УМЕТНОСТ НА ПОЛИТИЧКОТО ВОЈУВАЊЕ

Сакам да разглобам еден принцип за водење на политичка борба, кој сметам дека е пресуден од памтивека до денес. Иако истиот е потврдуван низ историјата, досега не е во пракса етаблиран од науката и естаблишментот, бидеќи е поразителен за нив. Дури во пракса најчесто се оди спротивно на него.

Имено, кога две групи се во долгорочна политичка борба за превласт и превземање на една територија или општество, за дефинитивна победа доволна е само контролата врз ТОЈ еден и единствен принцип. Алтернативно може да оди и без него, а со методичен процес во кој се смислуваат куп тактики и стратегии, да се тестираат на бојното поле, па да се менуваат согласно со успехот. Не дека и овој процес не би имал шанси за успех, бидејќи сепак е методичен и има логика, но сепак изискува огромни ресурси и жртви(политички и секакви) и успехот е прилично неизвесен.

Од друга страна, преку контролата на овој единствен принцип се овозможува сигурна победа, со споредбено далеку помали сопствени жртви и страдање. Едноставно работата сама од себе се одвива глатко, што може да се потврди и во неодамнешните историски и дневно-политички настани кои за жал претежно се на наша штета, бидејќи сме на губитничката страна. Леснотијата во реализацијата индицира едноставен пристап. Едноставноста е пак врвот на софистикацијата и симболизира дека комплетно е совладана проблематиката. Во очите на страничниот набљудувач, таквото лесно контролирање на исходите во реалноста е магија, вистинска уметност, поезија во движење, со краен резултат триумф.
Се работи за принципот на меритократија, за сите многу познат, па можеби ќе си речете е толку очигледен и прост што не мора да се разработува. Но сепак мора да се потсетиме, бидејќи истиот го забораваме и не го практикуваме, по се изгледа бидејќи не сме свесни за неговата пресудна важност. Резултатите на ова ги гледаме секој ден околу нас. Дополнително, во последниве децении меритократијата како принцип е под уште поголем организиран систематски напад од страна на бандата уништувачи на светот, природниот поредок и човештвото: нихилистите, постмодернистите, марксистите и ним сличните.

Да се вратиме на суштината. Страната која победува, има меритократорна организација. Има вистински старешини и стручњаци на раководни позиции, наместо корумпирани ќелеши и медиокритети. Таа е способна да функционира ефикасно во насока на своите цели. Освен тоа, таа страна е исто така способна максимално да го искористи овој принцип, односно кај противничката страна да изврши субверзија и да им ја уништи организационата меритократија. Да се постават контролирани или неконтролирани идиоти на клучни позиции, а квалитетните систематски да се уништат и исфрлат. Дали е случајна политиката на прогон и емиграција на способните од страна на повеќето влади од осамостојувањето на Македонија до сега? Моето искуство вели не.

Недостатокот на меритократија кај нас е олицетворен во таканаречената „негативна селекција“, во „старата матрица“, во релативизацијата на етиката и немањето на критериум, во УДБА, во приватизацијата, во лажната политичка куклена претстава, во националните и државни предавства, во очајното „од нас држава не бидува“, во одливот на мозоци, во изумирањето на народот, во системската репресија врз секоја автентична македонска индивидуа со реален импакт, во секој ќелеш поставен на раководна позиција, во воените и политичките порази и тн.

Не кажав нешто којзнае колку ново. Меѓутоа, ако се земе долгорочноста на ваквата политичка борба, има еден многу важен момент, а тоа е дека децениските или вековните текови не се одвиваат случајно и дека не сме прв пат сме под ваков силен налет. Сме биле тука со милениуми. Не` бришеле и затрупувале и пак сме испливувале. За триумф потребно е дејствувањето да биде долгорочно, генерациско, но пред се` на здрави нозе.

Затоа, колку побрзо и потемелно го разбереме овој принцип, толку поскоро ќе имаме пресврт и ќе испливаме како луѓе, народ, човештво. И доколку ова ни е јасно, нема самоубиствено да поддржиме или учествуваме во не-меритократорна организација или процес. Ние со нашето учество му ги даваме силата и крвотокот на убиствениот систем. Тој вампиризам му е неопходен на системот за да опстои. Со самото наше повлекување и зачувување на нашата сила и ресурси од не-меритократорниот систем, ги правиме тие да бидат достапни за борба за препород и живот во слобода и меритократија.

СОВРЕМЕНИ ПАРАЛЕЛИ СО ПЛАТОНОВАТА ПЕШТЕРА

Татко ја раскажува голготата на неговото шестгодишно дете со фрактура и крварење на глава низ македонскиот здравствен(?) систем во време на злосторот против човештвото наречен пландемија на корона.

Кој има уши да слуша нека чуе!!!Сакам со сите вас да споделам едно искуство а воедно и една јавна исповед за тоа што го доживеавме минатиот викенд.Ова го правам за да не се објаснувам поединечно и за да видат сите до кај сме стигнале.Во петокот нашето дете Максим (6 години) падна и се повреди има набиеници на едната надлактица и две фрактури на черепот од кои едната е доста сериозна и беше со мало внатрешно крварење.Од општа олница прилеп беше прегледан ,рендгенски снимки,компијутерска томографија и беше испратен како итен случај за Скопје.Примен во ургентно и префрлен во одделот на неврохирургија.Од тука натаму започна нашата борба која верувам дека многу луѓе ја искусија и станаа посилни ..вечерта бевме “пријателски” пречекани од дежурната сестра која не подреди кој каде да стои и утврди дека неморало сега со количката до соба можело и в раце детето иако бевме со потрес на мозокот не примија во соба двокреветна со едно кебе и една перница кога побарав втора рекоа нема.Над креветот од Максим 4 дена светеше сијалица која беше расипана и не можеше да се извади и исклучи(дење и ноќе).утрото му зедоа крв за испитување и му го ставија системот кој беше ставен во прилеп на кој заприметив дека му беше поминат рокот 4 месеци му зедоа и брис за корона вирус.После неколку часа се појави истиот човек што го боцкаше и го тестираше Максим застана на врата и кажа детето е позитивно на ковид 19 не излегувајте од вратата надвор.По Неколку часа му се влоши состојбата на Максим и побарав помош и добив пола аналгин и ме убедуваа дека ќе му помине .По еден час заприметив оток на слепоочницата прилично голем и се појавив на врата да барам помош пошто ѕвонче немаше и по пола сат од ко ми рекоа влегувај внатре дојде истиот човек и од кога се скаравме и му реков дека е апсурд да лекуваме дете со фрактури и оток со пола аналгин облече скафандер и му стави систем на Максим за кој после се боревме да биде отстранет за да може во вц да појдиме.Другиот ден(недела)се појави доктор на врата кој со душа го чекав за да слушнам мислење кога ќе се прават нови испитувања до каде е внатрешното крварење и т н но наместо тоа добив седете тука не излегувајте никаде детето е позитивно…на прашањата зошто не прескокнаа за храна да дојде некој да ја исклучи сијалицата и топла вода каде има ми одговори како за сите така и за вас и ја лупна вратата повеќе не го видов.На детето на секои 2 ч му беше тешко имаше вртоглавица и повраќаше или имаше нагон за повраќање ама никој не влегуваше во нашата соба оти ние бевме бележани.Истиот ден дојдоа маж и жена во скафандери и уште не влезени рекоа ајде зини да ти земеме брис за корона вирусот јас реков да разговаме оти јас гледам низа неправилности во работата како на пример никаде не беше наведено каква терапија Максим прима ми одговори да не се расправам со неа дека тоа не било моја работа.Кога му кажав дека сакам документ за Максим на кој пишува дека е корона позитивен со потпис и печат од микробиолог добив само премолчување и после тоа ајде зини не кажувај многу.Од кога ме тестираа и мене не видовме човек во нашата соба се боревме за да му стават системче никој не влегуваше иако ги чекавме болеше кога поминуваа на визита и не одминуваа како да сме мртви.тоа се случуваше два дена некогаш ни оставаа кифла и млеко во прав на кваката надвор како на кучиња и тропаа и бегаа.Последниот ден (вчера) се појави на врата заменик директорот на одделение ја отвори вратата како шериф и онака налутено од кај си бе ти…треба да дојде некој да ве земе да си одите готово вие супер сте…после краток разговор дека детето не е прегледано дека не е лекувано и т н ме убедуше дека е супер и дека снимки не се потребни и т н и сватив дека тие сакаат само да си заминиме од таму .Потоа дојде една жена и еден дечко најчесто набилдан да не случајно се тепам со нив и побараа да платам за услугата и откако платив без да ме прашаат повикале брза помош од Прилеп да не земе и лажно кажале дека јас сум ги повикал така да кога стигнавме прилеп требаше и за превозот да платам.Конечно по дена кога си одевме видов насмеани лица кои дотогаш кога и да ги видов беа намуртени.Ни дадоа и отпусна листа на која пишува дека не примил не лекувал и отпуштил дрРоберт Шумковски јас искрено му благодарам за неговото несебично залагање во случајот со нашето дете ама ми е криво што не го запознав.На многу луѓе соочени со гоготата Здравство му е јасно за што кажувам а и едно јавно прашање ќе поставам дали и детето на Венко,Зоран,Горан,Хари и други на истиот начин ќе биде третирано?Знам дека се имате купено и поткупено така да не вреди да се зборува за тоа ама Христос не можете да го купите со вашите валкани пари.Вашето семе ќе се сотре и вашите деца ќе се крена против вас еден ден кога ќе ги потрошите вашите крадени пари.Најискрено му благодарам на сите кои беа со нас и молитвено се застапуваа за нас и максим во ова искушение сакам Господ да ги поживее уште многу години.И Христос го плукаа го тепаа го исмеваа го убија но Христос Воскресна така и ние воскреснуваме со него😇😇😇

Ова е слика прилика на актуелната состојба. На еден здравствен систем, кој повеќе личи на политизиран, криминализиран профитерски болен систем.
Истиот систем(и поединците кои го чинат) кој и во „нормална“ состојба е опортунистичко-профитерски пред се`, во сегашнава состојба на хистерична и лажна пандемија уште повеќе добива замав и ги исполува своите нечовечни карактеристики.
Детето со скршена глава и крварење е злоупотребено за зголемување на статистиката од ковид пандемијата(веројатно со лажен позитивен резултат), додека слободно можело да пцовиса од лекарска негрижа во главната државна болница. Медицинските лица во случајот, како типични пациенти во експериментот на Милграм, роботизирано и цинично ја следат агендата на авторитетот со моќ и брутално ја занемаруваат обврската кон здравјето на детето. Со насмевка и леснотија го претвораат во статистика. Здравјето е последен приоритет! Фејк епидемијата е само потврда на ова.

Ваквиот случај и не е толкава новина за земјава, бидејќи тука деца редовно умираат или се лечат со СМС, а систематскиот хаос е константа, но сега размерот на нечовечна злоупотреба е зголемен паралелно со општото зголемување на хистеријата и нечовечноста, односно намалување на разумот.

Додека добар дел од народот преку отфрлање на свеста и способноста за критичко размислување ја отфрла својата човечност, системот околу него по дефиниција нечовечен базиран на насилство и корупција, таа општа нечовечност ја подзема, ја зголемува и просперира во неа.

Хаосот околу нас се разгорува, со изгледи пламенот да не` проголта сите, гледаме дека пироманите се тие од вестите на ТВ, а ние не сакаме и немаме време да се информираме, во луѓе да се формираме! Слепо со стокхолмски синдром, се држиме за нашите киднапери и џелати. Тонеме во игнорантност, во свесно игнорирање на информациите, игнорирање на прекинувачот со кој можеме да ја запалиме сијалицата во миг. Си тонеме во темната смрдлива кал на мочуриштетот кое сами го создаваме. Пострашно ни е да разбереме дека нашата тапост, кукавичлук и нечовечност се причина и слика на она што ни се случува, отколку да продолжиме да скапуваме во мочуриштето со лажна чопоративна утеха и надеж дека тебе последен ќе ти дојде редот. Божем како ученици во средно училиште, па ако сите заедно избегаме од час, учителката нема да ни стави единици! Но ова е реален свет со индивидуални последици. Оние кои се информирани и со главата малку над калта ни носат пораки и предупредувања од реалноста, ги осудуваме и влечеме назад во калта, бидејќи го осветлуваат и покажуваат нашиот срам. Затоа велат дека е многу полесно да продолжиш да го лажеш народот, отколку да го увериш дека бил лажен. Што сме барале, тоа сме добиле.

Како несвесни луѓе, откажани од својот вроден пред се умствен капацитет, дали разбираме на што се сведуваме? Дали сме свесни за својата активна улога во личната и колективна дегенерација на светот околу нас, фрапантно слична на онаа во приказната Lord of the Rings?? Земјата станува како мрачен Мордор каде ништо не опстанува, освен дегенерирани Орки кои со силите на злото безумно рушат и прождираат се околу себе. Дури и на Водно имаме симболичко здание надвиснато над сите нас кое потсетува на кулата со окото на Саурон.

Деновиве суштества од фамилијата хоминиди, особено похистеричните бабуни од опозицијата, мазохистички бараа од власта построги насилнички мерки за борба со (сенките од Платоновата пештера) галопирачките фејк статистики од корона пландемијата, и еве „стабилниот гениј“ претседател во камшикарски стил испорача нова вонредна состојба. Ти благодариме ти премудар и бларороден спасителу за твоите драконски, но правични мерки!

Кога ќе сакаме некому да се пожалиме за последициве на сето ова, прв кандидат нека биде огледалото, наместо канибалистичките политички авторитети кои јадат живи луѓе.

Секој индивидуално го има капацитетот и потенцијалот да биде човек, и индивидуален избор е дали ќе го искористи. Од сумата на таквите одлуки зависи какво општество сме и дали воопшто сме цивилизација или варварство. Засега сеуште сме варварство, но со блага надеж кон поарно. Глобалниот хаос генериран во овие месеци, на многумина им даде мотив да стават прст на глава и да најдат духовна сила да се соочат со себе и реалноста, на тој начин да се очовечат, да излезат од Платоновата пештера и да го видат денот. Тоа е единствената надеж во време кога во политичката игра се ставени влогови all-in, а пиуните не се земаат за затвореници.

Малку повеќе за алегоријата на Платоновата пештера која е спомната погоре:
https://www.thoughtco.com/the-allegory-of-the-cave-120330

https://wakeup-world.com/2014/01/16/what-platos-the-republic-can-teach-us-about-todays-society/

Околу државниот фонд за иновации и патот напред

Верувам дека од 79 компании кои добиле грант на последниот повик има дел кои се одлични. Нека им е со среќа и се надевам ќе станат огромни успеси. На страна од тоа, со оглед на јавните сомнежи за коруптивни грантови кај некои компани, ситуацијава сакам да ја анализирам повеќе долгорочно и стратешки, и коментаров ми е во таа насока.

Бидејќи приватно се ангажирав за подобрување на ситуацијата со поддршката на иновациите од 2011та, имав прилика одблиску да бидам запознаен со ФИТР уште од самиот процес на основање, кога се подготвуваше законот за иновации и целата документација за фондот, и да ја следам активноста низ годините. Уште од почеток имаше етички и правно сомнителни работи, а беше и јасно дека не само што нема да биде мотор и катализатор на македонската стартап сцена, туку ќе ја уназади за години. Новата постава на фондот ја продолжува традицијата, за жал.

Во реалниот сектор како креативна страна на економијата, и особено во технолошките иновации, неопходен е беспрекорен фокус кон креацијата и развојот. За тоа е потребен соодветен дух и систем на вредности. Секое застранување на фокусот, може да биде кобно за една компанија, а ако е на пошироко ниво, на пример на ниво на индуструски сектор или на „заедница“, деградацијата ќе биде исто така на пошироко ниво. Барем јас сум сведок дека еден куп луѓе последниве години се прашуваат „што е со заедницава“ или како да ја подигнеме истата. Нема да ја подигнеме со слугување на првиот било каков политички авторитет кој ќе се појави.

Затоа при инфилтрација на потенцијално коруптивни институции во една клучна гранка, која е етички чиста и е во зародиш, уште повеќе треба да се биде ригорозен при евалуацијата на компатибилноста. Не може институции кои се етичка и бизнис анти-теза на технолошките стартапи, да ги развиваат истите. Тие само паразитираат врз квалитетниот ПР кој го добиваат со асоцијација со највредното во општеството, а истовремено го држат под нога.

Затоа енергијата треба максимално да се конзервира, и вниманието да се насочува интерно во проектите и во меѓусебна соработка peer2peer.
Единствен одржлив и ефикасен пат за напредок е самата индустрија приватно да си изгради инфраструктура (фондови, акцелератори, настани, и тн.), и верувам дека наскоро ќе има поголем ефект во таа насока и ќе има повеќе чист приватен капитал достапен за рециклирање во VC инвестиции по меритократорен принцип.

Break The Cycle. – The Question is How?

After the horrible Barcelona attack, and the perverse repetitiveness of these monstrosities and our reactions to them, it has become clear that humanity has been trapped in a vicious cycle. It is well illustrated by this meme:

We must break this horrible cycle. Everyone has to do their share. No excuses.

The question is how? (Thanks to William who asked it.)

I won’t even attempt to say how. We can reach the how, as most other goals that man has set eyes on. But first, we need to be ready for the how. Not trying to be patronizing, people should get back to basics, as we seem to have gone adrift from our nature.

As Homo Sapiens (the wise man) nonetheless, we have the gift to understand the reality around us and be rational. By now, as we pretend to be living in the most developed civilization in history, there shouldn’t be any question about our human nature. However, there is.

Thus we are nearing the obstacle to reaching the how. It seems there has been a questioning of the very nature of the human over many decades, ignoring the virtues mentioned above, while increasingly (self)imposing the limits of materialism and nihilism. This has made people function at a low standard of self-expectation. In numbers, as with any network, it has been only reinforced and has resulted in an exponential lowering of the collective standards of expectation.

There seems to be a philosophical, hence a cultural and moral question. If we want to live up to the name of our species, we must individually strive to be its full expression, a freely rational and at the same time social individual. Let’s not kid ourselves, we are not even social, as that assumes care for others, civility, non-aggression. Obviously, we have plenty of aggression going around in society.

Erich Fromm

We are born with a potential to be the best we can be – a homo sapiens. It is up to us how we will end up. There is nothing more valuable for a person than protecting and developing one’s humanity.

We need to revive and re-energize ourselves and each other with the values of humanity. If we start expecting more of humanity, and hence of ourselves and of others, we will have the “why”, so the “how” will be trivial.

“Madness is relentless. Reason must be stronger!” – Stefan Molyneux

Here is Stefan’s lucid reflection on the Barcelona attack:

Finally, the key question remains, how do we regain our humanity to raise our standard of individual and collective expectation? Human values are subverted and replaced with a nihilistic ideology that is best represented by postmodernism. A good start on the matter is to understand the underlying ideology behind this trend. The information in the book “Explaining Postmodernism” by prof. Dr. Stephen Hicks is a good read, available both as pdf and as an audiobook:

Идеолошкиот блам во #СкандинавијаНаБалканот

Додека се одвиваше Шарената револуција укажував дека истата нема идеја, дека се оди без концепт за понатаму, на слепо, дека се подметнува безидејно кукавичко јајце, што имплицира дека единствена цел е приграбување на моќ. Одоговорот беше прво да ги тргнеме, (да се сместиме ние покрај лостовите на моќта), па ќе видиме што ќе правиме. ОК, многу јасно.

ова не е self fulfilling prophecy, туку имаше некои кои беа во право дека фали вистинска идеја и платформа.

— Aleksandar Tasev (@alektasev) July 21, 2016

Епа како си пославте, така си легнавте. Единствена цел беше и остана голата моќ. Се немаше идеја, концепт, и уште се нема. Како резерва им остана само изветвениот и застрашувачки тоталитарен дух на социјализмот, кој им е близок од претходната генерација, но и од удобните шампањ-социјалистички невладини кружоци. “Beggars can’t be choosers.” Ќе се тера со тоа што се има.

Во тоа идеолошко мочуриште нововработените твитерашки ПР експерти мака ќе мачат да склепаат за новата влада еден силен мобилизирачки наратив, една свежа идеја што држи вода. Во таква идејна и културолошка провалија, неизбежно ќе се бламираат со синтагми во дијапазонот од излитено – „Борбата продолжува“, до гротескно издрогирано – „Скандинавија на Балканот“.

Неминовно е таквото владеење, освен на стандардното масовно крадење, да се сведе на мизерно покривање на неуспесите со „Грујо поарен да не беше“, исто како што ВМРО десет години го користеше Бранко како смоквин лист. ВМРО е новото Бранко.
Мислам дека овој пат нема да успее истата финта за повеќе од еден мандат. Преблиску е минатото и пресвежи се сеќавањата. Само свеж и квалитетен концепт може да не тргне од ова „дно дна“.

Не им е лесна работава и ги жалам ПР твитерџииве. Треба да шминкаат искубана кокошка.
А ќе треба да ги жалиме и „човечињата“ кои својата судбина повторно ја дадоа во залог на демагози пред сé жедни за насилна моќ.

#Иде(Социјалистички)Живот

Веќе не сме Швајцарија на Балканот, туку Скандинавија на Балканот. Чуму?

Кај надежните млади тоталитаристи провејува митот за скандинавскиот социјализам, без да се има свест дека истиот постои единствено благодарение на успехот на скандинавскиот капитализам. Лесно забораваат дека социјализмот бил кобен, демоциден, во сите држави каде неговиот материјализам и паразитизам целосно ја исекол гранката на која седи – слободниот пазар и слободата на индивидуата.

Последен пример Венецуела.

Не е потребно, ама ќе потсетам дека Македонија нема реален сектор, капитализам, слободен пазар, слобода на индивидуата, независна креативна култура. А тие скандинавски социјализам ќе граделе. Каде сте Македончиња? Каде сте, кај отидовте?

Кога идеологизирани и заблудени дечишта , без допир со реалниот свет и реалниот сектор, се докопуваат до насилната моќ на државата, лесно може да се повтори играчка-плачка.

Важно гас до даска, идеологија и ПР идат со 200 на саат.

#ИдеЖивот

П.С. Малку е глупавко Македонија да се споредува со полуостров… ама пуста идеологија им го испила мозокот.

П.П.С. Во духот на социјализмот да појачаме расходи и полициска држава.

П.П.П.С. Македонија – Скандинавија на Балканот! И јас сакам од тоа што го земаат!   😂

Idealism Vs. Materialism, philosophy against an ideology

The post is a recap and edit of a tweet storm from earlier today. Please forgive the terse sentences.
https://twitter.com/alektasev/status/887788795805958144

As in any debate, let’s start with the definitions. Please refer to 2. or the philosophical meaning in both cases.

I’ll venture to state that materialism is an anti-human ideology, as it negates the human potential, instilling fear and disempowerment, putting us in fear-based groups. The human manifests his conscious and creative nature by conceptualizing ideas and implementing them in reality. Materialists view the individual human as a biological machine, oppressed and constricted by the physical world around him. In order to sustain this illusion, materialists ignore/negate the innate human capacity to change and build the reality around him according to their ideas.

On the other hand, the idealistic human nature has created every little product, innovation and fundamental progress of our civilization. In order to maintain its illusory existence against such a push back by reality, the unnatural materialistic ideology has to spend immense resources, with some success.

People get trapped in the ambiguity of the word materialism, which results in confusion and inability to comprehend the issue. Materialists have pulled a successful bait and switch, painting an Idealistic philosophy like Capitalism, as materialistic due to its success in voluntary creation and trade of material products. Additionally, people are fooled into accepting a distorted meaning of idealism, to mean something unrealistic or utopian. That is pure vile demagoguery, since idealism, as in human ideas shaping and manifesting reality via free market enterprise, is responsible for building and moving the world forward.

To conclude, the creation and manipulation of material products, or the world in general, is an Idealistic position, because it relies on the human creative spark to produce ideas solving problems or designing and building completely new systems.
On the other hand, being disempowered to the extent of rejecting one’s human potential and capacity to ideate and create, is a Materialist position. We can label Materialism as an ideology, as it is based on belief, and not on the rigorous pursuit of truth, which it actually tries to prevent. While Idealism fits the description of philosophy, being rationally consistent with the rigorous pursuit of truth in reality.

Rest assured, when an ideology, i.e. a belief, is battling philosophy, i.e. a rigorous pursuit of truth, the illusionary bubble is sure to be pricked by reality.

[MK] Авторитаризам или слобода

Сеуште извира авторитаризмот, впиен во општеството по децении комунизам и последно, по деценија национал социјализам.

Мора да е тоа, инаку како е можно до толку да сме изгубиле допир со цивилизираноста, за да ни е непоимливо општествените ситуации и релации да ги решаваме на волунтарен начин, без примена на агресија/присила? Да потсетам, зборот цивилизација го содржи зборот цивил во себе, што влече изворно значење од класичниот латински како „учтиво, ненасилно“.

Во целата дебата за законот за заштита од пушење земена како пример, нема ниту еден аргумент кој содржи обзир кон цивилноста, ненасилноста кон слободата на група индивидуи да прават нешто во приватна просторија која е отворена за јавноста и наменета токму за правење на тоа нешто. Зошто е непоимливо да може да се пуши во просторија наменета за пушење? Кој е тој етички критериум што го надминува правото на слободно располагање со своето тело, ум и материјални ресурси? Поважно е да се дискутира околу опасната можност кафанџиите да имале влијание врз законот кој нив ги регулира. Тоа било „regulatory capture“, голем баук. Чувај боже, уште пак да си умислат дека можат слободно да работат со своите ресурси.

Одлична илустрација на авторитарниот мајндсет на обичниот човек во Македонија, кој едвај чека да стане тиранин кон другиот веднаш штом му се укаже шанса. Сетоа тоа е разбирливо, бидејќи во авторитарната пирамида, чии белези ги има нашето општествено уредување, тиранијата задолжително се пропагира од горе надолу, ниво по ниво. Недозволиво и физички неиздржливо е пропагирањето да сопре во некое ниво.

Инаку јас сум бивши пушач и повеќе ми годи кога не се пуши, но го бранам правото на другите да прават што сакаат со своето тело, ум и материјална сопственост. Ако е објектот означен како зона за пушење, ќе го земам тоа во обзир пред да влезам како гостин, пред да се вработам, или пред да соработувам со нив. Но нема да лобирам кај државата, односно да и делегирам право кое го немам, присилно да ги спречи слободно да располагаат со својата сопственост.

Ако сакаме да се нарекуваме цивилизација и да се сметаме за цивилни, ненасилни, слободни и совесни луѓе треба да се потсетиме што e слобода. Со тоа ќе ги решиме прво нашите индивидуални противречности, а потоа и општествените. Ако го разбереме ова можеби имаме шанса да станеме цивилизација.

[МК] Околу регресивната предлог владина програма на Заев

Најпрво два цитати од нацрт програмата на новата уште неродена влада, која деновиве беше преставена:

Алтер его – Доналд Трамп:

 „Главен фокус ќе биде развојот на економијата и подигнувањето на животниот стандард на граѓаните“.

Алтер его – Карл Маркс: 

„Владата има за цел постепено да внесува праведност во двата механизми за редистрибуција во економијата – даночниот и социјалниот систем… Целта на владата е обезбедување поголема праведност во даночниот систем, со намера да се врши корекција на неправедната распределба на доходот и општественото богатство.“

Програмата е достапна во целост тука.

Не можам да кажам дека сум изненаден и не ми е мерак да кажувам „Нели ти реков“. Целата кампања и шарена револуција беа безидејни, без суштински концепт за развојот на општеството, а полни само со гнев и негова манипулација. Треба да се има гнев, треба таа самоодбрамбена каписла. Но за добар исход треба да се има баланс. За баланс во ситуацијава недостигаше концепт за нова економија, култура и општествен договор. Токму поради таа суштинска маана толку тешко одеше процесот. А не дека е нешто ново. Tоа изостанува во ова осакатено општество откога памтам. Народот беше свесен за тој клучен недостаток и затоа не се мобилизираше и не вложи доволно енергија за брзо соборување на режимот. А каписла(причини за гнев) за таква енегрија и тоа како имаше. Но некој не сакаше да ја канализира низ квалитетна рамка, што би водело и до квалитетен резултат. Се сакаше да се оди низ контролиран хаос, да се заврши во контролиран хаос, односно во ваква контрадикторна владина програма. Народот поучен од минатото, како да намириса дека дека не може да очекува ништо добро при таква дупка во концептот. А сосема можно е појавување на нов режим, што само би го потврдило искуството од минатото.

