СОВРЕМЕНИ ПАРАЛЕЛИ СО ПЛАТОНОВАТА ПЕШТЕРА

Татко ја раскажува голготата на неговото шестгодишно дете со фрактура и крварење на глава низ македонскиот здравствен(?) систем во време на злосторот против човештвото наречен пландемија на корона.

Кој има уши да слуша нека чуе!!!Сакам со сите вас да споделам едно искуство а воедно и една јавна исповед за тоа што го доживеавме минатиот викенд.Ова го правам за да не се објаснувам поединечно и за да видат сите до кај сме стигнале.Во петокот нашето дете Максим (6 години) падна и се повреди има набиеници на едната надлактица и две фрактури на черепот од кои едната е доста сериозна и беше со мало внатрешно крварење.Од општа олница прилеп беше прегледан ,рендгенски снимки,компијутерска томографија и беше испратен како итен случај за Скопје.Примен во ургентно и префрлен во одделот на неврохирургија.Од тука натаму започна нашата борба која верувам дека многу луѓе ја искусија и станаа посилни ..вечерта бевме “пријателски” пречекани од дежурната сестра која не подреди кој каде да стои и утврди дека неморало сега со количката до соба можело и в раце детето иако бевме со потрес на мозокот не примија во соба двокреветна со едно кебе и една перница кога побарав втора рекоа нема.Над креветот од Максим 4 дена светеше сијалица која беше расипана и не можеше да се извади и исклучи(дење и ноќе).утрото му зедоа крв за испитување и му го ставија системот кој беше ставен во прилеп на кој заприметив дека му беше поминат рокот 4 месеци му зедоа и брис за корона вирус.После неколку часа се појави истиот човек што го боцкаше и го тестираше Максим застана на врата и кажа детето е позитивно на ковид 19 не излегувајте од вратата надвор.По Неколку часа му се влоши состојбата на Максим и побарав помош и добив пола аналгин и ме убедуваа дека ќе му помине .По еден час заприметив оток на слепоочницата прилично голем и се појавив на врата да барам помош пошто ѕвонче немаше и по пола сат од ко ми рекоа влегувај внатре дојде истиот човек и од кога се скаравме и му реков дека е апсурд да лекуваме дете со фрактури и оток со пола аналгин облече скафандер и му стави систем на Максим за кој после се боревме да биде отстранет за да може во вц да појдиме.Другиот ден(недела)се појави доктор на врата кој со душа го чекав за да слушнам мислење кога ќе се прават нови испитувања до каде е внатрешното крварење и т н но наместо тоа добив седете тука не излегувајте никаде детето е позитивно…на прашањата зошто не прескокнаа за храна да дојде некој да ја исклучи сијалицата и топла вода каде има ми одговори како за сите така и за вас и ја лупна вратата повеќе не го видов.На детето на секои 2 ч му беше тешко имаше вртоглавица и повраќаше или имаше нагон за повраќање ама никој не влегуваше во нашата соба оти ние бевме бележани.Истиот ден дојдоа маж и жена во скафандери и уште не влезени рекоа ајде зини да ти земеме брис за корона вирусот јас реков да разговаме оти јас гледам низа неправилности во работата како на пример никаде не беше наведено каква терапија Максим прима ми одговори да не се расправам со неа дека тоа не било моја работа.Кога му кажав дека сакам документ за Максим на кој пишува дека е корона позитивен со потпис и печат од микробиолог добив само премолчување и после тоа ајде зини не кажувај многу.Од кога ме тестираа и мене не видовме човек во нашата соба се боревме за да му стават системче никој не влегуваше иако ги чекавме болеше кога поминуваа на визита и не одминуваа како да сме мртви.тоа се случуваше два дена некогаш ни оставаа кифла и млеко во прав на кваката надвор како на кучиња и тропаа и бегаа.Последниот ден (вчера) се појави на врата заменик директорот на одделение ја отвори вратата како шериф и онака налутено од кај си бе ти…треба да дојде некој да ве земе да си одите готово вие супер сте…после краток разговор дека детето не е прегледано дека не е лекувано и т н ме убедуше дека е супер и дека снимки не се потребни и т н и сватив дека тие сакаат само да си заминиме од таму .Потоа дојде една жена и еден дечко најчесто набилдан да не случајно се тепам со нив и побараа да платам за услугата и откако платив без да ме прашаат повикале брза помош од Прилеп да не земе и лажно кажале дека јас сум ги повикал така да кога стигнавме прилеп требаше и за превозот да платам.Конечно по дена кога си одевме видов насмеани лица кои дотогаш кога и да ги видов беа намуртени.Ни дадоа и отпусна листа на која пишува дека не примил не лекувал и отпуштил дрРоберт Шумковски јас искрено му благодарам за неговото несебично залагање во случајот со нашето дете ама ми е криво што не го запознав.На многу луѓе соочени со гоготата Здравство му е јасно за што кажувам а и едно јавно прашање ќе поставам дали и детето на Венко,Зоран,Горан,Хари и други на истиот начин ќе биде третирано?Знам дека се имате купено и поткупено така да не вреди да се зборува за тоа ама Христос не можете да го купите со вашите валкани пари.Вашето семе ќе се сотре и вашите деца ќе се крена против вас еден ден кога ќе ги потрошите вашите крадени пари.Најискрено му благодарам на сите кои беа со нас и молитвено се застапуваа за нас и максим во ова искушение сакам Господ да ги поживее уште многу години.И Христос го плукаа го тепаа го исмеваа го убија но Христос Воскресна така и ние воскреснуваме со него😇😇😇

