Македонија и Вавилон (ЕУ)

Вреди да се даде една размисла во контекст на посетата на елитниот евро-олигарх Фон Дер Лајен, како одговор на нејзините пораки за наше храбро симнување на гаќите за влез во нивното ЕУ.

Влез во ЕУ повлекува разградување на Македонија, слободата, нацијата. ЕУ директивите веќе имаат негативни ефекти врз македонското општество, но со влез во ЕУ и превземање на дополнителни обврски, нивните ефекти ќе бидат разорни. Особено на темите храна, дигитализација, климатска агенда и деиндустријализација (укинување на горива, репресија врз стопанство и човекови слободи), поткопување на семејни и биолошки улоги, итн. Од статусот на надворешно контролиран „хибриден режим“, Македонија би прешла во провинција на ЕУ супер-државата, со зацементиран назив „Северна“, и би била подиректно контролирана од ЕУ бирократијата и олигархијата што стои зад неа.

Од друга страна, грантовите се морковот со кој го поткупуваат бедниот народ, a всушност не обезбедуваат развој, туку одржуваат мизерија и зависност колку да се издржи до следниот грант. Вистински одржлив развој е единствено можен со локални економски слободи (не со ЕУ регулатива т.е. препреки) и на светскиот слободен пазар.

Околу европските вредности со кои им се полни устите, секојдневно се покажува дека тоа се всушност човекомразачки анти-вредности, пред се` на штета на сопственото европско население. Со тие анти-вредности ЕУ елитата покажува дека е на погрешната страна на историјата, како репресивен тоталитарен деспот против своето население и другите (нео)колонизирани народи.

Како што и самите ЕУ елити најавуваат со нивниот „голем ресет“ и поврзаните проекти, воведуваат тоталитарно ропство врз безлична и деградирана мешавина на луѓе по углед на денешна дигитална Кина и поранешниот аналоген СССР. Човекот го сведуваат на бар код во компјутерска база, при што низ дигитализиран свет полн со сензори и камери за мониторинг, планираат да го контролираат тотално и апсолутно.

При сето ова, опстанок и вистински развој е можен единствено храбро преку сувереност и мобилизација на сопствените капацитети, базирана врз бескомпромисни вредности, кои на пиедестал ги држат човекот-индивидуата, слободата и вистината.

Уште поважно и поитно, за Македонија да се заштити од тековниот налет на глобалистите за воспоставување на светски тоталитарен дигитализиран поредок во кинески стил, мора да остане надвор од ЕУ, и самата суверено да си го наоѓа патот, со сите одговорности, ризици и придобивки кои ги носи слободата. Овој пат е реален бидејќи силата е во народот, кој само треба да биде потсетен за тоа.

Остај тоа. Глеј си ти за себе.

Некој мислава ја кажува во огледало, некој ја вели на децата, некој на познаниците.

„Гледањето за себе“ е потребно. Тоа е дел од природниот механизам за напредок и самоодржување. Индивидуата логички и природно е примарна со својот нагон за самоодржување. Впрочем ако не си добар за себе, не си добар ни за другите. Проблемот е во „Остај тоа“. Човекот нели е општествено битие.

Додека соседот страда од системски наметнати катастрофи кои можат и треба да бидат избегнати (инфлација, масовна (е)миграција, систематски грабеж, нелегитимна присила, перење на умот, идеолошка и културна деградација, болести, нивни лекови, војна, тоталитаризам, отежнат пристап до храна, вода, воздух, слобода на движење, слобода на говор, итн.) ние се вртиме на другата страна и си „гледаме за себе“. Додека се поткопува постоењето на идните поколенија, ние се вртиме на друга страна и си „гледаме за себе“. Каде е тука човечноста, и пред се` нагонот за преживување? Денеска е соседот, утре ќе бидеш ти или твоите деца и внуци.

Кога заедницата, чиј сме дел, е под активна закана од повеќе катастрофи кои потекнуваат од ист или сличен центар, пред се` заради нагонот за сопствено преживување, а потоа и заради хуманото чувство на емпатија, индивидуата треба да превземе нешто. Тука свесното игнорирање на заедничкиот проблем во стил „глеј си за себе“, е еднакво на патолошко самоуништување и социопатски садизам врз другите.

Се` додека многумина со испран мозок, загушена емпатија и сопствен нагон за преживување, се поклоници на вакви антисоцијални материјалистички идеи кои тотално ја игнорираат зедничката опасност, не постои society, општество, цивилизација, туку имаме ѕверско нечовечко брутално постоење. Како ѕверот да го претворил човекот во истото со цел да се самоуништи.

Деморализирани, отрпнати, го толерираме злото што не` проголтува поединечно но и заедно, со децении постојано во заедничка трка кон дното. Во денешниот хипер-поврзан свет, кај заедничките закани пасивни набљудувачи не постојат, туку стануваат имплицитни учесници, поддржувачи на уништувањето. По линија на помал отпор, се вовлекуваме и стануваме дел од револуцијата, вртелешката која во име на хуман напредок уништува стоејќи во место, мелницата на човештвото, која безмилосно ги прождира своите деца.

Со тие материјалистички античовечки идеи и постапки, светот го претвораме од вистински рај во она што денеска го гледаме како секојдневно ескалира. Самите се протеруваме од рајот со секое кучешко „Остај тоа, глеј си за себе“.

За враќање кон рајот потребно е да се очовечиме. Да му го кренеме моралот на човекот да се бори за сопственото преживување и напредок во рамки на цивилизирано (цивилно, ненасилно, слободно) општество. Да веруваме во сопствената свест и совест, т.е. човечност. Таа верба не` отсликува поединечно, заедно, и ја дефинира нашата иднина.

Зошто стана модерно да не си модерен?

До скоро беше модерно да си модерен, нели современ, демек „прогресивен“. Да се воодушевуваш на технолошкиот напредок, да уживаш во некоја од забавите или ескапизми одобрени од естаблишментот, да веруваш дека државната бирократија е сервис на народот, да веруваш во напредок на ова општество, да веруваш во магливата етика на променливите општествени принципи, да веруваш во некаков митски општествен договор.

И така се` беше фино и весело, до моментот кога на мнозинството му стана јасно дека нешто смрди во приказната. Па дали е можно се` да било лага? Како на калеидоскоп се редеа историски настани, кои значеа пропаѓање на приказната. Агендата и пропагандата не го додржаа освестувањето. Со неверување гледавме масовно рушење на основните концепти, институции и авторитети, не само кај нас, туку и глобално: слобода на говор, слобода на движење, телесен интегритет, претставничка демократија, финансиски систем, економија, образование, медицински систем, право на самоодбрана, колективна сигурност,.. и сето тоа во еден период, како по ноти координирано од еден глобално-локален противчовечки естаблишмент, завиткан во тенок демократско-алтруистички целофан. Оние стандардните 30% од популацијата, најзалетаните, профитерите и тапите, останаа верници истовремено и на старата пропадната модерна приказна, но и на новата демек-ресетирана мишоловка, која ја проповедаат истите мрачно-бајати ликови и институции.

Таквиот општествен слободен пад кон амбисот помогна да се запалат светилките во многу глави, прашувајќи се дали сеуште се исплати да се глуми лудило и да се вози нихилистички по линија на помал отпор, поддржувајќи го сопственото системско уништување. Сега кога бродот тоне веќе станува модерно да не си модерен, да не си нихилист, системски подлизурко, паразит, бот.

Така кај многумина, ако не разумот и душата, барем нагонот за преживување придонесе кон освестување за народен отпор и општествено движење за барање на заедничкиот пат напред кон човечко цивилизирано општество. Не назад кон корупцијата која не донесе до тука, туку напред кон нашата суверена судбина. За жал се тргнува од појдовна точка на изгубени во дистопијата.

За да се вратиме на патот, потребно е да разбереме каде излета современиот воз од шините. Модернизмот и пост-модернизмот се двата најважни правци на современиот поглед кон светот. Сите постапки денеска, особено општествените политики се оправдувани под влијание на едниот или другиот. Иако навидум се сродни, во заеднички контекст на современоста, двата правци не можат да бидат поспротивставени. Едниот е анти-теза на другиот. Модернизмот со афирмација на човекот, смислата, разумот, објективната реалност, човековиот потенцијал, идеализмот како основа на реалноста, убавината, уметноста, создавањето, економската наука и општо науката, додека постмодернизмот е негација на истите концепти, со макијавелистички пристап кон моќта, со фокус кон „наративот“ односно злонамерната демагогија во служба на постигнување моќ, и поглед лимитиран на материјализмот како основа на реалноста. Можеби некои од концептиве ќе звучат познато, бидејќи постмодернизмот е идеолошки врзан со за жал популарни човеко-негаторски и материјалистички идеологии како марксизмот, комунизмот, сатанизам-луциферијанизам, „либерализмот“, „прогресивизмот“. Изминатите три-четири децении империјата или естаблишментот го одбра и сеуште го наметнува постмодернизмот и сродните идеологии. Со оглед на неговите веќе испробани горчливи плодови, не треба да изненадува се` поголемиот отпор против сето тоа, и трендот на барање похумани идеи за животот и светот.

Доколку се споредат теоријата и праксата од неодамнешната историја, доаѓа до јасно поклопување со коруптивната и деструктивна постмодерна идеологија како причина за состојбата во која се наоѓаме. Преку медиумите и заробените институции, нихилистичката идеологија досега успеваше да го маѓепса светот и да го втурнува во самоуништување. Но со раѓањето на свеста и откровението на овие суштествени вистини, се фрла светло врз оваа вампирска идеологија која единствено може да егзистира во колективниот мрак на нашите умови и души. Борбата е во доменот на вистината, односно нематеријалното, а против материјалисти тука сме по дефиниција посилни. Во материјален контекст, војната која гледаме дека зоврива во Украина и на Блискиот исток, е последното оружје што го имаат. Ќе се обидат да го фрлат човештвото во самоуништувачка светска војна. Тоа мора со помош на вистината да се спречи или барем ограничи.

Потребно е да не забораваме кои сме како луѓе и кој е нашиот пат напред. Да не забораваме и да не дозволуваме со народот да го играат тоталитарното танго – два чекори напред, еден чекор назад. Мораме да го отфрлиме тој маѓепсан круг, и да ја играме нашата човечка игра, која е со многу едноставни и за нас победнички правила: вистина, слобода, човечност.

ГЕНЕРАЦИСКОТО ПРОКЛЕТСТВО НА КОРУПЦИЈАТА

Корупцијата, интегритетот, или било кој урнек кој децата го гледаат кај своите родители, постанува нивна судбина. Ретко кој излегува од маѓепсаниот круг на семејната традиција. Се рекло – круша под круша паѓа. Затоа политичката и духовна одговорност е голема кај секој што планира некаква иднина за своите деца. Во време на глобално разоткривање и конфронтирање на светскиот систем на корупција и зло, секоја индивидуална и семејна корупција е застанување на погрешната страна на историјата.

Па така некој, во наплив на слабост и себеомраза, можеби ќе си рече, ај ќе се приклонам на моќта (и злото), ќе бакнувам задници со ентузијазам, за жена ми да добие унапредување, за да капне некоја тезга, децата да ги запишам на магистратура во странство, втор стан или викендичка ќе си лапнам, ќе го поткрепувам злото како и другите, мислејќи дека со тоа им остава на децата некој благослов.

Всушност сето материјално брзо се стекнува и се губи. Тоа е привид безвреден во споредба со духовното. Она што им го остава на своите деца е проклетство на изгубениот интегритет и човечност, кое се пропагира низ генерациите. Истовремено на општеството му го покажува своето ѕверско лице, кое се откажало од човекот во себе и во другите. За да го врати човечкото, ќе мора да се откаже од ѕверот во себе, искрено да се покае, да го спали старото. Малкумина се способни за тоа. Децата, свои и туѓи, е грев да се осудуваат на таков предизвик.

Вие кои сте го добиле благословот со чесност и интегритет, со својот човечки капацитет за креација, макотрпно но слободно да го пробивате сопствениот пат низ животот, благодарете им на своите родители за тој животен дар.

ТИРАНИЈА И СЛОБОДА

Светот го уништува фикцијата дека постои некакво право еден да присилува друг.
А ќе го спаси сознанието дека луѓето се еднакви и никој нема право другиот да го присилува. Апсолутно никој, никаде, во никој случај. Особено на масовно системско ниво.
Тоа е разликата помеѓу тиранија и слобода.

Иако слободата е природна совршена состојба, а тиранијата е вештачки креирана и наметната од човек, луѓето се кондиционирани да се плашат од својата и слободата на другиот, и особено од личната одговорност која следува со слободата.
Кога човештвото нема да се плаши од слободата, туку ќе ја прифати, тогаш и ќе ја доживее.

Во денешното турбулентно време, сведочиме кулминација на оваa спротивставеност, каде трката е помеѓу трендот на креирани колективни стравови, кој води кон прифаќање на тотална тиранија, и трендот на просветлување со вистината, кој води кон слободата.

СВЕТОТ ВО СТЕГИТЕ НА КОЛЕКТИВИЗМОТ

Иако следам различни извори на вести и мислења, се чудам како немам сретнато коментар околу два исклучително важни глобални политички феномени кои ги забележувам:

1. Квази-мултиполарноста е фингирана преку две еднородни колективистички страни, кои заедно водат кон еден глобален исход.

2. Варијантата на колективизмот која ја застапуваат двете страни е спротивна од онаа која ја застапувале во 20-от век, и на општата слика што сега се презентира во јавноста.

Следи краток коментар околу овие две запазувања.

Системот кој во 20-от век беше интернационален социјализам од истокот, олицетворен од тоталитарниот комунистички блок, сега метастазира на западот, на човекомразачки начин уништувајќи ги луѓето, градовите, нациите, во име на лажна глобалистичка визија.

Додека системот кој во 20-от век беше национал социјализам од западот, олицетворен од нацистичката оска, сега владее на истокот, со колективистичка мобилизација на сите свои сили за опортунитетен напредок врз грбот на другите народи.

Уништувањето кај едната страна, и напредокот кај другата страна се жестоко евидентни.

Извор на илустрација

Денес светот се наоѓа помеѓу тие две колективистички идеологии, како меѓу чекан и наковална. Безмилосно го дробат светот, уништувајќи го потенцијалот на западот, а зголемувајќи го потенцијалот на истокот, за да релативно изедначени влезат во меѓусебен директен судир, по што разорени, исцрпени и очајни, заедно ќе зачекорат во новиот светски колективистички поредок.

Тоа е квази-мултиполарен свет, во кој јавната дебата, тн овертонов прозорец за она што е прифатливо да се дискутира, е строго контролирана во рамки на колективизмот, каде евидентно паѓаат како жртва човековата слобода, општеството, и самата човекова популација од секој аспект.

Излезот е во враќање кон класичниот либерализам, т.е. филозофијата и културата која ги донесе највисоките дострели и напредок на човештвото во изминатите два века.
Тоа е идеал кој ги возвишува и става на пиедестал човековата слобода, индивидуата со своите високи вредности, резултирајќи кон севкупен напредок на човештвото.

ЕВТИНИ ИЗБОРНИ ПРИКАЗНИ

Странците го ротираат локалниот гувернер

На Мицко изгледа дека му е јасно или му е речено дека ќе дојде на власт. Тоа се чини е неминовно, бидејќи досегашниот гувернер во името на странците, СДС-ДУИ веќе ги потроши своите кредити кај народот, и нема капацитет за други поголеми велепредавства без да предизвика значителна дестабилизација или бунт. Во такви услови империјата е приморана да изврши ротација на гувернерот со решение кое има посвеж кредибилитет, макар лажен фабрикуван, колку да врви агендата. Сјаши Мурто, узјаши Курто.

Како по обичај, тоа би било докажано решение, кое било и сеуште е лојално на сите глобалистички и антинародни агенди и трендови: ковид пандемијата и придружниот терор врз народот, промената на документите, дигиталното ИД, ковид вакцинацијата, влегувањето во ЕУ, променетото име, насоката кон федерализација, економската стагнација, демографски колапс на македонците, членството во НАТО во (пред)услови на светска војна, редефинирање на полот, образовната сексуализација на децата, скалесто одржување на инфлацијата, итн. Ако е така, тогаш вреди да се размисли во која насока ќе не` води новиот гувернер на хибридниот режим.

Програмата на ДПНЕ

Дали некој ја прочита програмата на ДПНЕ? Она што го видов е 100% демагогија, продолжување на националните предавства, глобалистичка агенда (Дигитално ИД – буџет 100 милиони евра рок до 2025, климатска агенда со сето уништување, итн.) , 0% национална кауза и препород, 0% реален економски препород. За програмата вреди да се посвети време и се надевам дека ќе напишам посебен текст со детална разработка особено околу економскиот и глобалистичкиот дел. Вреди да се прочита и анализира бидејќи меѓу демагошките и јалови глупости за мачкање очи, во неа на народот му кажуваат се` што ќе му прават, вклучително и уништувањето по налог на странските налогодавачи. Со тоа си добиваат алиби дека сето е направено со народна поддршка. Па така ги има и глобалистичките проекти од типот на дигитална лична карта, паметни градови, климатски промени, влегување во ЕУ и слично, макар и меѓу редови, слично како што тоа го прави на пример и Левица во својата програма. Интересното е што од аспект на глобалистичките мизантропски проекти и начинот на нивно пласирање, меѓу редови, замотани во магла од други не толку мизантропски но секако јалови и штетни проекти, скоро и да нема разлика меѓу нив. Тоа дава индикација дека добиваат образование, ум, совети, сугестии од слична страна.

Другарот Али

За да се запечати патеката на македонецот кој јава кон зајдисонцето на глобализмот, на Мицко кој има слаба репутација меѓу патриотите, му скока во помош Али, правејќи евтина ТВ провокација. Демек влегува во костец со Мицко, етаблирајќи го како сериозен претставник на македонскиот интерес. Божем не беше некој кој досега се` македонско пушташе низ вода, молчејќи како опозиција и дозволувајќи антимакедонскиот карван да врви. Со жестока раперска вербална битка Мицко се етаблира како комита со тапија, борец и заштитник против Али радикалот. Таквиот театар меѓу Али и Мицко единствено може да влијае кај наивниот дел од народот, да го галванизира и консолидира зад Мицко. Па така со новостекнатиот фабрикуван кредибилитет во комбинација со триумфалната еуфорија по изборите, ќе има акумулирано доволно кредит/надеж кај народот, за во годините што следуваат да ја докусури Македонија и македонците, додека народот се чуди на велепредавството што му се случува. Дај боже да не сум во право, но работите укажуваат на таквата можност.

Чаре

Најжалното во оваа евтина приказна е што Македонија досега не изнедри реална македонска (неудбашка, неглобалистичка) партија со капацитет да добие и долгорочно да издржи во битката. Не дека немало обиди, но за жал тие се покажале како наивни и под нивото на задачата. Ако ништо друго, барем за нешто сме освестени, а надежта последна умира. Во меѓувреме да се надеваме на минимизирање на штетата од полу и меѓурешенијата на шемата Курто-Мурто, додека да се оформи соодветен македонски политички субјект. Доколку ДПНЕ победи, народот ќе мора да се брани токму од нив и перманентно да притиска за одговорност. Тоа ќе биде многу тешко, бидејќи добар дел од деструктивните проекти се отворено изложени во програмата, а преку изборите народот (имплицитно, бидејќи никој не ја прочитал) ќе и` даде свој благослов.

„Младите глобални лидери“ на ВЕФ

Видеото подолу е исечок од семинар за „Младите глобални лидери“ на ВЕФ. Лично познавам некој што е член. Не сте пропуштиле ништо посебно.

Видеото е илустрација за начинот на кој регрутите од програмата на ВЕФ се тренирани за глобални лидери. Некои од таквите лидери се Трудо од Канада, Руте од Холандија, Макрон во Франција, Сана Марин од Финска, Ардерн од Нов Зеланд, итн.

Иако ни се познати, сепак зачудувачко е на какво забегано ниво им го перат умот. Односно, (после вршењето на сите уништувачки агенди) на крајот пустите за награда ќе живееле вечно во компјутерскиот облак (рајот).

Со нивните умовите веќе се во илузорната матрица од лажна пропаганда. Изгубен е контактот со реалноста, со човечкото homo sapiens. Сопственото и општото уништување им го продаваат како некаква хумана мисија, со голема награда на крајот во форма на софтверски рај. Како секта. Тоа, пријатели, се луѓето кои засега не` владеат, си придаваат морален и интелектуален авторитет, и сакаат да се нарекуваат елита.

КВАЗИАВТОРИТЕТИ ПРОТИВ НАРОДОТ

Луѓето воглавно се разумни и добри. Генерално се трудат да дејствуваат во сопствен интерес, а ако може и во општ интерес. Врз овие аксиоми почива човечноста и човековото општество, особено со плуралистичко демократско уредување. Ако го едуцираш за големите придобивки од некој производ, доколку нема големи негативни страни, народот најчесто ќе се потепа за да го добие.

Периодов некои тн. авторитети, всушност политички назначени проститутки за пари и моќ кои се замислуваат елита, туркаат агенда врз грбот на народот која се помалку им проаѓа. Изгледа се раскринкани кај мнозинството.

За да не го признаат поразот, тие креираат наратив кој е инверзија на реалноста. Причината за поразот на нивната агенда наместо во немањето на факти и добри аргументи, ја фокусираат кон конструирана малоумност и нерационалност на народот, кој предлагаат да биде казнуван со државниот апарат за насилство. Да имаа вредни аргументи народот ќе беше едуциран и ќе постапеше како што тие би сакале. Бидејќи ги немаат аргументите и науката на своја страна, прибегнуваат кон закани, манипулации и кон присила.

Демонстрираат мизантропија на јавна сцена. Мразат и потценуваат народ. Добрите намери одамна се провиден целофан, зад кој се крие неукоста, сервилноста, лакомоста, егоизмот, нарцисоидноста, на еден мал слој социопати, назначени како авторитети токму заради својата корумпираност.

Не е народот неразумен. Вие сте сервилни извршители на фашистичка структура, кои во отсуство на факти и аргументи вршат насилство врз народот. Науката ви служи како тоалетна хартија. Вистинските научници ги репресирате како дисиденти. Го уништувате народот и општеството, правејќи реална штета на луѓе, и газејќи ги основните принципи за цивилизирано општество: слобода, вистина, човечност.

Крајот на царевите е почеток на цивилизацијата

Самите сме си криви. Од безумност и бездушност си патиме, зошто бараме крал да не` владее. Си го предаваме личниот суверенитет и слобода на една измама, би рекол дури и свесно, и нелегитимно даваме дозвола во наше име да се спроведува зло врз друг човек. Ние ја создаваме и одржуваме моќта. Таа функционира со наша имплицитна или експлицитна согласност и помош. Без тоа таа не постои.

Моќта има суштинска карактеристика да се концентрира и да корумпира до коска. Иако живееме во тн. демократија, веќе и врапчињата знаат дека за спроведување на некаква народна волја не станува збор. Нема потреба да читаме ниту студии за тоа. Јасно е како бел ден. Целиот народен суверенитет се делегира во системска машинерија, тн. хибриден режим, кој произведува системско зло изразено како репресија, уназадување, дегенерација, уништување, инверзија во скоро секоја област од општественото и приватното живеење.

Инверзијата на принципите и предусловите за човечко живеење е скоро комплетна. Спроведуваме системско гушење на слободата, вистината, човечноста – примарните човекови принципи, предуслов за човечки живот и основни карактеристики на цивилизирано општество. Ние сме соучесници во таа инверзија, одржувајќи го на власт темниот владетел на овој свет со неговата мизантропска свита. Со нашата слабост и незрелост, ние го бараме и му даваме легитимитет да го прави сето ѕверство што го гледаме наоколу. Избори по избори, власт по власт, генерација по генерација, во трка кон уништувањето и дното, се врти револуцијата, која како мелница за месо пред се` ги меле своите деца.

Оттука не изненадува, всушност е сосема логичен и очекуван нападот врз суштинските човечки концепти, за редефинирање на човекот со потиснување и бришење на неговите највозвишени карактеристики и институции, и негово претворање во нешто пониско, понесвесно, поаморално, попокорно, поапатично, посервилно, постерилно. Овој систем е во егзистенцијален судир со човекот и изгледа дека едниот мора да падне.

Во одбрана на неопходноста од систем базиран врз насилство, некој обично ќе возврати дека мора да има ваков систем, инаку кој ќе ги гради и одржува улиците? На тоа можам да се насмеам заради баналниот материјализам и неинформираноста. Или втора теза е дека човекот е расипан, па затоа мора друг човек со практично апсолутна моќ и никакви последици да спроведува тиранија врз другите, несфаќајќи ја длабоката противречност на позицијата во теорија и во пракса.

Истовремено го имаме единствениот вистински цар и господар, Исус Христос, под кој сме еднакви и слободни. Единствено останува да ја прифатиме личната одговорност, што ја носи слободата и директната врска со Бога. Одговорно да го носиме својот крст. Да излеземе од закржлавеноста и заостанатоста на адолесцентната фаза, во која вечно меѓу нас бараме старател да се грижи за нас макар и неправично, брутално и ѕверски, и да не` ослободи од нашата одговорност.

Доколку излеземе од инфантилноста, можеме да се доразвиеме во она што треба да бидеме – суверени луѓе, слободни и еднакви. Тоа или ќе го направиме сега, во догледно време, ќе станеме homo sapiens во полна смисла, свесни и совесни, или шансата ќе исчезне засекогаш. Односно човекот ќе влезе влезе во „новото нормално“ како бот homo machina, каде ќе ја комплетира својата дегенерација во несвесен, неинтелигентен, недуховен, неиндивидуален, неморален, физички инфериорен и контролиран како стока.

Сакаме да го користиме зборот цивилизација. Ни дава привид дека сме дел од нешто подобро, поизбањато, излезено од каменото доба, или дека со ова демек цивилизирано уредување напредуваме (прогресираме) кон нешто подобро. Во пракса гледаме и јасно е кон што регресираме. Веќе некое време забрзано и грозничаво не` туркаат кон некое грдо Ново Нормално. Не дека старото нормално е драстично подобро. И двете се базирани врз насилство, со тоа што кај „новото“ насилството е истовремено посеопшто и посуптилно. Со тоа јасно е дека сега немаме ни ц од цивилизација. Теоретски исто така. Цивилизација и систем заснован врз агресија е контрадикција во поим. Но, додека постои зрно човечко во нас, или Божјата искра, ќе постои идеја, визија и дух за цивилизација.

Кога ќе создадеме цивилен систем, со исклучиво ненасилни и слободни односи пред се` помеѓу помеѓу индивидуите и системот, при што по дефиниција човековите принципи на слобода, вистина и човечност се апсолутни, тогаш ќе можеме да се наречеме цивилизација.

Едноставноста на визијата во случајов е одраз на нејзината софистицираност. Не го прави она што не сакаш да ти го прават на тебе. Почитувај ги слободата, вистината, човечноста во општеството, доколку сакаш истите принципи да бидат применети и кон тебе. Но овој пат темелно и апсолутно, како што доликува за суштински принципи. Во ниту еден системски случај принципите не смеат да бидат компромитирани. Во односите помеѓу индивидуи нормално е да дојде до недоразбирање или одредена патологија, но и во тој случај принципите остануваат на сила. Односно оштетената индивидуа може да смета на слобода (самоодбрана), вистина(информирање на заедницата) и човечност(афирмативен однос), за да се разреши проблемот. Доколку се разбираат принципите, отскоскнува нивната елегантна едноставност и универзалност.

Сакаат да ни продаваат ново нормално наспротив старото. Но тоа е лажна спротивставеност, бидејќи целта на продавачите не е да победи едното или другото. Туку главната цел е засекогаш да се заборави и закопа вистинското нормално. Ниту старо, ниту ново, туку вистинско нормално, за цивилизиран човечки вид и општество. Со природен општествен ред базиран врз апсолутните човечки принципи. Со експоненцијалните придобивки и напредок кои ги носи човековата еманципација.

Инфлацијата, климатската агенда и земјоделието

Бомбардирањето со дезинформации се зголемува паралелно со зголемувањето на нападот врз човекот и општеството. Впрочем никој мирно не би прифатил вакво уништување, освен ако умот не му е темелно испран и одвоен од реалноста, а наполнет со лаги и измислици.

На темата со инфлацијата, земјоделието и климатските баба роги, ајде да бидеме малку пореални, да излеземе од стегите на разните политички климатски агенди кои го потопопуваат светов деновиве. Истите безмилосно ловат наивни и добронамерни умови во маглата која се шири.

Цените скокаат поради неколку директни причини:

1. Заради вештачката флуктуација на цената на енергенсите (војната и блокадата со Русија, попречување на производство и користење на јаглеродни горива, скапи и неефикасни алтернативни извори, манипулација на цените на ел. енергија и грабеж) и логистичките трошоци (ковид затворања, вештачки недостатоци-доцнења на репроматеријали, сега блокада на Црвено море, блокирање на Панамскиот канал),

2. Некадарни и предавнички влади во колузија со локалните трговски картели опортунистички ги цементираат високите цени и вештачки одржуваат висока инфлација и маржи. Тука спаѓаат повеќето производи од секојдневната потрошувачка кошничка, од млеко до лубеници. Поврзано со точка 5.

3. Директниот напад врз земјоделците од WEF-овските политичари ширум светот преку забраните за користење на ѓубриво, намалувањето на сточниот фонд и директното затворање на илјадници фарми (пример затворање на 3000 фарми во Холандија, втор најголем земјоделски извозник во светот). Впрочем овие налудничави мерки се главна причина за селанската буна ширум цела Европа.

4. Последниве неколку години најголемите светски производители и трговци на суровини бележат рекордни неколкукратно зголемени профити, во склад со агендата за инфлација, односно осиромашување на народот. Горниот графикон илустрира 4 пати зголемен кеш флоу кај секторот за производство на суровини за 2022 година (кога почна инфлацијата) во споредба со 2020. Во споредба со упросечена вредност за подолг период, стапката на зголемување е уште подрастична. Долниот графикон илустрира зголемување на профитите кај берзанските трговци на суровини во 2022 – годината кога започна трендот на зголемена инфлација.

5. Финансирање на инфлацијата од страна на институциите, наместо да се остави цените да се стабилизираат. Впрочем доколку народот малку го стегне ременот и помалку троши во согласност со превисоките цени, пазарот по автоматизам ќе ги намали цените. Ова е основниот принцип на формирање на цени според понуда и побарувачка, неопходен за добивање на 6-ка во прва година на Економски факултет. Знаејќи го сето ова, сите тие дипломирани економисти, го пумпаат народот со пари кои стануваат се побезвредни, за да со нив се финансираат трговците и да се одржи трендот на инфлација. Мерките со кои се постигнува ова се скалестото качување на цените, иронично наречено „замрзнување“, во спрега со разните форми на еднократна или спорадична социјална помош и зголемувањето на задолжителните минимални плати. Севкупно вештачкото зголемување на платите само има придонес во зголемувањето на инфлацијата, и во намалување на куповната моќ на народот. Која е користа од 500 евра минимална плата, доколку истата вреди како 250 евра од пред некоја година? Истовремено и заштедата на граѓаните е со преполовена вредност, односно купува дупло помалку производи. Во основа народот е осиромашен. Брутална иронија од страна на политичката елита и нејзините налогодавачи, кои додека го уништуваат народот, му се претставуваат како негови спасители.

6. Незапамтено криминално печатење на пари од страна на властите и централните банки, со што истите се обезвреднуваат, а стоките во споредба по автоматизам поскапуваат. Се разбира дека тие свежи пари внесени во промет се кредит кој народот треба да го враќа. Тоа дивеење со народните сметки, во кое политичките елити го презадолжуваат народот до степен на економски банкрот и хаос, го води светот до имплозија и фамозниот „голем ресет“, за кој мизантропските самонаречени елити тријат раце, додека бројни врвни финансиски експерти од опозициската австријска економска школа предупредуваат веќе со децении. Тоа е крајот на социјалистичкиот концепт на Кејнзијанска економија, со полуслободен (дефакто неслободен) регулиран пазар и неконтролирано печатење(фалсификување) на фиктивни пари за покривање на буџетски дефицити (расипништво и перење пари), кое го продаваат како напредок на економијата (скокнал БДП), а всушност го поткопува концептот на приватна сопственост, стандардот на граѓаните(откако ќе пристигне сметката), слободниот пазар, економскиот систем и целото општество.


Можеби испуштам нешто, но ова би биле главните фактори. Поради нивната неверојатна истовремена „коинциденција“ и фактот што поединечно секој нанесува очигледна криминална штета која може да се избегне, севкупно укажуваат на свесно создавање на инфлација, осиромашување и огладнување на народот, и концентрирање на богатството и моќта во рацете на локален и глобален политичко-финансиски слој, кој е при врвот на пирамидата на овој систем во распаѓање.

Слободно додадете други причини или размислувања во коментарите подолу.

Бескомпромисност за апсолутните принципи е патот напред

Децении интензивно перење мозок и специјални операции против македонскиот народ, доведоа до комплетна инверзија на општествените вредности, во анти-вредности. Ова е светски тренд, но ние сме пионери и ветерани со докажани резултати.

Секој морон со звање и позиција, и особено неписмените лигуши кои гравитираат кон моќта, си мислат дека се некој, само затоа што некој ги доближил до центарот на моќ. За нив тој систем е се`, поголем и поважен од совеста и човечноста. Како верници во системот, ги губат свеста и совеста, карактеристиките кои од примитивен хоминид не` прават homo sapiens. Затоа и трендот на трансхуманизам и постхуманизам е тука, на таквите да им овозможи долготрајно дехуманизирано функционирање.

Пример за ова е начинот со кој ги агитираат и придобиваат полуписмените и мутавите кои се против шемата Курто-Мурто, а во основа се верници во истиот тој систем. Наместо принципиелно да поддржуваат политички опции во чиј прилог се фактите и совеста, ги манипулираат да направат непринципиелен компромис и да се приклонат кон моќта, добро финансираната политичка опција Левица, која од авион се гледа дека е нова национална Јуда коза (малоумниот и монструозен социјализам на страна), или ново ВМРО-ДПМНЕ, со свеж кредибилитет за доуништување на Македонија и македонците под странски диктат. Демек принципиелниот избор ќе бил залуден, глас отиден во ветер, а оној за Левица ќе ја донесе победата на македонската кауза, за која нема збор во програмата, туку напротив! За ова веќе пишував подетално тука: http://aleksandartasev.com/…/ochajno-spasitelski…/

За компромитиран идиот кој паѓа на ваква фора и си ги продава принципите, секогаш поприфатливо му е да го лажат отколку да ја прифати вистината. Таквиот заслужува се што ќе го снајде, кога револуцијата ќе почне да си ги јаде своите деца.

Ако сакаме да го сопреме опаѓањето, и да имаме надеж за наткревање, најпрво мора да се наткренеме интелектуално, морално и духовно. Со постепено компромитирање на принципите и вистината стигнуваме до дното. Принципот на постепеност (Gradualism) социјалистите со нивните антихумани идеи го користат уште од 19 век. За да се оттргнеме од тој постепен тренд на уништување треба бескомпромисно да почнеме да ја шириме и прифаќаме вистината. Да ги уважиме апсолутните суштински принципи: вистина, слобода, човечност. Единствено на тој начин ќе го сопреме градуализмот, ќе ги штитиме вредностите и ќе може да градиме вистински цивилизирано човечко општество врз здрава основа.

Деловите од нас кои се неисправни и метастазираат во темнината, ќе бидат осветлени и спалени од вистината, а на нивно место ќе дојде здраво ткиво. Само така ќе се преродиме најпрво како луѓе, а потоа и како народ.

Доколку сакаме да продолжиме како што сме тргнале, дехуманизирано без свест и совест, тогаш клипов подоле содржи поента која може малку да не`замисли. Се работи за ботовите од Блејд Ранер, врз кои се врши истребување од супериорни битија homo sapiens.

Разликата во знаење е моќ

Знаењето е моќ. Или попрецизно, разликата во знаење е моќ врз другите. Таквата разлика се одржува внимателно и со умисла. Истата е централна стратегија за агендата која се одвива низ сплетот од глобални кризи, секоја уназадувајќи ја состојбата на човештвото, и унапредувајќи ја состојбата на елитите. Мизантропите сметаат своето да го завршат додека народот сеуште не е свесен што му се случува.

Еве ја шемата со која анти-хуманите елити сакаат да го реализираат концептот „Вие нема да имате ништо, а ќе бидете среќни (демек)“. Финансиските аналитичари на големо говорат за „reverse market crash“, односно енормен скок на инфлацијата и цените на тврдите средства преку повторно зголемено печатење пари. Со тоа ќе предизвикаат се` да биде прескапо за масата народ, вклучително недвижнините и останатите средства за живот и за бизнис, додека привилегираните елити кои се најблиску до евтините кредити (поевтини од стапката на инфлација), со нив да купат се`. Мислам дека ова е најверојатната варијанта за следниот период почнувајќи од 2024-та година. Да потсетам дека пред некој ден Американската централна банка најави дека завршува периодот на зголемување на каматните стапки и преоѓа во период на нивно намалување, со што дава потврда на претпоставките за reverse market crash.

Додека одземаат од народот по пат на инфлација, со товарот на големите задолжувања ќе го банкротираат целиот систем и самиот народ, и тогаш ќе го комплетираат тн. „Голем ресет“, со кој дополнително ќе ја зацврстат својата новостекната тоталитарно-диктаторска позиција, а на народот ќе му фрлат коска во форма на универзален основен приход (UBI universal basic income).

Тој приход ќе дозволува мизерна егзистенција и ќе биде условен со беспоговорна послушност кон тоталитарниот систем кој е во подготовка. Послушноста ќе биде гарантирана со милионите дигитални сензори и компјутерски алгоритми (тн. вештачка интелигенција), кои ќе го следат секој поединец секогаш и секаде пред се преку неговите биометриски податоци (лице, отисоци од прсти, геном, ирис, ЕМ предаватели за локација).

Ова е веројатниот план кој е веќе во имплементација. Народот со информираност може да го сопре, бидејќи како добри диктатори, тие играат „тоталитарно танго“ со народот, со два чекори напред и еден чекор назад, прилагодувајќи се на атмосферата меѓу народот. Така се прилагодија и во текот на корона проектот, кој беше дел од агендата за големиот ресет.

Вреди да нагласам дека сепак се плашат од народот заради две причини. 1) Човештвото е суверено на оваа планета Земја, и се` што се случува мора да биде со негово одобрување, макар и неговото самоуништување. Доколу го налутат има примери низ историјата кога елитите тоа жестоко го платиле. 2) Човештвото забрзано ја намалува разликата во знаење со диктаторската елита, и со тоа директно го загрозува нејзиното постоење. На крајот тоа ќе се случи.

Еден од финансиските професионалци кои говорат на темата е Дејвид Веб, поранешен управител на фондови, сега во пензија. Тој има напишано книга и продуцирано документарец на темата, со назив “The Great Taking”. Линкови за нив подолу.

https://img1.wsimg.com/…/1ee78…/taking-ebook-c044a5e.pdf

https://rumble.com/v3yptkd-the-great-taking-documentary.html

ОЧАЈНО-СПАСИТЕЛСКИ ИНДУСТРИСКИ КОМПЛЕКС

Колку повеќе денешницата е исполнета со кризи, толку повеќе се наметнуваат лажни спасители. Гледаме орди од нелегитимни политички мешетари без ронка реален човечки кредибилитет и искуство, кои ветуваат виножита и еднорози, а цело време возот го насочуваат кон пченката. Му мачкаат очи на очаен народ. За некои спасителот е Путин, за други тоа е Левица, за трети беше ДПНЕ, за други е ЕУ, итн.

Ако се суди според текот на настаните, тие спасителства се во најголема мерка илузорни. На пример, доколку Путин и рускиот естаблишмент имаше било каква конструктивна намера кон своите јужнословенски братски народи, немаше да ги остави на лешинарите. Ова особено тежи кај македонскиот народ, кој е најмногу на удар, и истовремено е лулка на христијанството и словенството за Русија. Активноста е нула, освен празните и лицемерни зборови и тоа трае со децении, па и векови. Ниту цент за развојни програми и донации, ниту еден посериозен настан, ништо. Особено ако се спореди со активностите на конкурентскиот „западен“ табор, состојбата станува јасна. Дали е случајно?

Друг пример. Левица перфидно се профилира како спасител на очајниот македонски народ со лицемерна уличарска реторика за пред камери и мачкање очи, додека официјално програмски имплементира глобалистички маоизам и воопшто не ги интересира македонската национална кауза. Нема ништо за Преспанскиот договор, Бугарскиот договор, уставот, рамковниот договор, јазикот. Ниту еден збор за стратешките македонски интереси. Нема ништо конкретно ниту за економски препород и кревање на стандардот, освен редистрибуција на профитот! Кој и како ќе го создава благото кое сакаат да го располагаат, ниту знаат ниту ги интересира. Изгледа на факултет не ги учеле дека за да има леб, некој треба да ја засади пченицата, да направи мелница за брашно, пекара. Лежи лебу да те јадам! Се сеќаваме како се купуваше леб во социјализмот, во редици!

На ниту едно место не е споменат македонскиот народ или македонците. Но затоа се залагаат за ЕУ, за високи даноци, (родова) критичка теорија, „социјална правда“, „инклузивност“, “еднаквост“, „прогресивност“, анти-христијанство, и сето тоа во духот на современиот елитистички мизантропски социјализам. Тоа се најважните работи за нив, додека македонскиот народ по секоја основа го пуштаат по вода.

Со два збора, ниту економски равој, ниту национален суверенитет, ниту слобода. Само продавање на препакувана комуњарска тоталитарна магла и соучесништо во разнебитување на македонскиот народ и држава. Такво лошо мачкање очи пали само кај полуписмени и очајни. Впрочем тој пристап и целна публика убаво се поклопува и со стандардната комуњарска шема позната од минатиот век: преку повикување на најниските гревови (лакомост, мрза, завист) креирање на трајна очајна пролетерска класа, на која вечните комуњарски шампањ елити ќе им бидат спасители симнати од небото што ќе ги даруваат со незаработени социјални трансфери.

Исто така не смее да се заборави, а тоа за жал често се прави, дека социјализмот е најкрвничката и најмонструозна анти-хумана идеологија во поновата човекова историја. Во своите две главни инкарнации, национален социјализам(оној на западниот блок) и интернационален социјализам(оној на левица и источниот блок), социјализмот има убиено над 170 милиони луѓе, од кој најголем дел цивили, само во 20тиот век. Застрашувачки е фактот што меѓу нас сеуште шетаат ревносни поклоници на таа монструозна идеја која го девалвира човекот и човековиот живот во име на лажното „општо добро“.

Да се вратиме на програмата на Левица. Не ми верувајте мене, прочитајте им ја програмата. Во неа, официјално се дефинираат како ненационална (немакедонска) партија, а имаат ограноци исклучиво во општини со македонско мнозинство! Зошто немаат ограноци во Арачиново, Шуто оризари, Зајас…? На што се должи таа противречност и лицемерие? Можеби на вистинските задни намери, кои се исклучиво насочени кон македонскиот народ.

https://levica.mk/za-nas/platforma/

https://levica.mk/za-nas/partiska-programa/

Моја претпоставка е дека Левица е новиот глобалистички (шам)пион за да го доизбрише и донапика разнебитениот македонски народ во новиот („мултиполарен“) глобален тоталитаризам, откако на ДПНЕ и СДС им помина рокот за употреба бидејќи се веќе тотално дискредитирани кај народот со своите велепредавства. Затоа естаблишментот му направи партија и по сите медиуми го промовираше шареното диктаторче. Се случува ротација и освежување на странското влијание на македонската политичка сцена.

Луѓе бидете будни. Врие од лажни спасители, волци во јагнешка кожа. Тие ја вршат функцијата на јуда коза, а тоа е тренирана коза што ги води наивните овци до кланица, додека нејзиниот живиот бидува поштеден. Решението треба да го бараме во внатрешни и автохтони идеи и луѓе. Доста генерации изгинаа и изгнијаа подавајќи си ги енергијата и животите на измами од душманите. Како што тргнала работата, ние можеби сме меѓу последните генерации македонци со каква-таква слобода нешто да направиме. Затоа и нашата волја и дело се уште поскапоцени. Да ги штедиме од залудно изгорување и да ги насочуваме кон вистинските решенија.

Решението е пред се идеја која ќе доживее имплементација. Идејата е најмоќното оружје во рацете на човештвото, зошто живееме во физичка реалност со двојна идејно-материјална природа, но пред се` да не заборавиме дека прв беше зборот-идејата. А нашата изворна автохтона идеја не е ниту десна, ниту лева. Таа не постои во вештачки наметнатата општествна рамка за прифатливи идеи – Овертонов прозорец.

Нашата македонска идеја е универзална, во склад со универзалното цивилизациско значење на Македонија, како папок на светот уште од памтивек, од Александар. Од времето на Македонската империја, која за разлика од својот антипод, Римската, единствена во историјата создаде универзален хуманистички светски поредок кој ги третира со почит и еднаквост сите негови делови и народи. Со негување на знаењето(вистината) преку Александриската библиотека, со давање автономни слободи на нациите, и афирмација на човекот и човековиот потенцијал низ подвигот на еден човек од крв и месо – Александар. Низ историјата и до денешен ден, можемеме да видиме како нејзиниот антипод Римската западна (нео)паганска империја, се потпира врз спротивното: окултизам(криење на вистината), експлоатација, асмилација, бришење и поробување на човекот. Слободата, вистината и човечноста, кои се врвните принципи на македонизмот, од денешната империја се репресирани во поим. Како што стариот Рим со петте Римско-Македонски војни ја толчеше и бришеше Македонија, тогашната матица и центар на светот, така и денешниот Рим, модерниот Вавилон, се обидува да ги избрише последни остатоци на духовната и цивилизациска матица на Европа, заедно со идејата која ја претставува.

Македонската идеја била и останала слобода, вистина и човечност. Како сплет од три едноставни но суштински содржајни принципи, идејата е кохерентна, рационална и комплетна. Таа претставува филозофско-духовна основа споена и со духот на нашата вера православното христијанство, не само во Светото писмо, туку и на дело, во градите на секој македонец и чесен човек. Не случајно трите принципи на македонската идеја се манифестирани и низ нашиот вековен симбол – жолтото сонце, кое истовремено на секој човек кој е под сонцето еднакво му дава светлина(вистина) и предуслов за (слободен) живот.

Интересно е што во нивната чиста форма овие три принципи денеска се најконтроверзни и анти-системски, односно му пречат на естаблишментот. Слобода, вистина, човек? Сето тоа е застарено и неприфатливо за современите глобални трансхуманистички елити и нивните локални пиони. Репресијата на македонската идеја уште повеќе ни дава потврда дека во тројството на тие несоборливи апсолутни принципи се содржат сите наши национални и социо-економски каузи. Нашиот инстинкт за национално преживување и ослободување, нашиот македонски алтруизам и пацифизам, нашиот економски препород, и нашиот духовен и културен препород и доаѓање на Македонија и македонците на своето вистинско место. Едноставно битот на македонскиот народ е содржан во македонската тројна идеја. Излезот и решението се подаваат сами по дефиниција доколку го сочуваме најпрво личниот интегритет, и преку сите свои дејства ја афирмираме македонската идеја. Тоа налага придржување и темелна примена на трите апсолутни принципи низ сите останати секундарни идеи и активности. Замислете принципи, како за промена. Насушно потребна промена.

Македонецу разбуди се! Те лажат и те бришат. Дури те прават и соучесник во сопственото уништување. Часот е 5 до 12. Станувај!

Стариот темен свет умира, се раѓа новиот

Факт е дека живееме во интересно време, можеби најинтересно во историјата. Но тоа не е се`, туку деновиве времето станува уште поинтересно. Таквата возбуда некому можеби веќе му е отповеќе и помислува, „Сопрете го возот! Сакам да се симнам!“.

Како што ескалира состојбава, постирам по некое кратко мислење со надеж да внесам малку смисла во работите. Но сепак ваква жешка ескалација, со потенцијално судбоносна разрешница за целото човештво, чувствувам дека бара мал осврт, барем на кратко да се стави ситуацијата во некакви фактички рамки. Бидеќи медиумите и естаблишментот секако не го прават тоа и се чини ги водат народите во бездна. Останува на нас самите да се обидеме да внесеме светлина во овие матни времиња.

Во услови на глобална систематска измама врз народите, оние кои наивно веруваат во лагите на естаблишментот и фаќаат страна во лажните спротивставености кои им се сервираат, итаат кон својата пропаст, но со нив ги влечат и останатите.

Дента кога ескалираше состојбата на Блискиот исток го постирав писмото на главниот американски масон Алберт Пајк до еден од европските главни масони Џузепе Мацини, во кое уште 1871-ва е изложен планот за трите светски војни, преку кои треба да се дојде до зацарувањето на антихристот. Документот добива кредибилитет од фактот што планот досега е прецизно спроведен. Следува конкретниот извадок од писмото:

„Првата светска војна мора да се изврши за да им се дозволи на Илуминатите да ја соборат моќта на царевите во Русија и да ја направат таа земја тврдина на атеистичкиот комунизам. Различносите предизвикани од „агентурите“ (агентите) на илуминатите меѓу Британците и германските Империите ќе се користат за поттикнување на оваа војна. На крајот на војната, комунизмот ќе биде изграден и искористен за да се уништат другите влади и да се ослабнат религиите“.

„Втората светска војна мора да се поттикне со искористување на разликите меѓу Фашистите и политичките ционисти. Оваа војна мора да се спроведе за да се уништи нацизмот и политичкиот ционизам да биде доволно силен за да воспостави суверена држава Израел во Палестина. За време на Втората светска војна, меѓународниот комунизам мора да стане доволно силен за да може го балансира христијанскиот свет, кој потоа би бил воздржан и држен под контрола до времето кога ние ќе му треба за конечната социјална катаклизма“.

„Третата светска војна мора да се поттикне со искористување на разликите предизвикани од агентурата на „Илуминатите“ меѓу политичките ционисти и лидерите на исламскиот свет. Војната мора да се води на таков начин што исламот (муслиманскиот арапски свет) и политичкиот ционизам (Државата Израел) меѓусебно се уништуваат. Во меѓувреме, другите нации, уште еднаш поделени по ова прашање, ќе бидат ограничени да се борат до точка на целосна физичка, морална, духовна и економска исцрпеност… Ќе ги набоцкаме Нихилистите и атеистите (заб. левичари), и ќе предизвикаме страшна социјална катаклизма која во сиот нејзин ужас јасно ќе им го покаже на народите ефектот на апсолутниот атеизам, потеклото на дивјаштвото и на повеќето крвави превирања. Тогаш секаде, граѓаните, должни да се бранат од светското малцинство на револуционери, ќе ги истребат тие уништувачи на цивилизацијата и мноштвото разочарани со христијанството, чии деистички духови од тој момент ќе бидат без компас или насока, желни за идеал, но без да знаат каде да му се поклонат, ќе ја примат вистинската светлина преку универзалната манифестација на чистата доктрина на Луцифер, конечно изнесена пред јавниот поглед. Оваа манифестација ќе произлезе од општото реакционерно движење кое ќе го следи уништување на христијанството и атеизмот, и освоени и истребени во исто време“.

Сите информации потврдуваат дека тековната ескалација секој ден незадржливо се зголемува од сите страни, и дека ќе ја доживееме третата светска војна, токму онака како што предвидува планот. Како никогаш досега, на сите страни се подгрева екстремизмот и се повикува на геноцид, религијска војна, и слично. Се формираат радикално спротивставени оски составени од најмоќните држави во светот, и најопасното е што спротивставеноста е егзистенцијална (или тие или ние) и се темели врз религијска, културолошка и цивилизациска основа. Повиците на разни сегашни или поранешни големци од двете страни одат од масовни терористички напади до употреба на нуклеарно оружје.

Изгледа дека се подготвува терен за да согорат сите активно но и пасивно засегнати страни: муслимани, евреи, христијани, атеисти/нихилисти, по истиот распоред наведен во писмото.

Мора да разбереме дека непријателот не се народите, верите и соседите, туку елитната глобална сатанистичка клика, која во сатански манир во себе негува голема омраза кон се` што е човечко и Божјо. Таа клика има со векови развивана мрежа во сите земји на светот, преку разните масонски, квази-религијски, корпоративни и државни подмрежи, која низ генерации стрпливо го извршува својот план за светска технократска доминација и геноцид врз човештвото. Нивниот начин на делување, со извртување и уништување на секоја вистина и вредност, целосно прилега на духовната инспирација и насока која ја имаат. За нивниот modus operandi сме читале или сведочеле преку разните провокации и извртени наративи кои завршија со милиони мртви и огромно разурнување: Заливот на Тонкин, воениот брод Либерти, 11-ти септември 2001-ва, бебињата од инкубаторите во Кувајт, оружјето за масовно уништување на Садам, диктатурата на Гадафи, диктатурата на Асад, итн… Само што овој пат се случува нешто многу поголемо, односно глобално.

Се сеќаваме кога Медлин Олбрајт, како министер за надворешни работи, отворено и бездушно рече дека смртта на 500.000 деца во Ирак (моја забелешка: под лажни причини за инвазија) е оправдана. Тоа е таа античовечка глобалистичка клика, која досега воопшто нема поднесено одговорност, но набрзо со рушењето на стариот нивен свет ќе се соочи со својот суд.

Оттука, треба да е јасно дека нихилистичкиот наратив кој долго време го развиваат дека човекот е зол по природа и следствено затоа светот е онаков каков што е, е лага и дел од нивните инверзии и начин за спроведување на целите. Човештвото низ вековите е подјармено од нивната империја на злото, која не го остава слободно да диши и му го крои неговото уништување.

Како активен дел од таа империја, скоро ниту еден врвен актуелен политичар не е народен спасител, како што сакаат да се претставуваат, туку напротив тие се лажни пастири, кои своите народи ги водат кон кланица или поробување. Мрежата на контрола во нивната хиерархија е безмалку целосна. Ниту православниот спасител од Русија со своите глобалистички и античовечки програми за мРНК вакцинирање, ковид затворање, дигитална тиранија, дигитална рубља, одржување на расцепот на словенството и братоубиството во Укранина, не е она што се претставува. Ниту Трамп, со неговата Ворп Спид програма за мРНК вакцини и одржувањето на мочуриштето од корумпирани дип-стејт бирократи кое се заколна дека ќе го растури. Споре мене, евидентно е дека се работи за јуди кози, односно кози кои се тренирани стадото овци да го водат до кланица.

Светот, кој со милениуми му припаѓа на сатаната и неговата клика, сатанистите плански го рушат со цел да создадат нов свет во кој ќе имаат вечна феудална власт, каде ќе бидат обожувани од расчовечен народ. Опиени и ослепени од својата дрскост и ароганција, проклетниците не ја разбираат својата ништовност во однос на човештвото, природните закони и Бога. Па така во кулминацијата на хаосот што самите го создаваат, ТИЕ ќе бидат отфрлени и прочистени како отров од телото на човештвото, засекогаш. А по падот на нивниот свет, кој толку вредно го подготвуваат, ќе изникне нов, но не нивниот темен ропски и противприроден со тотална контрола и експлоатација, како што тие перверзно се надеваат, туку свет кој е слободен и хуман, каде владее природен ред и меритократија, оплоден и оплеменет со светлина и Светиот Дух. Подгответе се и дочекајте го правејќи нешто.

Одговорот лежи надвор од системот кој го распаѓаат, во нов свет сочинет од самите нас, од обичните луѓе, како еднакви под водство на нашиот вистински пастир, Бог Исус Христос.

Слобода или мултиполарен свет

Извор: https://www.youtube.com/watch?v=dmr03cIUCNw

“Мултиполарниот свет” е параван зад кој се развива најголемиот глобален *еднополарен* систем во човековата историја: глобалната дигитализирана човекомразачка тиранија.

Со терминот „мултиполарен свет“ се чукаат во гради гејткиперите и идиотите.

Таквите промовираат *теза* за англосаксонска западна империја наспротив *анти-теза* БРИКС – источни земји во развој, со очигледен и предвидлив резултат (синтеза): уништувањето на тн. „еднополарен свет“ олицетворен од американските и европските држави. Поборниците на оваа теза немаат доволен когнитивен капацитет да ја разрешат нејзината контрадикција во смисла што тие две наводно спротивставени глобали елити (особено „англосаксонските“ и останатите западни) кои на надворешно-политички план демек се борат за глобална хегемонија, додека на внатрешен план работат на уништување на своите држави и народи, на чие забрзано цивилизациско и мизантропско тонење сме сведоци секојдневно.

Се разбира дека државите не се целта, туку преку нив одвнатре и однадвор се врши уништување во насока на геноцид и на нивните народи, кои се ретките што сеуште имаат слободарски универзалистички (христијански) дух.

Единствената моќ која злото ја има на овој свет е да го натера човекот самиот да се уништи. Иронично и трагикомично „сам себе го убиел“.

Супресирањето на филмот „Звукот на Слободата“

Деновиве најгледан филм во американските кина е Звукот на слободата – The Sound of Freedom со Џим Кавизел во главната улога, познат од филмот Страдањето на Христос (The Passion of Christ). За една недела Звукот на Слободата заработи над 40 милиони долари и го надмина во приход Индијана Џонс 5, кој се прикажува истовремено.

Темата на филмот е вистинита приказна за глобално организираната трговија со деца и нивна злоупотреба. Интересно е што медиумите наместо да ја популаризираат приказната со што би се свртело јавното внимание кон заштита на тие деца и гонење на сторителите, тие прават се` за да ја маргинализираат, дискредитираат и закопаат. Координирано, како да се дел од една мрежа и хиерархија, слично како и за други клучни теми. И покрај ова филмот е најгледан, бидејќи резонира со интересот на публиката.

Од друга страна кога стануваше збор за фимот “Cuties” кој популаризираше сексуализација на пред-пубертетни девојчиња, истите тие медиуми едногласно гнасотијата ја промовираа.

Зошто толку им пречи разоткривањето на системската злоупотреба и трговија со деца? Дали затоа што меѓу самите нив во естаблишментот и медиумите има многумина кои се вмешани, за што во континуитет читаме изминативе години?

Или причината е што злоупотребата на деца е грев за кој едноставно нема оправдание и простување, а кога е поврзан со системот или естаблишментот, претставува сериозен ризик за разоткривање на неговата зла суштина? Тоа е темата во чија срж лежи чистото зло, со кое обичниот човек самиот не сака да се соочи. Исто така и естаблишментот тоа не може да го дозволи доколку сака драмската претстава да продолжи.

Обичниот човек е веќе навикнат и премолчено го одобрува секојдневниот криминал, системски и организиран, кој го гледа на вести: корумпирани политичари, измамени гласачи, итн,… Истото тоа го оправдува под дејство на пропагандата и на својата слабост под мотото – „Снајди се и живеј“. Во голем дел својата деградирана ропска егзистенција му ја должи на системот и му е неопходно да верува во неговата морална коректност. Дека во суштина системот е добар за сите, дека и другите луѓе кои се дел од него, секој со своите простливи човечки маани кои понекогаш навлегуваат и во криминалитет, сепак се грижат да се максимизира доброто за народот, или во поцинична варијанта барем да не одат директно против имотот и животот на народот. Она *индиректното* но постојано и систематско одење против добробитта на народот, обично лоши работи што им се случуваат на некои други, е табу тема наменета за поциничните и се изговара приватно со низок тон. Таквото индиректно и постојано системско зло е табу тема во културните, добростоечки и подобни кругови. Кој би сакал да си го нарушува расположението и имиџот со такви незгодни теми? Не дај боже да се погледне во огледало признавајќи дека е дел од тоа. Само „Викај ура“ и „узми што ти живот пружа“.

Една илустрација на прблемот е исчезнувањето на 80.000 емигрантски деца без родители во САД. Во ова видео конгресмени и сенатори го потенцираат истиот пробем, додека владините наделжни служби се незасегнати.
Свиркач од американската влада во врска со организираното спроведување на непридружени емигрантски деца кај непроверени американски спонзори.

Но за разлика од тие секојдневни крииминали и индиректни зла, соочувањето со системската злоупотреба на деца истиот тој обичен човек би го соочила со директното и сурово зло кое е навлезено во секоја пора на системот чиј дел е и самиот тој. За таквото зло, не постои друг одговор на прашањето „зошто“ кој е лесен за совеста. Единствениот одговор ја разголува бруталната реалност – а тоа е дека се работи за чисто библиско антихумано зло. Онакво зло кое се надзира зад еден куп антихумани идеологии и државни програми кои периодов грозничаво ги турка естаблишментот. Соочувањето со тој факт кај обичниот човек би ја довело во прашање неговата човечност и идентитет, при што во борбата меѓу овие спротивставености во повеќето случаи злото ќе биде отфрлено а победник би била човечноста. Ова би довело до растурање на вербата во моралната и концептуалната основа на самиот систем и би отворило многу прашања.

Што е суштината на злото и како метастазира низ системот, општеството и индивидуата?

Ако злото се крие во закрилата на системот и претставува негова срж, зошто го одржуваме и храниме таквиот систем? Што е алтернативата?

Каде завршува слободата, а каде почнува тиранијата?

Каде завршуваат сопствените права, а каде започнува репресијата врз другиот?

Која слобода и права ни се вродени, суверени, и можеме да ги делегираме, а кои не?

Можеби затоа системот толку грчевито се бори за да ја одржи темнината. За да останеме негови несвесни и пасивни поддржувачи, односно поддржувачи на нашата сопствена пропаст, и да не сфатиме дека ја живееме кулминацијата на битката помеѓу доброто и злото во која сакал-нејќел секој од нас фаќа страна и е учесник.

Системот, т.е. естаблишментот, т.е. империјата на злото е исплашена и се бори да преживее зад плаштот на темнината. Со продорот на вистината свесноста на обичниот човек се зголемува. Затоа империјата е во трка со времето и глобално ги зголемува своите влогови на сите полиња. Навреме берете ум и фатете ја вистинската страна.

Кажи и биди

Кажи им НЕ на присилата, лагите, мизантропијата, манипулациите, уцените, кражбата, убиствата, повредите, контролата, системот, фашизмот, тоталитаризмот. Кажи не на злото.

Кажи ДА за слободата, вистината, човештвото. Кажи да за доброто.

Кажи и биди тоа. Биди тоа „не“ и „да“ на дело.

Со тоа зачувај го сопствениот интегритет, за да не се дезинтегрираш како човек и постанеш бот. Остани човек.

„Единствениот начин да бидеш слободен во неслободен свет е да бидеш толку апсолутно слободен што твоето постоење претставува акт на бунтување.“ – Алберт Ками „Митот за Сизиф“

СВЕДОЧЕЊЕ ПОД ЗАКЛЕТВА НА ДИРЕКТОРОТ НА CDC Д-р. Редфилд

Уште во 2020та знаевме дека вирусот е вештачки направен и постои агенда. Се појавија научни трудови кои го докажуваа неговото лабораториско потекло, но беа неосновано и жестоко напаѓани и под присила повлекувани.

Др. Редфилд, кој тогаш беше директор на американсиот CDC и член на акциската група за Ковид на САД, сега сведочи пред конгресот за измамата која Фаучи заедно со неговите ко-конспиратори од СЗО, глобалната мизантропска елита и корумпирани функционери од многу влади ја извршија врз светот. И покрај неговата надлежност, тој бил изолиран и маргинализиран во комуникациите на таа заговорничка клика, поради неговото стручно мислење кое не било на линија на агендата.

Измамата на Фаучиевци со умисла резултираше со замрзнување на светското општество и следствено со сегашната инфлација и економска криза, милиони мртви заради убиствени „протоколи“ и инјекции, милиони затруени со нетестирани инјекции и потенцијално убиени во догледно време, масовно нарушување на општото здравје и предизвикано страдање, масовно нелегално кршење на човековата слобода, давање крилја на сите диктаторски аспирации („големиот ресет“ на WEF, зелена нула карбон агенда, дигитални валути, дигитален идентиет) и со тенденција за претворање на светот во „ново-нормална“ тоталитарна дистопија. Низ светот илјадници медиуми и нивни тн „експерти“ се правеа збунети и изненадени од катастрофалните последици кои беа повеќе од јасни и очекувани од аматери и лаици, а и ним добро познати бидејќи ги разработуваа преку симулации (Event 201).

Да и „веруваме на науката“ и најостро да ги казниме налогодавачите и извршителите на овие злодела, заедно со сите нивни соработници на локално ниво! Треба обвинителите да си ја работат својата работа, бидејќи доказите постојат и се лесно достапни од јавни извори (интернетот е ваш пријател).

Со оглед на тежината на направеното злосторство и другите тековни и потенцијални идни злостори (објаснети погоре) кои се поврзани со истата организирана клика, многу важно е да не се задоволиме со моралната сатисфакција дека сме биле во право за корона агендата, туку да се оди до крај, да се расчистат дувлата и носителите на корона и пошироката глобалистичка тоталитарна агенда.

Иако битката сеуште се одвива, таа влегува во нова фаза бидејќи голем дел од вистината е јавно соголен. Одговорноста ќе биде понесена за постапување и за непостапување. Со оглед на наметнатиот огромен влог за сите заедно и поединечно, егзистенцијално прашање е правдата да биде задоволена и општеството заштитено од организираните психопати на клучни позиции со нивното соодветно казнување.

Секој кој се става на погрешна страна во оваа битка помеѓу човештвото и социопатските елементи во него, јасно е дека ќе биде на губитничка страна. Човештвото нема да се обесчовечи и самоизбрише, туку ќе ги казни противниците.

https://www.facebook.com/582487532/videos/749853650031354/
https://www.facebook.com/582487532/videos/574929044699092/

Буџет за организиран банкрот и носење на лажен спас со „големиот ресет“

Повеќето веродостојни светски финансиери и инвеститори предупредуваат дека сме на прагот на глобален финансиски колапс. За таквиот колапс перверзно навиваат глобалните тоталитаристи, бидејќи тоа им е потребно за финализација на проектот еуфемистички наречен „големиот ресет“, всушност глобално уништување и поробување.

Кај нас психопативе на власт во тешка криза планираат енормно зголемен буџет, односно државна потрошувачка (расипништво!), со зголемени приходи од даноци (бајрам на умот!) и зголемено задолжување. Како може да проектираат толкав буџет и приходи од даноци, кога веќе годинава во здравството драстично се кратат стандардни набавки и се доцни со исплати како никогаш досега, затоа што немаат реални пари! Посериозни фирми веќе планираат крах на економијата со траење од три години, во кој ќе опстанат само оние со акумулиран капитал.


Со ваков државен буџет, единствено што постигнуваат е повеќе да ја залетаат земјава кон банкрот, во координација со другите партнери од НАТО или таканаречениот Запад, кој изгледа е предодреден за уништување од светските сатанистички моќници. Самите глобални лидери како САД, Велика Британија и Германија влегуваат во криза, со се` поизвесен државен банкрот доколку продолжат во ист правец! Особено западот како блок е втурнат во кашата на „големиот ресет“, која евидентно од последниот Г20 е координирана глобално.


Власта (и опозицијата) во Македонија е мал, но докажано лојален соиграч во играта. А банкротот на земјите е неопходен за следната фаза од проектот. Ќе биде весело кога ќе пукне тиквата и ќе нема плати за буџетари, ќе заринка економијата заедно со приватните и тендерските пазари. Тогаш сите овие нули од луѓе кои сега молчат и уште лижат кај системот, очајно ќе молат и ќе прифатат како спас секакво нехумано условување и губење на своите слободи и предуслови за живот. Тогаш како лажен спас ќе се обидат да воведат Кинески систем: дигитална валута, дигитален идентитет, тоталитарна шпиунажа и микроконтрола врз однесувањето, отежнато или укинато инвестирање/штедење и приватна сопственост, централизирана економија, ропски стандард на живот.
Во споредба со ова ќе бидат слатко сеќавање тортурата и траумите од ковид пЛандемијата, кои патем беа само иницијална каписла за финалето на целиот проект на уништување на човештвото. Но идиотите и паразитите меѓу нас, кои да си признаеме се многубројни, лесно ќе ги залечат раните со универзалниот основен приход (universal basic income) кој како коска ќе им го фрла господарот. Тоа ќе биде нешто мизерно како сегашниве 300 евра со кои ќе можат да купат вегетаријанско ѓубре од храна и ситни основни потребштини, а валидноста ќе им истекува како на кредит од мобилен телефон. Сметките за „дигиталното евро“ ќе имаат тврд лимит, односно нема да може да се штеди (https://www.ecb.europa.eu/…/ecb.faq_digital_euro.en.html). Ова претежно е наменето за бричење и проретчување на рајата, додека милијардерите секако дека ќе се пласираат во горната привилегирана каста на новиот светски неофеудален поредок.


Дигиталното евро засега е во фаза на развој и тестирање. Европската централна банка планира да донесе одлука дали и како ќе се воведе во октомври 2023. Потоа би следела фаза на имплементација која би траела уште некоја година. Централната банка на САД планира уште мај-јуни 2023 да пуштат во употреба платежен систем за дигиталниот долар. Дури и НБРМ се огласи околу дигитален денар, но мислам дека тоа е повеќе од пропагандни прични и дека ако земјава банкротира заедно со „партнерите“, по урнекот на Црна Гора ќе му се приклучи на стадото со смален сувернитет и ќе го користи дигиталното евро наменето за плебсот.


Доколку сакаме нешто од ова да спречиме имаме уште година дена за реакција, а после тоа уште максимум година за подготовка доколку сакаме да не бидеме затекнати со спуштени гаќи. Шанси постојат бидејќи мнозинството горе-доле разбира дека нешто злокобно му се подготвува и е изричито против. На пример, граѓанскиот фидбек за дигиталното евро на официјалниот сајт на ЕУ е 99.99% негативен. Тоа се 19000 негативни мислења од граѓани. (https://ec.europa.eu/…/13392-A-digital…/feedback_en…)
Останува прашањето дали оваа народна енергија ќе се избори со отворено деспотскиот режим, кој како и со пЛандемијата, продолжува бескомпромисно и отворено да гази врз човечки трупови.