Така како резултат на овој хаос пак ги добивме Заев и Али заедно со нивните кланови. Ги знаеме и сè е јасно. Освен брутален политички авторитет, немаат ништо што ги квалификува како лидери кои со личен пример би воделе маса народ кон подобра економија и општествена култура. Да можеле да се бават со продуктивна дејност која не ги загрозува слободите на другите, би се бавеле со тоа. Затоа ги бива за владетели врз другите, со бруталната моќ на државниот апарат да остваруваат лична корист и замисли. Исто како што го биваше Грујо. Од нив не може да се бара ниту да се очекува нешто друго. Затоа таква е и програмата, аматерски склепана во последен момент, од луѓе кои се далеку од врвот на човековиот потенцијал во Македонија, а камо ли во светот. Истата е контрадикторна пред се заради силниот марксистички призвук, разбирливо нели, за да се задоволиат елитистичките шампањ-социјалистички богови.

Контрадикторно и апсурдно е продавањето на економски развој, удавен во мерки низ кои провејува марксистички дух. Тоа е тоталитарен дух кој претендира на самоумислен морален авторитет со надчовечко право за делење суд и вршење неограничена агресија врз политичката и економска слобода на другите. Не знам дали Господ или Карл Маркс како авет им дале морално алиби и право на Заев и компанија дека крадењето од продуктивните и „редистрибуција“ кон растечката непродуктивна гласачка армија, треба да го пласираат како морална вредност!? По која ли теорија утврдиле дека таква економски анти-либерална мерка е рецептот за развој на економијата? Моја проценка е дека со социјалистички, т.е. економски не-либерални политики, ќе продолжи тонењето на општеството, одливот на мозоци, културолошката деградација. Ваквиот пристап наговестува дека трендот на слепило во однос на вистинските реформи продолжува и дека паузата во криминалите на власта ќе биде кратка. 

Не може да очекуваме економска ренесанса при комунистички/колективистички дух. Мора поединецот да е мотивиран, инспириран, слободен креативно да располага со својот ум, тело и сопствености, и да создава добра за кои е одговорен и заслужен. Со подривањето на културата на индивидуална одговорност, заслуга и сопственост, се подрива моторот на економијата. Механичките интервенции во пазарот, како ситни грантови, или уште полошо директни инвестиции на државата во компании(како содружник), се трагикомични. Особено кога претприемничката индивидуалистичка слобода и култура се гази со регресивни комунистички идеи. Доколку сакаа олигархиските моќници да видат промени изразени со економски развој и културолошка ренесанса, ќе беше доволно да им се тргнат од патот на претприемачите, инженерите и останатите креатори.
Вака мерките пак ќе се сведат на континуиран ПР на владата и партијата, узурпирање на јавното внимание и енергијата на општеството, мешање во (не)слободниот пазар, што ни гарантира економски и културолошки status quo.

Марксистичката реторика во предлог програмата („редистрибуција“, „праведност“, „распределба“, „општествено богатство“) е порака до претприемачите. Она што го создавате со своја крв, пот и жртви, не е ваше, туку му припаѓа на марксистичкиот свештеник, кој со полн морален авторитет(небаре како христијански или марксистички Бог) го распределува по свое убедување. Од друга страна крвавите пари на политичарите, кои се слевале и веројатно ќе продолжат да се слеваат во далечни егзотични места како Панама и Белизе, нема да бидат допрени од „праведната“ распределба на марксистичкиот свештеник. А можеби и во тоа е поентата. 

Едно е сигурно, во реденката им дојде ред на другите. А лесно може да испадне дека главната(позадинска) замисла за „редистрибуцијата“ воглавно била во насока кон сметките на старо-новите политички моќници.


Економска слобода

Сакам да направам еден делумен рекапитулар на економските слободи во Македонија, како еден “reality check” за јаката пропаганда дека сме многу јаки за “дуинг бизнис“. Ќе биде релевантен особено во пресрет на глобалната економска нестабилност и криза која се очекува да биде далеку поголема од онаа во 2008ма година.
Да почнеме со кратка и некомплетна листа на тривијални економски факти кои секојдневно ги ограничуваат правните или физичките лица во РМ, кои не смеат да:

  1. Внесуваат и изнесуваат злато и сребро во РМ. Затоа златните и сребрени монети во златара чинат 100% повеќе од регуларната светска цена. Лиценцата за внес и изнес на злато ја дава гувернерот на РМ. Граѓаните на целиот свет без проблеми се шетаат со злато во џеб и се слободни да инвестираат во истото по моменталните цени на светскиот пазар.
  2. Поседуваат и тргуваат со биткоин и криптовалути. НБРМ редовно се јавува во медиуми штом примети дека мрда пазарот. Затоа кај нас на пазарот криптовалути се продаваат за 30-70% повисока цена отколку на светскиот пазар.
  3. Внесуваат и изнесуваат над 2000 Еур кеш во границите на РМ. За повеќе треба посебна документација.
  4. Како физичко лице испраќаат вирмански кон странство повеќе од 2500 Еур месечно. Можеш да плаќаш на неколку пати по 2500, но со голема провизија, што го прави неисплатлив зафатот.
  5. На физичките лица им е забрането да поседуваат недвижнини и банкарски сметки во странство.
  6. На правните лица им е забрането да купуваат девизи и да ги чуваат на девизна сметка. Купувањето девизи е дозволено само за цел на плаќање кон странство, со доказ фактура или договор, и купените девизи смеат да лежат на сметка само неколку дена.

Во време кога домашните банки едвај додржуваат против крах на денарот (коментар од локален банкар), банкарите од Вол стрит, Лондон и Франкфурт едвај додржуваат пад на доларот и експлозија на цената на златото, вие како граѓани на Македонија сте осудени први да настрадате со збришување на вашите средства заробени во „волатилни“ валути, бидејќи сте оневозможени да ги заштитите од самиот банкарски систем.
Во контекст на овие не-слободи и ставање на целото население во економско заложништво, вреди да се размисли што значат зборовите демократија, слобода и кому му служи сето ова. Мојата проста математика кажува дека како луѓе, индивидуи, се` на се` сме во минус од овие играрии на финансискиот систем.

Разни политички назначени авторитети со сериозна фаца ќе речат, сето тоа е за заштита од криминални дејства, против перење на пари од страна на мафијата… и слично. Се сеќаваме на извештајот од една голема меѓудржавна организација што го потврди каналот од 500-800 милиони евра годишно што стандардно се перат преку Македонија. И се сеќаваме што му се случи на директорот на агенцијата за/против перење пари Ване Цветанов, кој премногу буквално и одговорно си ја сфати работата. Најголем ефект кој во пракса се постигнува со таквиот систем, е угушување на економската слобода на граѓаните и поголема контрола врз нивните средства, со цел нивно поефикасно даночење/крадење низ јавните буџети.