Ова е слика прилика на актуелната состојба. На еден здравствен систем, кој повеќе личи на политизиран, криминализиран профитерски болен систем.
Истиот систем(и поединците кои го чинат) кој и во „нормална“ состојба е опортунистичко-профитерски пред се`, во сегашнава состојба на хистерична и лажна пандемија уште повеќе добива замав и ги исполува своите нечовечни карактеристики.
Детето со скршена глава и крварење е злоупотребено за зголемување на статистиката од ковид пандемијата(веројатно со лажен позитивен резултат), додека слободно можело да пцовиса од лекарска негрижа во главната државна болница. Медицинските лица во случајот, како типични пациенти во експериментот на Милграм, роботизирано и цинично ја следат агендата на авторитетот со моќ и брутално ја занемаруваат обврската кон здравјето на детето. Со насмевка и леснотија го претвораат во статистика. Здравјето е последен приоритет! Фејк епидемијата е само потврда на ова.

Ваквиот случај и не е толкава новина за земјава, бидејќи тука деца редовно умираат или се лечат со СМС, а систематскиот хаос е константа, но сега размерот на нечовечна злоупотреба е зголемен паралелно со општото зголемување на хистеријата и нечовечноста, односно намалување на разумот.

Додека добар дел од народот преку отфрлање на свеста и способноста за критичко размислување ја отфрла својата човечност, системот околу него по дефиниција нечовечен базиран на насилство и корупција, таа општа нечовечност ја подзема, ја зголемува и просперира во неа.

Хаосот околу нас се разгорува, со изгледи пламенот да не` проголта сите, гледаме дека пироманите се тие од вестите на ТВ, а ние не сакаме и немаме време да се информираме, во луѓе да се формираме! Слепо со стокхолмски синдром, се држиме за нашите киднапери и џелати. Тонеме во игнорантност, во свесно игнорирање на информациите, игнорирање на прекинувачот со кој можеме да ја запалиме сијалицата во миг. Си тонеме во темната смрдлива кал на мочуриштетот кое сами го создаваме. Пострашно ни е да разбереме дека нашата тапост, кукавичлук и нечовечност се причина и слика на она што ни се случува, отколку да продолжиме да скапуваме во мочуриштето со лажна чопоративна утеха и надеж дека тебе последен ќе ти дојде редот. Божем како ученици во средно училиште, па ако сите заедно избегаме од час, учителката нема да ни стави единици! Но ова е реален свет со индивидуални последици. Оние кои се информирани и со главата малку над калта ни носат пораки и предупредувања од реалноста, ги осудуваме и влечеме назад во калта, бидејќи го осветлуваат и покажуваат нашиот срам. Затоа велат дека е многу полесно да продолжиш да го лажеш народот, отколку да го увериш дека бил лажен. Што сме барале, тоа сме добиле.

