СВЕТОТ ВО СТЕГИТЕ НА КОЛЕКТИВИЗМОТ

Иако следам различни извори на вести и мислења, се чудам како немам сретнато коментар околу два исклучително важни глобални политички феномени кои ги забележувам:

1. Квази-мултиполарноста е фингирана преку две еднородни колективистички страни, кои заедно водат кон еден глобален исход.

2. Варијантата на колективизмот која ја застапуваат двете страни е спротивна од онаа која ја застапувале во 20-от век, и на општата слика што сега се презентира во јавноста.

Следи краток коментар околу овие две запазувања.

Системот кој во 20-от век беше интернационален социјализам од истокот, олицетворен од тоталитарниот комунистички блок, сега метастазира на западот, на човекомразачки начин уништувајќи ги луѓето, градовите, нациите, во име на лажна глобалистичка визија.

Додека системот кој во 20-от век беше национал социјализам од западот, олицетворен од нацистичката оска, сега владее на истокот, со колективистичка мобилизација на сите свои сили за опортунитетен напредок врз грбот на другите народи.

Уништувањето кај едната страна, и напредокот кај другата страна се жестоко евидентни.

Извор на илустрација

Денес светот се наоѓа помеѓу тие две колективистички идеологии, како меѓу чекан и наковална. Безмилосно го дробат светот, уништувајќи го потенцијалот на западот, а зголемувајќи го потенцијалот на истокот, за да релативно изедначени влезат во меѓусебен директен судир, по што разорени, исцрпени и очајни, заедно ќе зачекорат во новиот светски колективистички поредок.

Тоа е квази-мултиполарен свет, во кој јавната дебата, тн овертонов прозорец за она што е прифатливо да се дискутира, е строго контролирана во рамки на колективизмот, каде евидентно паѓаат како жртва човековата слобода, општеството, и самата човекова популација од секој аспект.

Излезот е во враќање кон класичниот либерализам, т.е. филозофијата и културата која ги донесе највисоките дострели и напредок на човештвото во изминатите два века.
Тоа е идеал кој ги возвишува и става на пиедестал човековата слобода, индивидуата со своите високи вредности, резултирајќи кон севкупен напредок на човештвото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *