Денеска се одржа првиот ден од Форумот за иновации на ФИТР, на саемот Технома. Бев поканет да направам едночасовна презентација на последниот термин од распоредот, во 17:00.
 
	Со оглед дека еден час е прилично многу време, одлучив да спакувам што можам повеќе од моето искуство во областа на развој и поддршка на иновации во Македонија и Балканот.
Презентацијата се состоеше од неколку делови:
- Иновации во и од Македонија
 - Индустрија за ризичен капитал
 - Состојба на екосистемот во Македонија
 - Предуслови за стартапите со глобална визија
 - Можности на SuperFounders, Balkan Venture Forum
 
Целата презентација можете да ја погледате на Slideshare:
