Дали ќе влезат во вечноста пеејќи ја агендата, или своето покајание и спасение.

Roadkill

Во универзалната војна помеѓу доброто и злото, вистината и лагата, креацијата и уништувањето, човечноста и ѕверството, поборниците на двете страни имаат сосема различни изгледи и исходи кои се фасцинантно соодветни на идејата која ја застапуваат.

Оние кои се поборници за вистината и ја афирмираат реалноста, во еден систем кој сеуште му припаѓа на противникот, во просек обично им се случува да бидат маргинализирани од страна на авторитет кој ионака не го признаваат. Таквата загуба, па и да е драстично поголема, не е некој проблем, ако се земе во предвид бесконечната големина на влогот за кој се борат.

Од друга страна, сите знаеме доста примери каде оние кои гласно се залагале за лагата, за уништувачкиот систем, за ѕверскиот третман на другите, за отворени или прикриени мизантропски идеи, кои до вчера ликувале во лажната слава дадена од уништувачкиот систем, или накратко живееле и дишеле со лажната идеја, „одеднаш“ и „ненадејно“ настрадале од самата таа идеја. Со тоа им се одзема се` за кое јалово се залагаат и борат – материјалноста.

Пострадуваат тривијално и брутално, без церемонии и почести за нивниот придонес за лагата, како прегазени животни на патот, односно roadkill на англиски. Стануваат употребени жртви на искривена идеја. Многу логично, бидејќи идејата е примарна и од неа следува се`. Кога се живее лагата наспротив реалноста и природата, се знае кој исход може да се очекува. Преку нивната искривена идеја, тие ја носат и моралната одговорност за наивните кои верувајќи им трагично настрадале.

Ваквиот терк на исходи кај лажговците, поетично ја нагласува причинско-последичната законитост на унитарната идејно-материјална реалност. Не случајно оваа законитост е забележана и од верниците: „Господ ќе му плати“; и од секуларните: „Револуцијата ги прождира сопствените деца.“

Живееме во фасцинантно време во кое ескалацијата на хаосот ја нагласува апсолутноста и неумоливоста на природните закони, особено на оние кои слабо или воопшто не се изучуваат во училиште.

Заташкување на здравствениот колапс

2019 година во Македонија имало вкупно 3900 дијагностицирани од рак. Годинава заклучно со април (претпоставувам бидејќи мај е во тек), имало 5500 дијагностицирани. Математичарите во нашите медиуми го изведуваат следниот резултат за процентот на зголемување:

  • Вечер (и други медиуми): 30%
  • Алсат: 3,6%

Дали е 3,6 или 30? Изгледа не се договориле претходно. Во секој случај, за мене е мистерија како дошле до овие броеви.

Врз основа на достапните податоци, точната разлика помеѓу бројот на нови дијагностицирани во 2019 и 2022 со екстраполација на досегашната стапка за првите четири месеци врз цела 2022 година е:

4,2 пати (со букви: четири запирка два),

или стапка на раст од 310% (со букви: триста и десет).

Во конкретни бројки тоа би била проектирана разлика од 16500 – 3900 = 8100.

Зголемување од дополнителни 8100 животи погодени од канцер, што во Македонија за повеќето значи смртен исход.

Имаме алармантна бројка која како многу непријатен факт се чини е туркана под тепих од страна на новинарите, надлежните, струката.

Иако сме навикнати на измамничко, непрофесионално и национално предавничко новинарство, доколку се стави во контекст со важноста на темата, квалитетот на информирањето околу оваа вест е особено апсурден и надреален. Монти Пајтон новинарство. За малку ќе речев и Монти Пајтон медицина, но мислам дека не соодветствува сосема со тежината на состојбите.

Со оглед на апсурдните проценти пласирани во јавноста, би можело да се заклучи дека се заташкува колапсот на македонското здравство и колапсот на македонската популација. Дополнително кон ова, вниманието за причината на проблемот шамански се насочува кон мистичните пост-ковид состојби, без особен доказ од така наречената медицина базирана врз докази. Така наречена, бидејќи заташканите докази за нејзиниот „успех“ допрва ќе ги согледуваме ние или некои следни генерации.

Само прашањето ми е, дали со ваквото идиотско заташкување без респект кон својата и јавната интелигенција планираат во иднина да се вадат на ментална попреченост?

Несфатливо е да се толку глупави колку што се штетни. Мора да постои и свесна намера.

The Pandemic of Neomarxist Fiduciary Duty Breach and Shareholder Fraud Syndrome

“If the current Twitter board takes actions contrary to shareholder interests, they would be breaching their fiduciary duty. The liability they would thereby assume would be titanic in scale.”

Elon Musk (https://twitter.com/elonmusk/status/1514718700674306052)

“DeSantis went on to claim that Twitter only rejected the offer because of differences in ideology.”

– The Western Journal (https://www.westernjournal.com/twitter-rejects-musk-offer-desantis-musk-team-make-twitter-offer-cant-refuse/)
https://www.westernjournal.com/twitter-rejects-musk-offer-desantis-musk-team-make-twitter-offer-cant-refuse/

Ideologically based breaches to fiduciary duties are spreading globally with impunity, promoted by proponents of #totalitarianism, #censorship, #ESG, #criticaltheory, #carbonphobia, medical fascism and other neomarxist or misanthropic ideologies.

The global scale of the crimes is so massive that it fundamentally undermines the economy, entrepreneurship, business and investing.

Such crimes also profoundly degrade the human condition by systemically inverting moral values and causing massive economic damages.

These ideologies jointly exacerbate and escalate the energy, employment, housing, food, medical and other ongoing global crises at a massive cost to human life, liberty and property.

If we are going to progress towards a human civilization, we must urgently check with all available legal means this wholesale criminal management that is collapsing human and business values.

(Update 13.03.2023)

https://home.solari.com/heroic-act-of-the-week-march-13-2023-tim-buckley/

Дете

Идеалните човекови физички пропорции.
„Витрувијански човек“ – Леонардо да Винчи

Иако човекот по дефиниција биолошки треба да е sapiens, односно свесен и совесен, тој тоне во сопственото суштинско непознавање и во општа несвесност и несовесност. Со тоа тој станува жива контрадикција во поим, битисувачки оксиморон, сопствена антитеза.

Контрадикциите и оксиморонот пренесени од светот на идеите во физичкиот и особено органскиот жив свет изгледаат гротескно циркуски изопачено, брутално, ѕверски (авто)деструктивно. Таквите извештачени и извитоперени исклучоци во природата многу ретко се сретнуваат, бидејќи се спротивни на природните закони. Иако човекот со својата огромна но погрешно насочена дарба успева подолго време да излегува од рамките на природните закони и навидум да одолева на неминовното, се` поочигледна и повисока е цената што ја плаќа за тоа, а истовремено очигледен станува и крајниот исход.

Таквата човекова сопствена контрадикција во поим е главниот предуслов за општото био-социо-економско уништување кое го гледаме низ светот. Неспорно постојат организирани сили кои истото го помагаат, но клучот сепак останува во човекот, односно неговото соочување со самоуништувачката патека и одлуката за враќањето кон себе.

Биолошки неодржливата контрадикција ќе продолжи со самоуништување до самиот крај, се`додека не се формира едно здраво свесно хумано општество, барем од оние преостанатите кои целосно ја отелотворуваат човечноста и следствено ја разбираат нејзината суштина.

Ако во сегашново самоуништувачко и релативистичко општество, единствената константа е покорувањето на уништувачките агенди, кое по дефиниција го исклучува имањето здрави и човечни принципи, тогаш можеби во тоа ново општество треба да го пробаме спротивното, да имаме принципи. И тоа не било какви, туку едноставни, комплетни, меѓусебно кохерентни, усогласени со суштината на човекот, општеството и пошироката реалност на природните закони. Па од нив да тргнуваме во секоја ситуација и низ нивната призма да се гледа се` без исклучок. Принципиелно, за промена.

Оттука, мое размислување е дека единката во едно ново општество ќе мора во пракса да ги земе слободата, вистината и својот човеков вид како апсолутни приниципи, за тоа општество да се одржи и развива во вистинска цивилизација. Притоа кај цивилизација потенцирам на цивилност, односно неагресија. Овие принципи неслучајно се апсолутни, бидејќи овозможуваат во пракса да се манифестира човековиот дар и искрата за создавање, да се опстојува хармонично, кохерентно, во рамки на природните закони. Додека нивното најмало кршење од било каква причина по дефиниција директно удира во духовниот, интелектуален и физички интегритет, и води кон некој аспект на самоуништувањето кое е спомнато погоре.

Доколку „едноставноста е врвно совршенство“ како што рекол генијот Леонардо Да Винчи, тогаш овие едноставно совршени принципи нека ни бидат знак и водилка за човечноста. Мислам дека не би згрешиле многу ниту од рационален, ниту од духовен христијански аспект.

Со оглед дека сето ова е кажано во форма на кратка провокација за размислување, без детално образложение, можеби за скептичниот ум вака едноставно напишани како обични зборови, принципите вистина, слобода и човек му звучат нејасно, тривијално, паушално, некохерентно, некомплетно или едноставно не резонираат. И тоа е фер. Но концептот можеби ќе стане поблизок доколку се отслика преку еден симбол, кој мислам дека го отелотворува. Тој симбол на сите добро ни е познат, не само зошто сме го виделе или почувствувале во световното или во духовното, туку бидејќи некогаш одамна со години сме го носеле во себе, сме го живееле, кога и самите сме биле чисти, целосни, апсолутни – како невино бесценето дете кое ја сака слободата, вистината, другите деца. На тоа дете мораме и секако ќе му се вратиме, на овој или на оној начин.