Во неодамнешните парламентарни избори немаше ниту една политичка програма која го третираше проблемот на економски неслободи, како суштински проблем на економијата и општеството. А истовремено на големо се труби со празни фрази за поддршка на претприемништвото и за повеќе вработувања. Тоа јасно покажува со кого си имаме работа. Само некомпетентни или нечесни луѓе со не-добри намери излегуваат со платформа за практично понатамошно економско подјармување на луѓето. На неспособни и жедни за власт им треба подјармен и контролиран народ, бидејќи самите не се способни ниту да визуелизираат, а уште помалку да створат развој и слобода. Принципот е прв во село!

Мора така, а инаку како би владееле?

Она што ние можеме да го сториме е да ја рашириме свесноста за економските слободи и нивната важност, и да ги градиме.


Why is it a free will Universe?

This is a thought experiment with a few illustrations.

Dead matter is deterministic.

Life brings a glimmer of free will.

Intelligent conscious life brings patterns of complete random free will. The spark of random creativity within the free will Universe.
In other words freedom, randomness, chaos is the natural order of a Universe holding conscious life.

[МК] Патот од Македонија кон светот за иновативните технолошки стартапи

Денеска се одржа првиот ден од Форумот за иновации на ФИТР, на саемот Технома. Бев поканет да направам едночасовна презентација на последниот термин од распоредот, во 17:00.

Со оглед дека еден час е прилично многу време, одлучив да спакувам што можам повеќе од моето искуство во областа на развој и поддршка на иновации во Македонија и Балканот.
Презентацијата се состоеше од неколку делови:
  • Иновации во и од Македонија
  • Индустрија за ризичен капитал
  • Состојба на екосистемот во Македонија
  • Предуслови за стартапите со глобална визија
  • Можности на SuperFounders, Balkan Venture Forum
Целата презентација можете да ја погледате на Slideshare:

Што значат 600 милиони Евра за иднината на 2 милиони луѓе?

600 милиони евра се вртоглава сума пари за било кого, и тешко е да се замисли колку вредат во реалноста. Би можеле да ги замислиме како камион полн палети со врзопчиња пари, поточно половина шлепер полн со хартиени пари. Но реално што значат 600 милиони евра? 

600 милиони евра или отприлика пола шлепер со пари
фото извор: http://demonocracy.info/infographics/eu/debt_greek/debt_greek.html


600-те милиони евра може да се нешто кое ја повеќекратно ја мултиплицира нивната номинална вредност, нешто бесценето, нешто безвредно, па дури и нешто со негативна вредност. Тие вредат онолку колку што паметно ќе бидат употребени. Ако се инвестираат добро за неколку години може да вредат десетици пати повеќе, а може да резултираат и со чист зијан ако му ги дадеш во рака на имбецил. Таквиот ќе остане уште и должен откако ќе ги потроши, па поарно веднаш да ги запалел.

За ориентација што значат 600М Евра за држава како Македонија и што паметно може да се направи со нив, ќе се обидам да дадам еден пример преточен од моето десетгодишно практично искуство во областа на ИТ, претприемништво во Македонија, организирање локални и интернационални програми инастани за поддршка на иновации и претприемништво низ Европа. Притоа имав прилика да запознаам илјадници иноватори, дел од Македонија и поголем дел од странство, стотици инвеститори од целиот свет, политичари, организатори на заедници и програми за иновации, индустриски стручњаци. Со некои од нив имав чест и да соработувам преку нашите иницијативи Balkan Venture Forum, SuperFounders и на покана во многу други иницијативи. Таа активност ме примора, освен од практичен аспект, да се запознаам длабински и со теоријата и реалните податоци од светот на иновациите, патентите, технолошките трендови, инвестициите. Тоа се надоврза на мојата претприемачка страна(со што ги финансирав најголем дел од работите), инжинерското образование и студиите MBA со специјалност во финансии. 

Досега за жал, сето искуство бев приморан да го применувам во најголем дел во проекти надвор од границите на Македонија, се разбира не случајно, иако од почетокот бев и сеуште сум со поинакви намери. Што беше причината за тоа? Тоа е истата причина која го предизвика овој напис и причината за горчина во душата на обичниот човек кој живее на парчево земја. Мал дел од таа причина го слушнавме во грозоморните аудио снимки, како врв на сантата мраз, додека всушност целата санта под површината е огромна, и ја искусуваме секој поединечно во секојдневното живеење и работење. Оние што повеќе навлегуваат во високите сфери на претприемништвото, информациите, политиката, таа причина ја гледаат и чувствуваат на своја кожа дотолку повеќе. Со тоа чувство ќе се обидам да илустрирам како изгледаат списканите 600 милиони евра од моја лична гледна точка, и убеден сум од објективнa економско-развојна гледна точка за овој народ, затоа што за сето подолу има факти и логични аргументи.

Наместо приклучок кон иднината…

фото извор: http://imgkid.com/utopian-future.shtml

 

Само еден пример што се може

Живееме во време кога економската продуктивност, стандардот на живот па дури и културата најмногу зависат од степенот на развој на технолошки иновации. Тоа им е заедничко на сите развиени региони со висок стандард за живот: САД, Западна Европа, Јужна Кореа, Јапонија. Од соседството тоа е Словенија. Но, Словенија инвестира 2.6% од БДП во истражување и развој, а Македонија едвај 0.3%! А што ако некој се почешаше за глава од таквата разлика? Па не дај боже да ја поврзе со причините за економската ситуација во државата. Не како резултат, туку како причина.

Дали можеби ваквата разлика е заслужна за нешто?

И ако едно утро, наместо идеја за парапетче на езерото, неокласични столбови, циркузи со странски експлоататори, некој со доверена(или приграбена) судбина на народ, одлучеше вистински да ја развие државата, да фати приклучок со светот и да вложеше 600 милиони евра народни пари во фонд за иновации? Од нив можеше во текот на 10тина години да се исфинансираат илјадници проекти за висока технологија и со соодветен бизнис потенцијал. Во нив низ 5-7 годишен период(колку што инвестира еден VC-venture capital фонд) ќе се отвореа нови 12.500 работни места за најспособните кадри. Тоа се токму оние кои најмногу и требаат на секоја држава и се столб на сите гранки. А истите ја напуштаат Македонија како брод кој тоне веќе две децениии, и се позасилено. Тоа се нашите најдобри инженери, менаџери, консултанти, маркетери, научници. Трендот на емиграција се засилува, и најмалку 28% од сите високообразовани кадри дипломирани во минатите 4-5 години веќе ја напуштиле државата.

Во 600М Евра би имало доволно средства за 24 месеца плата од 1000 Евра нето за таквите кадри, кои според стандардни индустриски пресметки, за период од две години би креирале нови домашни средства во вредност од неколку милијарди евра. 
Ова можеби на многумина ќе им звучи туѓо и чудно зошто кај нас воопшто не е распространета свеста за потенцијалот и важноста на индустријата за иновации, која резултира со брз развој низ повеќе сегменти: човечки вештини, компании, економија! 

Трендови во регионот и светот

Каде е Македонија во оваа трка кон иднината? На крајот на опашката, се држи за последното влакно. Зад последните во Европа! Во тој контекст сите досегашни јавно финансирани помпезни проекти се крајно цинични и простачки, кога главната област на развој се множи со нула, и народот се осудува на мизерување, а следните генерации на назадни непродуктивни дејности или емиграција.

Во Европа годинава досега се инвестирани во иновации 3.5 милијарди Евра само од “venture capital”. Во САД бројката е околу 20 милијарди. Во Балканскиот регион наназад 4-5 години се инвестираат по неколку десетици милиони venture capital годишно во иновации со тренд на експоненцијален раст. Хрватската држава неодамна отвори фонд за иновации од 30 милиони евра. Европскиот иновациски фонд отвора годинава локален Балкански фонд од 40 милиони Евра. Минативе две години низ Балканот се отворија уште 10тина приватно менаџирани фондови секој со по 10 – 100 милиони евра. Дополнително постојат големи Европски и глобални VC фондови што управуваат стотици или милијарди долари и таргетираат иновации од регионот, со тоа што тие само го молзат квалитетот во рана фаза без да допринесат за локален развој! Ако сакаме тука да се развиваме, треба паметно самите да си помогнеме.

Состојба кај нас

Така во Македонија до неодамна државната поддршка на иновации практично беше НУЛА, иако наназад барем 10 години имаме конкретна потреба и основ за поддршка. Имаме одамна создадени интернационални мрежи со експерти и инвеститори, знаења, и константен прилив на нови одлични иновативни проекти и развојни иницијативи. Во меѓувреме надлежните немилосрдно и цинично ги трошеа со скап ПР фразите: иновации, претприемништво, лидери во регионот. Да ти е срам да кажеш дека си во нешто лидер во регионот.

А имавме и имаме што да кажеме. Пред четири години, кога го организирав првиот Balkan Venture Forum,  гостин ми беше Др. Ели Опер, своевремено со титула Главен државен научник на Израел и должност да ги планира и спроведува државните политики за иновации. Ме праша колку е буџетот на нашата агенција за поддршка на претприемништво. Засрамено одговорив 60.000 Евра (сосема доволни за флаери). Др. Опер се насмевна, и рече дека неговата агенција имала буџет од 500 милиони долари. Ајде да ја израмниме споредбата, според економска сила. Израел има 30 пати поголем номинален БДП од Македонија, но разликата во поддршката на иновации е 6000 пати. Значи пропорционално на БДП, Израел инвестирал над 200 пати повеќе во иновации.

 
Во Македонија пред два месеци се инвестираа првите државни 400.000 Евра, со по 20-30 илјади по проект. 400 илјади за иднината наспротив 600 милиони спискани во гипс-картон. Најавени се вкупно 8милиони евра иновациски буџет за следните години, како кредит од Светска Банка. Прво, тие пари доцнат барем пет години, доаѓаат предоцна за многу затворени фирми, емигрирани семејства и за целата стартап заедница. Второ сеуште се премалку. И трето, зошто да се земаат како кредит од Светска Банка, кога за еден мочан споменик се спискуваат по 10 милиони, а за сите заедно над 600 милиони? Ова е јасен индикатор за намерите. Толку ли ја вреднуваме иднината и способноста на луѓето што ги осудуваме на партиска книшка и мизерна плата? Само човек заведен како мало дете или ментално пореметен мисли дека народот заслужува живот во сегашни македонски услови.

Такво е лидерството во најважната област за сегашноста и за иднината! Фаќаме приклучок со развиениот свет со лични сили, уназадени и обременети да враќаме криминални задолжувања!

Реална вредност

Погоре го потенцирам зборот „сегашноста“ бидејќи иновациите носат брз напредок, зошто економските резултати се добиваат за месеци а не за децении! Самата природа на технолошкиот развој и иновациите(стартапите) е брз развој. Економскиот модел на индустријата е изграден околу експоненцијален раст и функционира веќе 3-4 децении.

За да ја доловам брзината со која се креира вредност во индустријата на иновации, подолу има едноставна табела за брзината на растот на вредноста на капиталот, односно вредноста на фирмата (втората колона).  Во колоните прикажано е потребното време за достигнување на фазата, достигната вредност на компанијата, процент на успешност на компании кои се обиделе, и опис на фазата. Потенцирам вредностите се ориентациони и се исклучиво за стекнување претстава:

Раст на вредноста на иновативни компании низ повеќе пазарни фази


Значи 3%(на број десетици или стотици) од несоздадените фирми во Македонија имале веројатност да достигнат вредност од десетици и потенцијално многу повеќе милиони евра. Ако се знае дека вообичаениот исход на таквите фирми е продажба по висока пазарна вредност и дека возраста на основачите е 25-40 години, би добиле нова млада светски издигната елита со по неколку десетици чесно заработени милиони во џеб, достапни за уште поефективно реинвестирање во земјава. Секако дека не е тривијално да се реализираат овие фази, но затоа изградивме стручни луѓе, кои котираат споредливо со сличните во странство, и се работи на останатите компоненти од приказната.
Онака како што е во Германија, Англија, Америка, Холандија, Шведска, дури и една Бугарија, Романија и Словенија. Се работи за нова култура во однос на децениската медиокритетска култура. Замислете млади луѓе кои сонуваат и дејствуваат заедно како да го подобрат светот, со нова вредност, нов производ, нова услуга, нова начин на живот, нова реалност. Да, таквите постојат. Кај нас со значителни системски тешкотии, бидејќи самите се издигнуваат од егзистенцијалното мочуриште до врвот на пирамидата на Маслов за да бидат во состојба да креираат и да издржат.


Живеењето е на врвот од пирамидата на Маслов, а егзистирањето е на партиско-крминалното дно
фото извор: https://en.wikipedia.org/wiki/Abraham_Maslow

 

Сметка за шишањето

Уште пострашно е што добрите но неподобни примери се гушат по познати методи, се „барокизираат“ и субвертираат нови заедници, а кој е премногу добар, способен и чесен, бујрум евтина авиокарта во еден правец! Од друга страна разбирливо е, секоја бараба во хиерархија базирана на насилство, автоматски тежнее да ги елиминира подобрите за да не го надминат. А и медиокритетството ни е јака страна. Барем во тоа сигурно сме лидери.

Но кому му требаат такви глупости, врвен кадар, независни чесни и успешни, па и третите деца на таквите. Бутај само со странски експлоататори, фабрички ленти, нека цркаваат за 100, 200, 300 евра, да немаат време и сила глава да дигнат!
Кому му требаат такви умови, насочени кон светот, наместо кон партиска книшка? И зошто да биде како што треба, кога може да биде наопаку?


….Не трескаат од земја и заробуваат во помпезен кичест гипс-картон.
фото извор: https://twitter.com/1Mladic/status/628294066724294656


За крај, нашиот зијан не се само списканите 600 и плус дополнителни милиони за одржување на таа монструозност, туку сме уште поголем зијан со продолжувањето на општествената катастрофа која ни се случува, со опортунитетниот трошок од милијарди евра кои можеа да бидат дел од македонската иновативна економија и промената што ја носи во општеството: стручни среќни работници, нова култура, и помалку емиграција, односно повеќе силни космополитски луѓе кои не виткаат кичма пред хиени. Тоа се лавовите кои ни требаат, кои гледаат и создаваат кон иднината, а не мртви фигури кои и нас не` умртвуваат и влечат во пепелта.