Како несвесни луѓе, откажани од својот вроден пред се умствен капацитет, дали разбираме на што се сведуваме? Дали сме свесни за својата активна улога во личната и колективна дегенерација на светот околу нас, фрапантно слична на онаа во приказната Lord of the Rings?? Земјата станува како мрачен Мордор каде ништо не опстанува, освен дегенерирани Орки кои со силите на злото безумно рушат и прождираат се околу себе. Дури и на Водно имаме симболичко здание надвиснато над сите нас кое потсетува на кулата со окото на Саурон.

Деновиве суштества од фамилијата хоминиди, особено похистеричните бабуни од опозицијата, мазохистички бараа од власта построги насилнички мерки за борба со (сенките од Платоновата пештера) галопирачките фејк статистики од корона пландемијата, и еве „стабилниот гениј“ претседател во камшикарски стил испорача нова вонредна состојба. Ти благодариме ти премудар и бларороден спасителу за твоите драконски, но правични мерки!

Кога ќе сакаме некому да се пожалиме за последициве на сето ова, прв кандидат нека биде огледалото, наместо канибалистичките политички авторитети кои јадат живи луѓе.

Секој индивидуално го има капацитетот и потенцијалот да биде човек, и индивидуален избор е дали ќе го искористи. Од сумата на таквите одлуки зависи какво општество сме и дали воопшто сме цивилизација или варварство. Засега сеуште сме варварство, но со блага надеж кон поарно. Глобалниот хаос генериран во овие месеци, на многумина им даде мотив да стават прст на глава и да најдат духовна сила да се соочат со себе и реалноста, на тој начин да се очовечат, да излезат од Платоновата пештера и да го видат денот. Тоа е единствената надеж во време кога во политичката игра се ставени влогови all-in, а пиуните не се земаат за затвореници.

Малку повеќе за алегоријата на Платоновата пештера која е спомната погоре:
https://www.thoughtco.com/the-allegory-of-the-cave-120330

https://wakeup-world.com/2014/01/16/what-platos-the-republic-can-teach-us-about-todays-society/

[MK] Авторитаризам или слобода

Сеуште извира авторитаризмот, впиен во општеството по децении комунизам и последно, по деценија национал социјализам.

Мора да е тоа, инаку како е можно до толку да сме изгубиле допир со цивилизираноста, за да ни е непоимливо општествените ситуации и релации да ги решаваме на волунтарен начин, без примена на агресија/присила? Да потсетам, зборот цивилизација го содржи зборот цивил во себе, што влече изворно значење од класичниот латински како „учтиво, ненасилно“.

Во целата дебата за законот за заштита од пушење земена како пример, нема ниту еден аргумент кој содржи обзир кон цивилноста, ненасилноста кон слободата на група индивидуи да прават нешто во приватна просторија која е отворена за јавноста и наменета токму за правење на тоа нешто. Зошто е непоимливо да може да се пуши во просторија наменета за пушење? Кој е тој етички критериум што го надминува правото на слободно располагање со своето тело, ум и материјални ресурси? Поважно е да се дискутира околу опасната можност кафанџиите да имале влијание врз законот кој нив ги регулира. Тоа било „regulatory capture“, голем баук. Чувај боже, уште пак да си умислат дека можат слободно да работат со своите ресурси.

Одлична илустрација на авторитарниот мајндсет на обичниот човек во Македонија, кој едвај чека да стане тиранин кон другиот веднаш штом му се укаже шанса. Сетоа тоа е разбирливо, бидејќи во авторитарната пирамида, чии белези ги има нашето општествено уредување, тиранијата задолжително се пропагира од горе надолу, ниво по ниво. Недозволиво и физички неиздржливо е пропагирањето да сопре во некое ниво.

Инаку јас сум бивши пушач и повеќе ми годи кога не се пуши, но го бранам правото на другите да прават што сакаат со своето тело, ум и материјална сопственост. Ако е објектот означен како зона за пушење, ќе го земам тоа во обзир пред да влезам како гостин, пред да се вработам, или пред да соработувам со нив. Но нема да лобирам кај државата, односно да и делегирам право кое го немам, присилно да ги спречи слободно да располагаат со својата сопственост.

Ако сакаме да се нарекуваме цивилизација и да се сметаме за цивилни, ненасилни, слободни и совесни луѓе треба да се потсетиме што e слобода. Со тоа ќе ги решиме прво нашите индивидуални противречности, а потоа и општествените. Ако го разбереме ова можеби имаме шанса да станеме цивилизација.