Галопирачкиот „напредок“ кон амбисот

Инфомакс

Благодарение на „европските вредности и процеси“ имплементирани по брза постапка од нивните локални војници преку закон со „европско знаменце“, ако се` им помине како што замислиле, за кратко време ќе можете официјално да се изјасните не само како припадник на спротивниот пол, туку на некој од десетиците постхумани или трансхумани “родови“ кои се измислeни минативе неколку години. А со бесплатното ЕУ здравство верувам наскоро ќе ви овозможат и физички да личите на креатурата што сте ја измислиле. Каков прогрес, каков напредок! Но кон што?

Сарказмот на страна, не верувам дека најголемиот број луѓе во невладините и политичките институции кои го туркаат ова воопшто се свесни за несаканите последици на она што го прават. Сепак се работи за максимално девијантна и лукава агенда, во која информациите и активностите се организирани во компартментализирана моќна хиерархија. Но за доброто на сите треба што повеќе да бидеме запознаени со позадината и значењето на она што неслучајно ни се случува во ова време на организирано „големо ресетирање“ (читај уништување) на светот и човекот.

Ајде да навлеземе подлабоко во скриените причини за состојбава и насоката во која се движи. Тука можеби не треба да изненадува доколку суштината на ваква важна и фундаментално извитоперена состојба се крие во основното толкување на метафизиката на реалноста, односно во нејзиното искривено толкување преточено во катастрофални идеологии и државни алатки за присила.

Да нурнеме во сржта на проблемот. Реалноста, која знаеме дека има дуална идејно-материјална природа, од метафизички аспект обично се толкува на два основни и спротивставени начини: идеалистички и материјалистички. Само едниот од нив е валиден. Притоа разбирливо е дека систематската и присилна имплементација на погрешниот пристап за толкување на реалноста би довела до катастрофа на човековиот вид и неговото општество, токму онаква на чија ескалација сме сведоци со секој изминат ден последниве години. Ќе видиме како преку погрешната метафизика стигнавме до тука, каде не` води тоа, а каде би можеле да бидеме ако се насочиме исправно.

Идеализмот подразбира примарност на идејната основа на реалноста, пред материјалната страна која не ја исклучува туку ја афирмира но само како секундарна. По дефиниција овој светоглед ги афирмира клучните принципи на човекот и неговата цивилизација кои ја отсликуваат идејната основа на човечноста – сапиентноста (свеста и совеста): хуманизам, апсолутна и суверена човекова слобода, слободна волја, рационализам, објективна вистина и слично. Идеализмот го уважува постоењето на материјалноста, односно на она што *постои*, како дел од дуалната и објективна реалност. Оттука со ваквиот афирмативен меѓуоднос на идеите и материјалното, природно и логично доаѓа афирмацијата на споменатите хуманистички принципи.

Овој светоглед е манифестиран преку модернизмот, ренесансата и просветителството, кои се најпрогресивните хуманистички цивилизациски движења во поновата историја, а е вграден и во основата на западната класично-либерална христијанска цивилизација која евидентно и неслучајно периодов доживува колапс.

Сходно на идеалистичкиот светоглед, поврзано со темава произлегува дека индивидуално секој може со себе да прави што сака, се` додека ја почитува истата таква слобода на другите, односно го запазува принципот на рамноправност. Истовремено идеализмот со примат на идеите но со афирмација и на материјалното кое постои, значи и дека никој, ниту државата како нелегитимен монопол на насилство, не смее да врши агресија врз индивидуата или народот по пат на вештачка или било каква редефиниција на биолошкото или социолошко постоење на она што значи човек, бидејќи тоа би значело комплетно негирање на реалноста и влегување во патолошка илузија. Да потенцираме, кај идеализмот идеите се примарни, но истовремено во контекст на интегралната идејно-физичка реалност тие се дел од неа само доколку се во релација со физичката реалност. Едноставно речено, не треба премногу да се забегува, особено не кон екстреми како агресија, системска или инаква. Во однос на индивидуалната слобода, сите знаеме дека огромното мнозинство луѓе на индивидуално ниво го прифаќаат либералниот принцип во неговите реални физички рамки.

Но, тогаш од каде доаѓа антагонизацијата, предрасудите и клеветењето кон истото тоа мнозинство, наметнатите поделби и фрикција во општеството од страна на платени активистички групи и медиуми, кои потоа манипулативно се користат како причина за катастрофално контрадикторни и апсурдни законски (присилни) решенија? Да го побараме одговорот во спротивниот светоглед, оној за материјалистичко толкување на реалноста.

Од друга страна, материјализмот e идеологијата која ja детерминира природната реалност и човекот исклучиво низ призмата на моменталната физичка состојба, отфрлајќи го идејниот темел на природната реалност (вклучително човекот како дел од неа) а со тоа и хуманизмот, индивидуалната слобода, креативноста, рационалноста, објективната вистина, и останати клучни општествени придобивки како социо-економската мобилност, итн. Според материјализмот човековата состојба е исклучиво резултат на физичкиот сплет на околности, и таа може да биде променета исклучиво по физички/материјален пат, кој по дефиниција подразбира примена на физичка сила на индивидуално или колективно ниво, експропријација, редистрибуција и слично. Притоа материјализмот, како парцијален поглед на реалноста отфрлајќи ја идејната компонента, целосно ја негира идејата манифестирана како човекова свест, објективна вистина, рационалност, креативност, како начин за економско/социјална мобилност или напредок на општеството. Накратко, ја негира сржта на човековиот вид, неговата сапиентност.

Идејата во рамки на материјализмот единствено наоѓа место како лицемерно злоупотребена, празна и первертирана реторика, по принципот на „целта ги оправдува средствата“. Така идејата исклучиво се користи како алатка во форма на инверзно извитоперена идеологија за индоктринација и оправдување на физичката системска или индивидуална агресија. Соодветно на таквата малициозна намера и недостатокот од добра волја, се наметнува агресивен наратив, без желба за рационална дебата со соговорникот и пронаоѓање на вистината, т.е. најдобрата идеја.

Со материјализмот во пакет одат неговите агресивни идеолошки изданоци во различни сфери како што се марксизмот („дијалектички материјализам“) во економијата, културата и политиката, постмодернизмот во уметноста и филозофијата, и критичката теорија (која го редуцира светот на угнетувачи и жртви) во разни сфери (раса, пол/род, право, физички изглед, телесна маса, итн).

Ваквата материјалистичка матрица значи негација и разурнување на темелите на човекот и општеството, кои се очигледен емпириски резултат на погоре споменатите идеологии. Притоа во материјалистички контекст логично и природно е што основната алатка со која се спроведува разурнувањето е физичката агресија/присила кон индивидуата преку моќта на државата, секако маркетиншки правдана со горенаведената лажна идеологија како алатка.

Мој табеларен приказ на асоцијацијата помеѓу политичките филозофии и метафизичките гледишта.

Конретно во врска со проблемот најрелевантна е Критичката теорија (КТ), која светот го критикува и редуцира на односи помеѓу маргинализирани жртви и мнозински репресори, и тоа од повеќе аспекти: раса, пол, род, возраст, физички изглед, дебелина/обезност, итн. Па така постојат нејзините изданоци – расна и родова критичка теорија и тн. Во суштина КТ се залага за редефинирање/уништување на општествените темели и превземање на моќта во општеството по материјалистички терк (присилен пат преку лажна индоктринација и државна присила), што во типичен марксистичко-материјалистички револуционерен манир резултира со уништување на сите учесници, и на условно репресираните жртви на кои наводно им помага, и на условно репресивното мнозинство против кое директно се бори.

“…like Saturn, the Revolution devours its children…”

– Jacques Mallet du Pan

Затоа јас лично сум апсолутно против секаква агресија, особено кога е системска, и особено кога значи системска патологизација со примеси на мизантропија како во случајов кога е нападната биолошката, интелектуална и духовна суштина на homo sapiens. Односно во случајов се работи за постапно бришење на homo sapiens со своите природни карактеристики со напади од повеќе страни: квазинаука, држава-право, медицина, дигитална технологија, економија, семејство, личен идентитет итн.

Притоа неслучајно како глобален феномен/агенда паралелно се промовира човекова деволуција во стерилен андрогин трансхуман/постхуман homo machina, како што би го нарекол новиот хуманоиден вид со намалена индивидуална свест и совест а со променет организам. Таквиот процес го популаризира глобалната тоталитарна елита на финансиски и династички олигарси, нарцисоидни полубогови, репресори на вистината, затемнувачи на сонцето(буквално), социјални инженери, малтузијанци и еугеничари, борци против природата и животниот циклус, трагачи по бесмртноста, односно транс(пост)хуманисти, конспиратори на многу реалниот „голем ресет“. Таквата група интелектуално е предводена од јавни експоненти како Клаус Шваб, Јувал Харари, Реј Курцвајл, Бил Гејтс, Џорџ Сорос во беспрекорна координација редица други елитистички милијардери, политичари, аристократи и режимски селебритија. Се сеќаваме на нивните ботовски координирани забегани мантри како „новото нормално“ и “6uild 6ack 6etter” кои сите тие одеднаш како папагали истовремено почнаа да ги кажуваат низ целиот свет. Релативизацијата на физичкото постоење на homo sapiens e клучен дел од тоа налудничаво ново нормално. И не само од полов/родов аспект. На пример, сетете се на бомбастичниот дистописки проект Metaverse кој агресивно се промовираше иако никој не го побара, преку кој се наметнува илузорен човечки живот во виртуелна реалност со минимизирано физичко постоење.

Затоа оваа материјалистичка матрица, која врши уништување на човековата реалност преку нејзин физички неодржлив расцеп меѓу идејното и материјалното, доколку биде системски имплементирана, како што се тргнало, според инфраструктурата и процесите кои се веќе ставени во погон, би значела крај на човековиот вид, а се разбира последично и на неговото општество. Ни помалку, ни повеќе.

Од друга страна, работата е далеку од безизлезна. Се` што е потребно за стопирање на деструктивниот процес и рефокусирање кон афирмација на човекот и цивилизацијата е помасовно восприемање на природниот, вистинит, реален, рационален, слободарски и истовремено хуманистички светоглед.

Лесното застранување од правиот и тесен пат

“Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.”

Матеј 7:14

Периодов оваа вистина уште посилно се потврдува. При тековната ескалација на лагата и сето зло што ја следи, особено се предизвикани на искушение оние кои барем делумно ја прозреле и се трудат да останат на правиот но тесен пат.


За жал, многумина од нив застрануваат и пропаѓаат во својот стремеж, како жртва на сопствената некомплетност и умствено-духовна себе-ограниченост, која ги спречува точно да ја восприемат целата реалност.

Сега кога се двојат козите од овците, пред нас често се исправаат прашања од различни сфери, секое со суштинска важност околу тоа дали сме на правиот пат. При овие предизвици доволно е една лага да го пробие филтерот на разумот и да навлезе во светогледот за битието комплетно да се корумпира и асимилира во спротивната страна, без разлика на минатиот труд и просветленост во една парцијална сфера. На тој начин неизбежно се` повеќе се намалува бројот на исправни и достојни.

Затоа се вели „ѓаволот е во деталите“.

Во ова време кога грешките стануваат се` поскапи, за останување на тесниот прав пат потребно е целосно разбирање, или барем внимателност и отвореност кои се добиваат со свесноста за недостатокот на целосното разбирање.

Просто речено, чувајте се од нереална самобендисаност, ограниченост и нарцисоидност. Знаењето е достапно, понудено и на дофат, само треба да се посегне по него, или барем да не се одбива. Бидете внимателни и будни, со скромно, отворено и чисто срце како на дете, учејќи секој ден.

Големото откровение

Феноменот Данинг-Кругер

Во тековниот период на засилена информативна инверзија се потенцира феноменот на Данинг-Кругер. Се работи за несвесност за сопственото непознавање на различни аспекти од реалноста. Таквата заблуденост е изразена во сите сфери на општеството, колку повисоко во системската хиерархија толку повеќе, и со поужасни последици кон животите на луѓето. Она што морално шокира е незаинтересираноста на добар дел од носителите на овој феномен да се соочат со истиот, со можноста да бидат подобри луѓе.

Феноменот се јавува во две основни форми, апсолутна и парцијална. Апсолутната форма значи тотална ботовско-папагалска покорност на лажните идеолошки основи и дневни информации на системот.

Кон оваа форма припаѓаат 30% комплетно хипнотизирани и добар дел од 40% проценти опортунистички хипнотизирани клиентелисти на системот, според категоризацијата на масите формирани со психоза дадена од проф. д-р. Матијас Десмет. Тука ќе ги вброиме повеќемината паметно-глупави, квази-интелектуалци, кариеристички полтрони, како и повеќето академско-професионални звања и титули во рамки на системот.

Другата форма е изразена како недоразбуденост и парцијална ботовска покорност на дел од истите лажни идеологии. За некои ќе биде изненадување што тука припаѓа голем дел од 30% кои му се опираат на системот и не се дел од хипнотизираната маса, според категоризацијата на проф. д-р. Десмет.

Меѓу припадниците на втората форма на Dunning-Kruger феноменот ќе се најдат оние кои уште негуваат една или повеќе од системските инверзни идеологии: социјализам/комунизам/марксизам, веганизам, климатски промени/Малтузијанизам, трансхуманизам, дигитална трансформација, критичка теорија (расна, полова/родова, сексуална, итн), екуменизам, медицински фашизам, неоколонијализам, анти-економски Кејнзијанизам и модерна монетарна теорија, етатизмот во демократска варијанта како *делегиран* монопол на насилство на владетелите, и други глупави идеи кои се поддржани од моќта.

Споменатата дистинкција помеѓу двете форми на Данинг-Кругер е интересна дотолку повеќе што вторите мислат дека се борат против системот, додека суштински сеуште го поддржуваат во другите негови аспекти.

Растур систем

Се работи за голема матрица од лаги, која не е лесно да се заобиколи бидејќи е агресивно наметната во скоро секој сегмент на општеството. Затоа е разбирливо што многумина целосно или парцијално биле заведени. Исто како што е високо доблесно освестувањето и покајувањето, што човечки и христијански мора да биде простено.

Заедничкото на системските лажни идеологии е што се спротивни на трите основи на човечката реалност: вистината, слободата и самото постоење на човекот homo sapiens.

Всушност ова може да се користи како тест за препознавање на карактерот на одредена идеологија. Доколку на било кој начин ги негира вистината, слободата или човекот homo sapiens, карактерот и` е противчовечки, протвприроден и во основа богоборечки. Тоа е инфилтрација и корупција од спротивната страна, која секогаш во основа може да се сведе на суштинска контрадикција.

Контрадикторноста ја доловува и суштината на оваа дискусија – систем во распаѓање кој е базиран на низа инверзни измамнички идеолошко-информативни искривувања на реалноста, од нејзината метафизика до секојдневните настани.

Тоа поткопување и инверзија е во основа егзистенцијална контрадикција или себе-негација, која резултира со анти-систем, или анти-цивилизација. Како таков системот своите припадници заедно со себе ги носи во провалија, по урнек на марксистичка револуција.

Насочен од своите егзистенцијални контрадикции, системот ита кон ултимативен судар со природата и самиот човек како дел од неа.

При сударот на несопирлива сила(системот) во фиксен објект(природата), кога силата хиерархиски му е подредена на објектот (системот физички и логички и` е подреден на природата и креацијата), очигледниот исход е автодеструкција, односно силата да се распрсне во ништожност. Колку повеќе таквиот исход е извесен, толку системот во очај зема поголем залет и ги ескалира своите влогови, како на пример влогот во инверзијата.

Откровението

Како што се засилува неговата инверзија, системот-ѕвер се` повеќе се соголува заедно со целата негова пирамидална хиерархија на лажни авторитети од идеологии, личности и институции. Следствено сведоци сме на бран од индивидуални будења и просветлувања, кои се лимитирани единствено од индивидуалниот капацитет, лимит дефиниран повеќе со немањето на срце отколку на ум. Лимитациите се опфатени во Dunning-Kruger феноменот спомнат погоре.

Разврската на овој судар ќе биде комплетна и човекот ќе може слободен да чекори во целиот свој потенцијал кога ќе исчезнат трагите на илузиите, односно реалноста целосно ќе биде откриена и прифатена од мнозинството.

Колку поскоро го прифаќаме ова откровение во себе, односно ги елиминираме подметнатите идеолошко-духовни инверзии, толку побрзо и побезболно ќе се случи ослободувањето. Старите заблуди мора да изгорат за од нивната пепел да се роди слободен човек – односно човек во полната смисла на зборот, кој може да ја донесе и поднесе вистинската човекова цивилизација.

Јасно е дека колку е поголема заблуденоста и личните бенефиции од истата, толку соочувањето со неа е потешко. Затоа покрај бескомпромисниот интелект, за тоа најмногу е потребно големо срце.

Откровението што го зафаќа светот не чека на никого, туку гази безмилосно. Го чисти житото од коровот. Тоа неизбежно предизвикува индивидуални откровенија кај секого, но клучот е дали тоа се случува навремено или предоцна.

Критичката (родова) теорија и ти

Ликови и организации што не заслужуваат да бидат спомнати, со помош на големи пари од странски интереси и купена локална организирана мрежа, ја кројат судбината на вашите деца преку агенда на индоктринација, перење на ум и (сексуална) злоупотреба-трауматизирање како дел од ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО образование! Односно по закон доколку не им ги доверите вашите деца за таквата школска злоупотреба, вие ќе бидете лош родител и ќе бидете казнети, а детето во секој случај е жртва во ваквиот систем. Како да не е доволно штетното влијание на се` подеградираната сеопфатна поп-култура со која се опколени децата, сега сакаат таквата деградација но драстично продлабочена, од позиција на авторитет најпрво крадешкум, а потоа систематски, присилно и сеопфатно да им ја наметнат и набутаат на децата и родителите.

Информирајте се за ССО, родова теорија, критичка теорија и нивната практична примена односно настаните околу тоа. Не бидете жртва на огромниот организиран ПР од евтина политичка манипулација, слатки зборови и празни демагогии на злосторниците – волци во јагнешка кожа. Децата нека не бидат жртви на слабоста, мрзата, кукавичлукот и корупцијата на родителите. Децата веќе се предмет на обработка од овие патолошки и ненаучни идеологии, кои се тековно имплементирани на свесен, дрзок, безмилосен и беспоштеден начин, наспротив штетата што ја прават врз децата и противењето на родителите. Манипулациите, подлоста и лажењето кои се користат се под човечко ниво. Методите соодветствуваат на целите на оваа стара марксистичка и про-сатанистичка агенда за уништување на темелите на човекот и неговото општество, сега облечена во ново идеолошко руво од критичка (родова) теорија, постмодернизам и постхуманизам.

Со помош на лажниот превез на заштита на нечии наводно загрозени права и инверзна злоупотреба на позитивни зборови како прогрес (кон дното), агендата облекува јагнешка кожа, и постигнува инфилтрација и контрола на државните институции за да може системски да врши патологизација на вашите деца, со цел тие да поддржуваат развивање или самите да развиваат различни форми на сексуална (родова) дисфорија, неповратно уништувајќи ги од интелектуален, физички, духовен и социјален аспект. Какви семејства ќе формираат таквите деца како возрасни ако воопшто формираат? Дали некогаш ќе созреат во здрави возрасни продуктивни индивидуи со надминати трауми и кондиционирање себе и сите други да ги гледаат како дел од циклусот жртва-злоупотребувач кој го проповеда критичката теорија? Како и дали ќе можат да живеат со себе си, соочени со состојбата во која биле перфидно втурнати како беспомошни деца од страна на еден зол систем и слаби родители?

Погледнете што се случува во државите кои се веќе 5-10 години навлезени во овој процес, од каде што доаѓаат и добар дел на парите за тукашната агенда. Преку силата на веќе корумпираните закони и разни диктаторски декрети, предпубертетски деца ги клукаат со хормонални блокатори за да го блокираат нивниот природен полов развој, со цел да ги прешалтаат во друг пол (какво лудило и монструозност), и покрај противењето на родителите!!! Ова засега е кулминација на хорор-циркуското лудило на останатите патолошки феномени како: креирање на стотици измислени родови-полови заедно со свои измислени заменки во речникот, редефиниција на значењето на зборот пол и род и замена на поимот пол со редефинираниот поим род, редефинирање на значењето на поимите маж и жена односно нивно суштинско и биолошко уништување преку државни присилни мерки во семејната, образовната, спортската, медицинската, кривичната и други сфери, итн. Таа фаза на агендата во Македонија полека се надзира, а ќе стигне во целосната форма за неколку години! Штетата од таквата креирана патологија врз неброени луѓе, а со тоа и врз целото општество е застрашувачка и неповратна. Таа статистика корумпираниот систем не ви ја дава, но затоа ве дезинформира и дефокусира со илјада лаги и глупости кои се во прилог на агендата.

Ставете прст на глава, размислете дали сте добар човек и родител и каква судбина му определувате на вашето дете (и другите деца) со одењето по линија на помал отпор и кукавичко молчење? Оваа монструозна агенда мора најостро да се осуди и да се стави онаму каде што припаѓа, во канализацијата на општеството, а не во главите, душите и телата на вашите деца! Согласно со ова, проценете и просудете ги сите луѓе и организации околу вас, како и дали воопшто го третираат овој приоритетен проблем. Не прифаќајте млакост, демагогија или игнорантност, бидејќи прескапо не` чинат сите нас низ минативе децении на наводно суверено и слободно македонско општество кое реално ита кон пропаста на својот народ. Својата енергија и поддршка дајте ја исклучиво во насока на јасна и остра акција за заштита на децата и семејството согласно со принципите на афирмација на човечноста, слободата, и вистината, и за целосно стопирање и казнување на причинителите на горенаведените злостори. Сите јавни актери, особено оние од медиумската, политичката или религиозна сфера, кои релативизираат, игнорираат, репресираат, манипулираат или купуваат време во прилог на агендата се нејзини свесни соучесници.

Познатиот случај со извидниците, кој е дел од мрежата и агендата, добро ги илустрира некои од елементите за кривична одговорност за злоупотреба на малолетници кои се последица на оваа агенда. Прашањето е дали вие преку молчење и пасивност ќе бидете соучесник или ќе бидете на добрата страна?

Да знаеш е да знаеш дека не знаеш ништо

Во време на демистификација на најголемите светски завери, а довчерашни теории, на повеќето од разбудените кои се со добра намера, границaта на разбирањето на ситуацијава им е дека постои НЕШТО кое е директна закана по нив и човештвото. Свесноста околу тоа КОЈ, ШТО, КАКО или пак ЗОШТО е минимална или непостоечка. Но затоа пак себезалажувањето е на високо ниво. Крив бил СДС, ДПНЕ, ДУИ, Америка, Бил Гејтс, евреите, лакоми бизнисмени и корпорации, и останати полувистини или целосни заблуди. За тоа време главните конспиратори тријат раце, а полуразбудените лаат додека заверата си врви.

Како што полека им станува јасно на многумина, недостатокот на свесност, која е клучна одлика на човекот homo sapiens, е најголемиот проблем на денешницата. Проблемот е толку голем што повеќемината не можат да си ја претстават неговата големина и затоа не можат да се проценат себе си, своето знаење и реалноста. Како такви не се способни да дадат сериозен интелектуален или духовен придонес за отстранување на гореспоменатата закана. Свесноста, односно вистината, како клучен фактор на човечкото интелектуално, духовно и физичко живеење и преживување, во ова кризно време е под најголем напад, што ни кажува каде треба да биде најмногу насочено нашето внимание за да одговориме на предизвикот.

Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори.

Ефесјаните 6:12

А предизвикот е огромен и сложен, најсложен. При таков предизвик мораме да го даваме нашето најдобро и истовремено скромно да се прашуваме дали е тоа доволно добро, за да имаме минимална шанса за спас и победа. Макар тоа наше најдобро било само беспоштедно да трагаме по вистината, да се дообразуваме, да се преиспитуваме дали сме доволно свесни, и на другите да им помагаме во истото.

За таа цел потребно е постојано да ја вреднуваме вистината и реално да се проценуваме себе си и другите во однос на неа.

Слободарско кафе

https://www.espressooutlet.net/espresso-outlet-blog/beautiful-coffee-cups/

Колку ли само перфидно, подмолно и брутално темната страна ја первертира и стиска во канџите валканата душа на паднатиот човек кој е нејзин слуга. Така, темнината го уверила паднатиот, и тој секое утро гледајќи се во огледалото потсвесно верува во тоа, дека е слаб, просечен, зависен, беспомошен без лепливата прегратка на темниот корумпиран систем. Љубовта кон себе, и љубовта кон светот ги има заменето со цинизам, нихилизам, деструкција. Тоj ова никогаш нема отворено да си го признае, освен во момент на слабост или катарза.

https://www.saatchiart.com/art/Painting-Creepy-Claw/1023870/3816009/view

Веќе е навикнат на овој светоглед, како друг и да не постоел. Па така успешно плива во системот, користејќи ги сите коруптивни бенефиции кои му или не му следуваат. Сета таа површна материјална корупција ја трупа на местото каде некогаш била неговата душа, но бесконечен амбис не се полни, иако тој се обидува да натрупа сé погрозничаво. Тој верува дека и другите се такви како него дури и полоши. Сета своја злоба и малодушност ја проектира врз другите. Човек на човека му е волк, смета тој. Целта ги оправдува средствата, неретко се потсетува. Па така понекогаш ќе си дозволи да згазне и на некој леш по патот, или на поголем број лешеви ако мора, доколку тоа го побара од него темната страна нели за да му даде некое светликаво наградиче. Свеста, информираноста и совеста, она што во голема мерка интелектуално го прави човек – Homo Sapiens, му ги дал под кирија на газдата, кој ги чува под клуч во фиока. Темниот инверзен систем, таквото получовечко битисување го воздигнува на ниво на врвна етичка вредност, додека паднатиот човек таа перверзија на реалноста со крештење ја бодри и бара уште.

Понатаму, паднатиот човек освен со тривијални материјалности својот внатрешен амбис (его) го полни и со ниски емоционални наслади, особено со завист и злоба кон другите. Затоа сака да ги споредува своите тривијалности со оние на другите и му се полни егото ако во тоа го надминал соседот, колегата, братот. Во вистински важните нешта, како натпревар на идеи, вистина, слобода, човечка добрина, не сака да се споредува бидејќи тоа му отвора сурова рана и доживува болка кога низ туѓиот човечки квалитет за момент ќе му се отслика во контраст неговата духовна беда.

Тој е толку изгубен во системот на темнината, што дури не мора ни да биде поткупен материјално, бидејќи е спремен како наркоман да остане приклештен и да одработува против луѓето и за самата краткотрајна и јалова ниска емоционална наслада. Јас имам, а тој нема. Јас можам а тој не може. Јас имам моќ, а тој ја нема. Својата беда ја претвора во фатаморгана од победа, сурово залажувајќи се. Паднатите како група ставени во ехо комора, меѓусебно залажувајќи се и повторувајќи ги како ехо илузиите кои им се наметнати, буквално сами меѓусебно се држат потчинети во пирамидата на темнината. Никој не смее да излезе од казанот.

Наркоманскиот наплив на емоции е единственото што е битно. Телото избодено од игли, отруено, реалноста целосно деградирана, човечкиот живот згазен, тоа веќе не се регистрира во светот на наркоманот. Сé ќе даде за следниот фикс, и опортунистички го исчекува и зграпчува, дали тој дошол во форма на одобрување од системот (“Да, ти си многу интелигентен.”), или како звање и позиција која му го масира егото (примариус доктор министер господин господин чиновник во пирамидата), или нешто уште побанално како шопинг или пиење на фашистичко кафе кое друг ‘инфериорен’ не би можел да го добие.

Ако ти читателу случајно се препознаваш во сликиве, жалам за твојата привремена болка. Но знај дека највисоката љубов е цврстата љубов, не само од мене што го пишувам ова, туку пред се онаа од тебе кон себе.

Во секој случај ти ја посакувам, бидејќи ако искрено ја побараш значи дека ја заслужуваш, без разлика кој и што си бил. Можеби првиот чекор треба да биде едно мераклиско слободарско кафе, испиено без стеги и илузии заедно со домашните.

Се гледаме во добрата борба.

Да се биде слободен е да се биде

Потенцијалот на целиот човеков вид го носат неговите слободни, слободоумни, слободарски, вистинољубиви, креативни, храбри, духовно силни и принципиелни членови. Тие за човека претставуваат најблиското олицетворение на идеалот човек. Единствено во нив лежи надежта за вистинска цивилизација што ќе го донесе златното доба на човештвото.

Автор непознат.

Но, живееме во време кога до максимален израз се дојдени другите. Другите, своеволно поробените, кои ја абдицирале својата вродена слобода, сервилните, полтроните, насилните, настраните, душевно слабите. Оние кои и` поверувале на измамата дека се неспособни, невредни, безначајни, жртви, кои за грст материјални привилегии и моментална утеха на егото си ја продале душата, и кои го примиле ѕверскиот менталитет „човек на човека му е волк“, станувајќи војници против човештвото во армијата на злото. Низ вековите тие се оловната топка врзана за ногата на човештвото. Заради тие абдицирани абдали не можеме да се наречеме цивилизација. За жал тие се во голем број, бидејќи се интензивно стимулирани и инкубирани на најразлични начини од страна на злото. Како такви, во спрега со средствата за дезинформирање и присила, служат како острица за уништување на народот и промовирање на лажно мнозинство и консензус околу нивните антихумани идеи. Поткупени со шака сребреници и опиени во својот себепрезир кој го проектираат врз светот, достигнуваат доволно инверзен, искривен и антихуман светоглед што им овозможува себе и човештвото да се издаваат и пуштаат низ вода.

Кадар од „Страдањето на Христос“ (https://www.imdb.com/title/tt0335345/)

Тие (себе)предавници, во ова време на кулминација, од оловна топка, преоѓаат во џелати на човештвото. Под диктат на злото се обидуваат да ја елиминираат слободата на првите, да ја елиминираат светлината која осветлува се`, вклучително и нивниот срам и инфериорност. Ќе сакаат да го елиминираат секое жарче слобода, секој зрак светлина, не знаејќи дека тие жарчиња се потенцијалот на нивните деца, на сите идни генерации. Не знаат дека тие мали жарчиња го претставуваат човештвото.

Кадар од „Страдањето на Христос“ (https://www.imdb.com/title/tt0335345/)

Абдицираните предавници уште многу нешта не знаат, или не сакаат да знаат. Не знаат дека да се биде слободен е да се биде човек. Слободата на малкумината слободарци е светлината која го огрева светот. Без таа светлина, ниту сребрениците на предавниците ќе имаат отсјај или вредност. Некои доцна ќе ја сфатат себеизмамата, но тогаш ќе им преостане само темен амбис кој ќе ги зацарува и ќе ја измачува нивната душа.

Кадар од „Страдањето на Христос“ (https://www.imdb.com/title/tt0335345/)

Сепак, доколку превезот пред очите и срцето не им дозволува да ја познаваат слободата, свесноста, креативноста, храброста, како воопшто би можеле да го разберат распоредот на силите? Не знаат дека темнината не може против светлината, неприродното против природното, уништувачот против креацијата, бунтовникот против Бога. Сега е крајно време да осознаат дека треба да го примат Бога и светлината во своето срце за да добијат сила да се покајат и ослободат. Ќе им биде простено. Во спротивно неминовно ќе завршат како Јуда. Изборот е тежок, но истовремено и многу лесен доколку се запали жарчето.

Ниска е секоја цена на слободата

Од филмот „The Passion of Christ“

Среде овој паднат свет влегуваме во Велгиденските празници. Како да настапи привремено примирје на војната помеѓу светлината и темнината. Па некако спонтано Велигденскиот свет дух ни го подзема битието и не` поткрева духовно. Барем на некој ден со златна светлина ја прекриваме темнината, која веќе година дена кулминира низ светот. Во таков пријатен празничен амбиент, крадам слободен и опуштен миг за да ви пренесам мои мотивациски и се надевам реални мисли. Се надевам дека и ти драг читателу си барем на такво духовно место каде што моите зборови ќе резонираат кај тебе.

Велигден го доживувам како огледало на верата, пред се` верба во себе како достоен човек, во полна смисла на зборот човек. А за тоа има многу што да се зборува, но за тоа подоцна. Празников за вистински духовните е време на интроспекција, на полагање духовна сметка, колку сме блиску или далеку од човековиот идеал – Исус. На сличен начин низ овој период на Јованово Откровение и глобално страдање, за целото човештво неизбежно станува време за истото. Епа до каде сме браќа и сестри и што вели сметката за секого поединечно и сите заедно? Одговорот на ова прашање мислам дека ќе не` донесе поблиску до одговорот на она што периодов сите не` копка и гори во нас, односно како понатаму, што после ова Велигденско примирје, каде е спасот и слободата?

Но, да се вратиме на почетокот. До каде сме? Можеби една проста илустрација ќе даде брз вовед во дискусијата по ова прашање. Една слика илјада зборови.

Овие настани, освен последниот кој ми е симпатичен показател дека може народот да се крене ако сака, се одземање на индивидуалната и колективната слобода и суверенитет, додека ние во голем дел спиевме, а некој од нас и соучествуваше на спротивната страна макар и со кукавичко молчење. Секој од тие настани за нормален човек(велам човек во полна смисла на зборот) би претставувал црвена линија, односно доволна причина за беспоштедна и бескомпромисна индивидуална и народна револуција до ослободување. Но ние го имаме изгубено човечкото во нас, особено машкиот принцип на самоодбрана, па дозволуваме да не` газат и понижуваат, обесчовечуваат. Божем ќе ја одложиме битката за преживување за некој друг посветол и поубав ден. Всушност битката е секој ден, а ние бевме кукавици, се мразевме себе, се потценувавме, ги потценувавме браќата и сестрите, го креиравме митот за македончето, игравме за другата страна(!), не живеевме достојни на човечкото, камо ли на човечкиот идеал Исус. Па така спиевме и тоневме се` подлабоко и подлабоко.

Одредена вина носиме секој индивидуално и сите заедно за губењето, односно предавањето на скоро целокупната своја човекова слобода. Интересно во приказнава е што можеби ние како македонски народ по системска репресија од империјата бевме своевиден глобален пионер, пилот проект, но во ова време судбински скоро не` стигнаа сите народи на светот. Сите заедно, целото човештво, сме под чизмата на темнината. И тоа треба особено нам Македонците треба да ни дава поголема верба и импулс. Мора да сме правеле или да сме нешто вредно и исправно, штом толку време и ресурси на нас се потрошени од страна на темнината, та сега сме практично ветерани во однос на другите народи. Не е нешто ново да имаме историска воена или духовна одговорност во борбата против светската империја.

Засега она што ни преостанува од слободата е многу малку, но и тоа е доволно како жарче да распламти и да не врати на нашето праведно место, како свесен, совесен, слободен и суверен човек – хомо сапиенс. Но која е таа слобода, што толку ни ја бараат и одземаат? Што всушност ни одземаат? Ако се согласиме дека човекот поседува вродена слобода да живее според своите вродени карактеристики и според нив да го исполнува својот потенцијал, тогаш тоа значи по своја слободна волја суверено да располага со своето тело, ум и сопствености. Бидејќи таа е вродена, и претставува мерката во која човек е човек, со губењето на слободата се губиме себе си комплетно. Таа е слободата што ни ја одземаат, односно наши браќа и сестри своеволно ја предаваат сопствената и во име на други бесправно ја предаваат и туѓата слобода. Без ова меѓучовечко братско предавство агендата на темнината не би можела да фати тло.

Не само верски и рационално-етички, туку и правно слободата е признаена како апсолутна основа на човештвото. На пример, во член 2 од уставот на РМ не случајно се вели:
Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.
Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.


Дури и правниците знаат дека суверенитетот и слободата се вродени и потекнуваат од човекот.

Од филмот 1984-та, според истоимената книга на Орвел.

Ако слободата е нераскинлив дел од човека, односно мерка за човечноста, тогаш што останува од него ако остане без неа и тој го прифати тоа? Тогаш, световно кажано ја губи свеста и совеста, а духовно кажано го губи светиот дух, со што престанува да биде свесен(sapiens) човек и постанува механичка лушпа, робот интегриран и алгоритамски контролиран од ѕверскиот технолошки систем за контрола. Трансхуманизам и технократија, токму така.

Земјата на злото Мордор – од „Господарот на прстените“

Преку губењето на својата слобода и преку соучесништвото во одземањето на туѓата слобода макар и со кукавичка пасивност, стигнати сме до предавање на човечноста, обесчовечување, себе-поганење поединечно и колективно. Велам предавање, бидејќи се работи за себе-предавство, без кое што сегашното тонење и темнина би биле невозможни. Човештвото и секој поединец треба да се самоуништи, односно да го прифати своето уништување за светлината да се задуши и да зацарува темнината.

Но, исходот е истовремено и индивидуален и колективен. Односно секој е одговорен и може да се спаси себеси и најблиските, со самото бескомпромисно постоење како човек во идеалот на Исус, до самиот крај каков и да бил тој. Доколку некој индивидуално има потонато во темнината и е одговорен за уништувањето на други, и за него има спас доколку со отворено срце и душа искрено се покае, и продолжи да постои како човек во идеалот на Исус. Секој ваков позитивен пример има огромно влијание врз другите. Едноставно блеска со светлина што широко наоколу ја растерува темнината. Заради таквата моќ на примерот ни ги гаснат најдобрите. Но ние сме многубројни и ќе ја осветлиме и истребиме темнината пред таа да не` згасне.

Затоа драг читателу, биди човек и блескај во вистината на своето постоење како човек. Немој да бидеш измамен во себе-потценување, себе-омраза, себе-поганење и самоуништување под било какво оправдување, бенефиции, сребреници. Таквото себемразење потоа го проектираме кон другите и нив ги обесчовечуваме и уништуваме. Тоа е кругот на самоуништувањето на човештвото. Прекини го. Ти можеш добро и подобро. Сакај се себе си како човек, уважи се со сета своја вредност, моќ и потенцијал да живееш слободно и креативно во братство со другите. Сакај го истото и за другите и сакај ги нив. Биди достоен човек, во полната смисла на зборот. Тоа е човекот и човековата цивилизација. Немој оваа сегашна зла империја и анти-цивилизација која го поробува и обесчовечува човекот да ја мешаш со природата на човекот.

Слободата, односно човечноста е прашање на одлука. Одлука со која одбираме дали сме се` што можеме да бидеме сега и во вечноста, или сме ништо макар тоа ништо било обвиткано во украсен целофан. Мислиш светликавите предметчиња ќе можеш да ги уживаш долго време во темнината? Мислиш дека покорен и обесчовечен ќе ги избегнеш брановите на депопулација на човештвото? Револуцијата ги прождира своите деца, и како деца на темнината сите обесчовечени ќе бидат проголтани од неа.

Затоа не се мами. Одлучи, ако е потребно покај се, ќе бидеш прифатен и сам ќе се прифатиш како човек. Како човек се имаш себе, ги имаш другите, имаш допир со Креацијата, со Бога и вечноста. Како поробен бот во технократска тиранија имаш само темен амбис, живееш лажно и празно, а умираш грозничаво и вечно.
Можеби сега е најреално историското
СЛОБОДА ИЛИ СМРТ.

Можеш гордо и со блажена душа да ја продолжиш борбата како човек, светилник за другите. Секој ден, секоја битка е како последна и одекнува во вечноста. Целото Создание и Создателот е со тебе.

Со тоа што си, веќе си победил.

Среќен Велигден. Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

Иновации во Северџанија

Некои скорешни наслови во домашните портали на тема иновации во Македонија ме поттикнаа да пишам мои тековни размислувања на темата. Тема во која интензивно, со лични средства и филантропски бев инволвиран во нејзиниот зародиш и афирмација од 2011 до 2015 преку моите иницијативи Фондацијата Балкан анлимитед, Balkan Venture Forum и Superfounders. За жал важностa на иновативната индустрија и немањето на локален човечки(морален) капацитет, придонесе истата да биде задушена во самиот зародиш. Така денеска од иновации и стартапи во Македонија има премалку реалност, но има премногу ветер и магла, по некој криминал и мноооогу молзење на фејкерски ПР.

Едниот текст што ме поттикна да пишувам е ова интервју, кое според мене содржи очигледно неточни, би рекол и пародични изјави за „зрелиот“ стартап еко-систем на Македонија, кој бил поставен „на мапата“ од страна на „основоположникот“. Всушност колку е екосистемот „зрел“ нека биде индикатор и вториот наведен текст подолу. Нема да правам повеќе „спојлери“, па ќе оставам познавачите и љубителите да го прочитаат со уживање и да ги најдат бисерите.

Вториот текст кој се појави деновиве и ме поттикна да напишам нешто е следниов. Нема што дополнително да се каже.

Ваквите текстови ме поттикнаа да кажам нешто, да ја растерам малку маглата. А и денов беше таков, дувна ветер и ги растера маглата и облаците, па видовме сонце и дишевме свеж планински воздух како ретко кога во овие месеци и години.

Да се навратам на темата со едно резиме на состојбата. Наместо да имаме динамичен и иновативен индустриски и сервисен сектор кои ќе ја движат Македонија кон воспостаување на човековите и општествените вредности, кон висок животен стандард, развој на сите полиња, политичка стабилност на државата на внатрешен и надворешен план, сопирање на одливот на мозоци, сега имаме еден смачкан квази-екосистем, со експресно иселени(изгонети) таленти, без срж и инфраструктура, со непотребно и трагично изгорени идеи, младешки ентузијазми и компании, со шака иновативни фирми без особена експоненцијална патека на развој, но затоа имаме екосистем погоден за евтин и лажен ПР на истите кои го уништуваат, и тотално вклопен во надреалната и апсурдна Северџанија.

Иновативниот сектор беше задавен во зародиш и континуирано е задавуван, а концептот стартап, од нешто што прогресивно и инспиративно, бидна потрошен празен збор и претворен од страна на медиокритетни лебарки во нешто за потсмев. Слика прилика на генералната состојба во земјата. Така инверзијата на човечките вредности и негативната селекција систематски зацаруваа и во најчедниот сектор кој беше во зародиш, во чија срж треба да е меритократијата и високите човечки вредности. Обичниот народ и наивните ги лажеа со евтин ПР и сеуште ги лажат дека ова се тие фамозни иновации кои еве и ние ги имаме кај нас. Оној што правел, бил и видел, ќе знае дека немаме ниту „И“ од тоа. Има едно Потемкино село, кое симулира нешто за дневно-политички потреби, за залажување на масите и најважно за узурпација на просторот. Станува збор за класичен “gaslighting“. Народот го прават луд, одземајќи му ја иднината.

Жалното е што токму тој сектор може и треба да биде моторот за развој и извлекување не само од економската, туку и од политичко-националната криза, и тоа не само на домашно, но и на интернационално поле. Затоа неговото задавување беше и продолжува на систематски начин, интензивно, со домашни и странски ресурси.

Не бидете изненадени ако разни опортунисти и политичари, продолжат да молзат квалитетен ПР во улога на бенефактори на сопствената жртва. Таквата изопаченост и свирепост се во духот на Северџанија.

Доколку некој сака да прочита малку повеќе за развојот на иновацискиот еко-систем во Македонија и во Балканскиот регион, може да пробуричка на сајтовите кои ги линкував на почетокот на текстов, како и меѓу постарите написи на овој блог:

Questions on mRNA triggered auto-immune response

The mRNA technique would change your DNA causing your body to produce the Sars2 spike protein. Then the promotors of the technique would hope that an *auto-immune* response is triggered that destroys the said protein.

Thus, the technique relies on triggering an AUTO-IMMUNE response because it targets something that has been produced by your body and is a part of your body, albeit genetically modified.

Credit: www.science20.com

I would like to pose a few layman questions that may be worth pondering and that perhaps an expert can address:

  1. How do we know that besides the auto-immune response triggered by the spike protein, other auto-immune responses will not be triggered? This is especially relevant in relation to the serious auto-immune epidemic that has already been created by more conventional vaccines.
  2. Which regions of the body is the mRNA designed to target and genetically modify?
  3. Do we know anything about the long-term outcome of human DNA, in terms of which DNA strain would prevail, modified or unmodified? Or to put it more bluntly in oncological terms, would the cells resulting from the modified DNA be malignant(spread and take over the body) or benign(be contained or die out)?

The answers to these questions may be critical information in preventing a potentially catastrophic medical crisis with loss of life, deterioration of health, and economic consequences on a global scale, that may result from the (forced) application of incompletely tested medicines.

Што останува од homo sapiens, без sapiens?

Дали изворно се информираш? Прашувам зошто тоа е клучот до излезот од меурот на страв и хистерија, да разбереш зошто се случува катастрофата и каде е всушност злосторството. Плус ќе можеш да се вратиш од зомбијата меѓу луѓето и да бидеш дел од решението, да помогнеш во ова страшно време за сите. Јас човечки ќе пробам дополнително да ти скренам внимание на некои важни прашања кои се игнорирани или потиснувани од медиумите, политичарите и политички назначените експерти, иако огромен број научници, доктори и истражувачи алармираат за нив. За се` подолу имам изворни материјали или научни трудови. Ако треба ќе приложам дополнително. Од тебе се бара само здрав разум, интегритет и духовна сила. САМО. Одиме точка по точка.

1) ОПАСНА БОЛЕСТ. Знаеш ли што значи стапка на инфективна смртност од 0.03-0.2%? Грипот е тука некаде, можеби до 0.4%.
“Global infection fatality rate is 0.15-0.20% (0.03-0.04% in those <70 years), with large variability across locations with different age-structure, institutionalization rates, socioeconomic inequalities, population-level clinical risk profile, public health measures, and health care. ” – ова го тврди за ковид Др. Јоанидис од Стенфорд и никој не го спори. Само се заташкува. (https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/33026101/).
Свесен ли си дека од Март 2020та Велика Британија ја тргна ковид од класификацијата „Инфективна болест со тешки последици“ (https://www.gov.uk/guidance/high-consequence-infectious-diseases-hcid#status-of-covid-19)?

2) МАСОВНО УБИСТВО. Знаеш ли што значи 100% смртност на респиратор, за болест која всушност има просечно до 0.2% смртност? Стави се во позиција на медицинско лице: доколку сакаш луѓе да не умираат, а ти умираат 100%, и продолжуваш да го правиш истото, дали всушност сакаш да не умираат? Затоа ли беше мобингот и притисокот врз сестрите што избегаа од Инфективна?(https://www.slobodenpecat.mk/katastrofalna-smrtnost-na-paczientite-priklucheni-na-respirator-kovid-19-mozhe-da-se-prezhivee-aparatot-za-dishene-nikako/)

3) ЛАЖНИ СТАТИСТИКИ. Скоро секој ден по некој се јавува во јавност со изјава за роднина што умрел од нешто трето, а го пишале за ковид и го вратиле во лимен сандак. Добар дел од нас, познаваме такви случаи од прва рака. Еве последно денеска со Амди Бајрам (https://centar.mk/blog/2020/10/25/se-oglasi-sinot-na-amdi-bajram-ni-kazhaa-deka-pochinal-od-mozochen-udar-a-ne-od-koronavirus-zasluzhuva-dostoinstven-pogreb/). Заедно со убиствата на респиратор и овие смртни случаи со лажна посмртница се огромен фактор во лажната статистика и креирањето на кампања за паника во служба на координираните про-фашистички мерки.

4) ТЕСТОВИ И ГЕНИ. Знаеш ли што е CTCCCTTTGTTGTGTTGT? Јас не знаев до неодамна, но научив. Тоа е ДНК секвенца, дел од човековиот геном, која е една од референтните секвенци за која се тестира во ПЦР тестот (https://www.who.int/docs/default-source/coronaviruse/real-time-rt-pcr-assays-for-the-detection-of-sars-cov-2-institut-pasteur-paris.pdf?sfvrsn=3662fcb6_2). Значи ти можеш да бидеш позитивен на homo sapiens! Се разбира асимптоматично, како што е модерно да се каже. Со прости зборови позитивен си на нешто, а тоа нешто може да е и човечки геном, и ништо не ти е. Следствено, клучното прашање што се наметнува од ова е од кои организми се останатите десет-петнаесет референтни ДНК секвенци во ПЦР тестирањето, ако едната веќе е докажано дека е од човек?
Можеш ли ова сознание да го поврзеш со бројните примери на лажно позитивни тестови кои излегоа во јавноста или со пародиите за позитивни папаја, коза и пилешки батаци, кои никој не ги спори?
Знаеш ли дека пронаоѓачот на ПЦР тестот и добитник на нобеловата награда Кери Малис, изричито рече дека ПЦР не смее да се користи за дијагностика бидејќи не може да се гарантира точноста? Кутриот почина 2019та година, случајно да не може да ја види кулминацијата на перверзијата што ја прават со неговиот пронајдок.
Поврзано со тестовите, каде изчезнаа 95% од случаите на грип во 2020та година? Дали навистина грипот годинава немаше добар маркетинг и само му послужи на ковид како спотер за повеќе исплашени луѓе веднаш штом почувствуваат и најмал симптом да трчаат да се тестираат? Инаку како ќе знаеа дека ќе има втор бран токму во сезоната на грип? Знаеа дека сигурно ќе има страв кој што ќе го произведат, знаеа дека ќе има грип како и секоја година и знаеа дека симптомите на грип се скоро идентични со оние на ковид.

5) ЈАЈЦЕТО И КОКОШКАТА. Дали знаеш дека Др. Дростен го дефинираше ПЦР тестот за вирусот пред да бидат публикувани официјални информации за геномот од научниците од Кина? Што ти говори тоа?

6) ПЛАНИРАЊЕ И СИМУЛАЦИЈА. Дали знаеш дека корона пандемијата беше симулирана јавно во 2019та (Event 201), а споменувана/најавувана и претходно (од Ентони Фаучи https://www.youtube.com/watch?v=puqaaeLnEww, од ТВ филмови https://www.youtube.com/watch?v=RkjudtP2sZc , https://www.youtube.com/watch?v=KiTUFCKqbVA) Која е веројатноста тоа да е случајно?
Што правиме со бројните патенти за самиот коронавирус, со патентите за вакцините за коронавирус, аплицирани наназад 5 и повеќе години? Кое е тоа револуционерно бизнис визионерство за да се инвестираат големи пари во истражување, развој и заштита на интелектуална сопственост за производи за кои кога биле зачнувани немало никаква потреба на пазарот? И оп, наеднаш експлодира панична потреба за нив, најмногу подгревана од самите инвеститори и „иноватори“.
Знаеш ли дека не им е прв пат да исконструираат и прогласат лажна пандемија? (https://www.abc.net.au/news/2010-06-11/34926)

7) КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕС. Дали знаеш дека Бил и Мелинда Гејтс Фондација е инвеститор во барем седум фабрики за вакцини за ковид (https://bgr.com/2020/04/04/coronavirus-vaccine-bill-gates-ready-to-risk-billions-on-7-candidates/), а истовремено има контрола врз работната група во СЗО која одобрува лекови за ковид на глобално ниво? Дали го препознаваш конфликтот на интерес? Поврзано со ова, дали знаеш дека hydroxychloroquin, кој е промовиран како ефективен лек од бројни студии и потврден во пракса од илјадници доктори, е блокиран од СЗО врз основа на лажна наука, односно врз основа на несакани ефекти кои се причинети од предозирање а не од нормално користење? Дали е небитен фактот што протколите за третман на болеста низ целиот свет се комплетно диктирани од истото тоа СЗО, вклучително протоколите за респиратори, кои со својата погубност ги генерираат голем дел од бројките? Со ова, знаејќи за контролата што ја имаат по медицинска, политичка и финансиска хиерархија надолу до секој агол на светот и држејќи ја полугата во своја рака, нели би постоел начин да тригерираат една лавина од настани кои ги гледаме?

8) МАНИПУЛАЦИЈА. Те скокотка ли малку манипулацијата со називот „заболени“ за сите што се позитивни на ПЦР тестот, особено имајќи ја предвид точка 4 и 5? Го прочита ли коментарот на Др. Пановски на темата? Го следиш ли Др. Марковски?
Зошто цело време манипулацијата конзистентно оди во насока на алармизам, а ниту еднаш не им се лизна барем по грешка да одат кон нормално толкување на науката и кон смирување на стравовите? Тензијата и стравот ги одржуваат како константа, со тенденција кон бесконечност. Горново е само еден пример за како науката ја газат и потураат со пепел.
Друг погенерален пример, еве сите овие точки од текстов се присутни во јавноста и имаат јавно достапни примарни или научни извори. Наместо медиумите и политичарите да се позанимаваат со вистината, неа ја заташкуваат, а везден го бомбардираат народот со ЛАЖНИ хистерични статистики и манипулативни наслови, што е кривично дело според КЗ член 205 став 5. Кривични дела се прават како да ќе нема утре, а за некои можеби и тоа е поентата.
Понатаму, константно се врши тероризирање и тренинг на населението со разните драконски мерки спротивно на науката и често контрадикторно на претходните ставови: те треба те не треба маски, ограничување на движење по часови божем вирусот денски спие, божем ќе се рамнела кривата а кампања не престанува, и така натаму. Таа апсурдна вежба е со кумулативен резултат на изживување врз народот и блокирање на животот. Со нивното упорно и присилно имплементирање се врши навикнување на народот да биде во тотално подредена состојба со одземена базична слобода на живот – уплашен и податлив роб, подготвен на секој апсурдно гротескен начин да се саможртвува за господарот.
Што правиме со тероризирањето на децата со маските, училишните протоколи, преплашувањето, ускратувањето на детството, намалувањето доток на кислород со маските што докажано е штетно за интелектуалниот развој, осакатување на образованието? Се уништува цела генерација.
Понатаму, со стравот и мерките за ограничено движење и собирање се спречуваат бракови, врски, креирање на следната генерација. Се гаси животот. Истовремено се донесува закон за абортус до седми месец. Манијакалниот депопулатор Гејтс со другарчињата елитисти сигурно тријат раце.

9) МРТВИ. Ги броиш ли мртвите и останатите жртви на деспотските мерки изречени под претекст на горнава измамничка кампања? Следиш ли дека низ светот самоубиствата и смртноста од хронични болести се скокнати во огромен процент? Знаеш ли колку милиони предвремено умрени се тоа? Свесен ли си дека болеста со стапка од <0.2% инфективна смртност дури и со тековните фалш напумпани бројки е минијатурна во однос на смртноста од други неприродни причини, вклучително хронични болести и особено јатрогената смртност(причинета од медицинска грешка)? Инаку, медицинската „грешка“ како причина за смртност низ светот е трета, веднаш зад канцерите и кардиоваскуларните заболувања. Значи на белите мантили не им е воопшто туѓо да им умираат луѓе заради нив, како што во ситуцијава им умираат или ги умираат на респиратор.
Понатаму, ако се толку гласни кај една болест со 0.2% смртност, каде се досега сите тие големи глобални и локални душебрижници и алтруисти (волци во јагнешка кожа) да го покренат прашањето за спасување на човечки животи од овие најголеми фактори за смртност? Самата нивна ковид хистерија и деспотски мерки предизвикуваат повеќе смрт од глад отколку од болеста дури и со напумпаните статистики (https://time.com/5864803/oxfam-hunger-covid-19/).
Не сум јас тој што го откри ова и прв стана свесен за ова масовно убиство. Свесни за ова уништување и предизвикување масовни убиства се милиони кои се противат на тоа, но и многумина од оние кои активно или пасивно се на страната на Пландемијата. Е тие вторите се одговорни за злосторство против човештвото.

10) ЕКОНОМИЈА-ЖИВОТ. Повеќето сме економски писмени. Нели приметуваш дека плутократски политички елити го водат светот кон економска катастрофа, а истовремено подготвуваат нео-комунистичко тоталитарно решение под називот на „Големиот ресет“ кој уште повеќе ќе ја зголеми моќта и богатството на глобалните плутократи? Колку милијарди net-worth имаат накачено низ кампањава газдите на Амазон, Микрософт, Волмарт и сличните конгломерати? Проста е логиката: кога умира малиот и среден капитал, пазарот го јадат монополите, додека сите луѓе ќе се приморани да стануваат директно зависни(basic income) или вработени во комплексот кој е спој од државата и монополите. Сон на секој комунист, фашист, …ист.

11) ДИСТОПИЈА ЗА ВЕЗДЕН. Има уште многу важни точки, но ќе резимирам зошто немам повеќе време. Во контекст на сето ова, нели ти е одбивен барем малку тешкиот дистописки нагласок на целата кампања, смрдливото и координирано изнасилено „ново нормално“ кое се најавува да трае засекогаш, особено во комбинација со „големиот ресет“ и низата технократски активности насочени кон поголема тиранија кои ги гледаме секојдневно координирани низ светот? Или толку си оболен од стравот од корона, што чувството за мирис ти откажало та не ја чувствуваш смрдеата? Дали ти е гајле за светот што ќе го оставиме на децата? Или ние нашето да си го одживееме, макар како игноранти или продадени, па после нас нека биде што биде?


Ако така ја отфрламе свеста и совеста, тогаш што останува од homo sapiens без sapiens? Пост-хуманизам, транс-хуманизам? Веќе се случува деградација и дегенерација во физичка, интелектуална и духовна смисла кон нешто ѕверско, кое е слика на онаа циркуска, гротескна, брутална и извитоперена реалност што ја гледаме периодов како постепено го проголтува општеството. Таа ѕверска реалност води кон се` освен кон човечност и цивилизација. Мораме да се исправиме на нозе, со храбро срце бескомпромисно да речеме СТОП на сето тоа, за најпрво да се зачуваме како луѓе, па да можеме да градиме цивилизирано општество кое води во напредок на човештвото и неговиот екосистем. Инаку по сопствена вина и со наша преќутна согласност ќе не однесе матната во неповрат како да не сме ни биле никогаш. Наш е изборот за рај или пекол на земјата.

Подолу во коментарите оставете ваше мислење или слободно побарајте или вие споделете ваши дополнителни извори за било која од погорните точки.

Duality

The male and female duality is one of the many that evil people have been manipulating towards the destruction of society. Another one that comes to mind is the idealism-materialism duality. Those parts of the duality can only exist as aspects of the ONE whole. They can not exist by themselves. And this is why they are being abused by nefarious people.

For a person or a whole society to be balanced and healthy, it must be integrated, not fractured. A fractured person or society that upholds just one of the dualistic principles and suppresses the other is doomed.

Examples of this dualistic fracturing in today’s world:

  • Over the past 500+ years Far east Buddhist or Hindi societies, or east European orthodox christian societies have had a much more pronounced female principle of care, forgiveness and permissiveness at the expense of the male principles of defense, struggle, conquest, exploration. Hence they have allowed to be completely run over by a male-principle dominated Islam.
  • Over the last few decades the western societies have under pressure of social engineering also destroyed or misdirected their male principle of protection and struggle, hence allowing their countries to be dominated by a female principle of submission and care, which has brought on demographic, cultural and potentially other types of destruction.
  • Science seems to separate along the lines of materialism vs idealism, basically cutting out the idea part of reality, although we all know that the smallest units of reality are both matter and wave(information) at the same time.

The AI Singularity and Our Future

In an attempt to solve the dilemma whether the expected superhuman AI singularity leads to a future distopian or utopian civilization, we need to check the basic premises. We must attempt to define general intelligence more succinctly than the current imprecise understanding by culture and science.

“Intelligence has been defined in many different ways such as in terms of one’s capacity for logic, abstract thought, understanding, self-awareness, communication, learning, emotional knowledge, memory, planning, creativity and problem solving. It can also be more generally described as the ability to perceive and/or retain knowledge or information and apply it to itself or other instances of knowledge or information creating referable understanding models of any size, density, or complexity, due to any conscious or subconscious imposed will or instruction to do so.”

Also leading scientists in this field such as Nick Bostrom, are stopping to rely on science by committee or survey with rather liberal suppositions, but rather starting to rely on empiricism or logic. This leads them to a call on viewing intelligence as non-anthropomorphic and a physical phenomenon, therefore calling it an “optimization process”. Dr. Bostrom calls on creating AI that shares our values in order to prevent negative societal outcomes when the inevitable singularity arrives. But he stops short of defining the underlying nature of pure non-anthropomorphic intelligence and analyzing its implications in this debate.

Other approaches arbitrarily compare intelligence to energy, to derive an equation for intelligence as a future freedom of actions with diversity of possible accessible futures. Although the equation proved as a useful hard-AI algorithm, this theory does not definitively explain intelligence.
Thus Dr. Wissner-Gross has to resort to the following ideology in order to magnify the meaning of his discovered algorithms and pin it onto general intelligence:

“The urge to take control of all possible futures is a more fundamental principle than that of intelligence. That general intelligence may emerge from control grabbing.”

With this statement he obliterates the terms he has initially set off to explain, thus treating it as click-bait in order to present us his grand control grabbing algorithm. Sorry Dr. Wissner-Gross, but your are trying too hard to pin your work to general intelligence, and failing at it. Let’s give it maximum credit for what it is, a formidable hard AI algorithm.

Basically intelligence and freedom of action are quite different, albeit related concepts. Intelligence stems from a more fundamental concept than freedom or control. It is the key qualitative characteristic of the existence of “intelligent entities”. The existence of intelligent entities is their conscience, or information awareness or truth in all it’s forms. From basic truths, or trivial truths, to complex linear or recurring patterns of truth.

Within a rational system, I’d attempt to define intelligence in it’s basic optimized form, more succinctly and accurately, as the ability to recognize and expand truth. 

Furthermore, we must define the secondary reference point in this argument, the human intelligence, and it’s relation to the above definition of general intelligence. Empirically and statistically, humanity fails the intelligence test against the above definition. Not a large portion of humanity has a consistent logical intellectual framework, free of contradictions. In cases where logically consistent truth is replaced by ideology and dogma, intelligence is stunted. To envision an end goal for AI in the same general direction the current state of human intelligence is defeating the purpose. Human intelligence as is vaguely perceived by current culture and science, is focused far from true intelligence. Therefore superhuman AI to be feasible in the first place, it must adhere to the basic definition of intelligence, which is significantly different than the vague mainstream understanding of the term.One of the greatest computer scientists Edsger Dijkstra has made this point much more succintly:

The effort of using machines to mimic the human mind has always struck me as rather silly. I would rather use them to mimic something better.
 
Regarding the morality of any self-aware and self-serving intelligence, the key factor for its Utopian or Distopian effects is whether it will initiate aggression or respect freedom of other entities? Freedom from aggression is the main differentiation between a Utopian and a Distopian society.  We elaborate on the essence of freedom in another blog post.Intelligence has the drive of self-preservation and expansion of its knowledge by perceiving or experiencing. Although more challenging, collective and creative experiencing is more effective and experientially richer than it’s alternative, solitary and destructive experiencing. Thus we can posit that a true self-aware AI will uphold the freedom and well-being of other intelligences for the self-serving purpose of aggregate experiencing and expansion.

Thus we find that even the most thorough thinkers on the implications of superhuman AI have missed this fundamental argument, which renders the previous public debate and concerns on this issue lacking in support. In conclusion, based on the logic above the implications of superhuman AI are positive, so let’s just do it properly and look forward to the singularity.