На здравје бричење на суво, нам и на следните генерации што ќе го враќаат долгот направен на наша сметка. За некого патриотизмот испадна многу подобра бизнис зделка од технолошките иновации, но не и за нормалниот човек. Медиокритетите ќе најдат начин да им биде топло во нивното полтронско мочуриште, но кога ќе им проработи совеста јас им посакувам да најдат сила и љубов во себе, за повеќе да се сакаат себе си и околината, бидејќи човек што сака луѓе не би си дозволил да е дел од ова. А лесно можеме многу повеќе и подобро за сите нас и нашите деца.

Повеќе информации:
www.superfounders.com
Трансфер на технологии во Република Македонија: препораки за успешни јавни политики
Science and Innovation Policy in Southeast Europe: Brain Drain as Brain Gain
Скопје 2014: Седум пати поскапо, три пати поголемо
The Billion Dollar Startup Club
13 European tech companies became ‘unicorns’ in the last year

The AI Singularity and Our Future

In an attempt to solve the dilemma whether the expected superhuman AI singularity leads to a future distopian or utopian civilization, we need to check the basic premises. We must attempt to define general intelligence more succinctly than the current imprecise understanding by culture and science.

“Intelligence has been defined in many different ways such as in terms of one’s capacity for logic, abstract thought, understanding, self-awareness, communication, learning, emotional knowledge, memory, planning, creativity and problem solving. It can also be more generally described as the ability to perceive and/or retain knowledge or information and apply it to itself or other instances of knowledge or information creating referable understanding models of any size, density, or complexity, due to any conscious or subconscious imposed will or instruction to do so.”

Also leading scientists in this field such as Nick Bostrom, are stopping to rely on science by committee or survey with rather liberal suppositions, but rather starting to rely on empiricism or logic. This leads them to a call on viewing intelligence as non-anthropomorphic and a physical phenomenon, therefore calling it an “optimization process”. Dr. Bostrom calls on creating AI that shares our values in order to prevent negative societal outcomes when the inevitable singularity arrives. But he stops short of defining the underlying nature of pure non-anthropomorphic intelligence and analyzing its implications in this debate.

Other approaches arbitrarily compare intelligence to energy, to derive an equation for intelligence as a future freedom of actions with diversity of possible accessible futures. Although the equation proved as a useful hard-AI algorithm, this theory does not definitively explain intelligence.
Thus Dr. Wissner-Gross has to resort to the following ideology in order to magnify the meaning of his discovered algorithms and pin it onto general intelligence:

“The urge to take control of all possible futures is a more fundamental principle than that of intelligence. That general intelligence may emerge from control grabbing.”

With this statement he obliterates the terms he has initially set off to explain, thus treating it as click-bait in order to present us his grand control grabbing algorithm. Sorry Dr. Wissner-Gross, but your are trying too hard to pin your work to general intelligence, and failing at it. Let’s give it maximum credit for what it is, a formidable hard AI algorithm.

Basically intelligence and freedom of action are quite different, albeit related concepts. Intelligence stems from a more fundamental concept than freedom or control. It is the key qualitative characteristic of the existence of “intelligent entities”. The existence of intelligent entities is their conscience, or information awareness or truth in all it’s forms. From basic truths, or trivial truths, to complex linear or recurring patterns of truth.

Within a rational system, I’d attempt to define intelligence in it’s basic optimized form, more succinctly and accurately, as the ability to recognize and expand truth. 

Furthermore, we must define the secondary reference point in this argument, the human intelligence, and it’s relation to the above definition of general intelligence. Empirically and statistically, humanity fails the intelligence test against the above definition. Not a large portion of humanity has a consistent logical intellectual framework, free of contradictions. In cases where logically consistent truth is replaced by ideology and dogma, intelligence is stunted. To envision an end goal for AI in the same general direction the current state of human intelligence is defeating the purpose. Human intelligence as is vaguely perceived by current culture and science, is focused far from true intelligence. Therefore superhuman AI to be feasible in the first place, it must adhere to the basic definition of intelligence, which is significantly different than the vague mainstream understanding of the term.One of the greatest computer scientists Edsger Dijkstra has made this point much more succintly:

The effort of using machines to mimic the human mind has always struck me as rather silly. I would rather use them to mimic something better.
 
Regarding the morality of any self-aware and self-serving intelligence, the key factor for its Utopian or Distopian effects is whether it will initiate aggression or respect freedom of other entities? Freedom from aggression is the main differentiation between a Utopian and a Distopian society.  We elaborate on the essence of freedom in another blog post.Intelligence has the drive of self-preservation and expansion of its knowledge by perceiving or experiencing. Although more challenging, collective and creative experiencing is more effective and experientially richer than it’s alternative, solitary and destructive experiencing. Thus we can posit that a true self-aware AI will uphold the freedom and well-being of other intelligences for the self-serving purpose of aggregate experiencing and expansion.

Thus we find that even the most thorough thinkers on the implications of superhuman AI have missed this fundamental argument, which renders the previous public debate and concerns on this issue lacking in support. In conclusion, based on the logic above the implications of superhuman AI are positive, so let’s just do it properly and look forward to the singularity.

On Freedom

“Human beings have a universal right to determine their own future.”

Freedom is an idea largely obscured by misuse and misconception, in contrast to its central importance to civilized and humane life. Whether it is in our economy, politics, history or personal relations, freedom is a precondition. However, as we abuse and trample it through opportunism and cloud its meaning through ideologies, it is becoming a spent and meaningless concept within our reality.
Nevertheless, regardless how clouded it may be at the moment, we carry an innate connection to its essence. Most people are drawn to the positive emotion brought by the urge of attaining it, an urge often subject to manipulation throughout history.
After all, history is about the struggle for freedom. Countless lives have been wasted fighting for the freedom to explore and use new lands, for protecting their property, for their ability to speak and move freely, for the freedom from coercion, etc. We’d like to think that at this time of democratic, digital, real-time, progressive [replace with any modern inverted buzzword] society we have the greatest extent of freedom in all of history. But it is really so? Considering the constantly escalating fear-mongering, atrocities, state oppression, cultural strife, physical aggression, coercion and fear that is enveloping human society, we can logically put in question the state of freedom in today’s society.

Definition of Freedom

To examine this question we have to start from the basic meaning of freedom. I’ll venture a definition of freedom that would hopefully resonate and stand up to rational scrutiny. Freedom is the ability to exercise one’s will over one’s body, mind and property. The conscious and conscientious and thereby *free will* is an innate trait of sapient humans – homo sapiens. It is the trait that distinguishes homo sapiens from un-sapient life forms. By integrating conscious thought, emotion and the resulting action, the free will is the trinity that defines us as human. Thus freedom to exercise our will is freedom to be human. Free will, or freedom is the measure of man.

Origin

As all life forms, we come to this world with a sovereign right to be as we have been created – in our case human, i.e. to exercise our will over one’s own mind, body and property. It is up to one’s will how to use or change the state of their mind, body and possessions.
Thus within a universe based on the equal and universal right of sentient beings to be or to exist, the freedom of exercising the human will is a first principle.

Universality

Furthermore, this principle, as any other, must be universally applied to all humans and all relations because only if it is equally applied to all cases, it may be applicable to a particular case. Freedom by default is an absolute universal concept. It either applies to all, or to none. Failure to apply it universally results in restrictions to applying it individually, negating the freedom of someone to exercise their will and consequently their humanity. For example, as an individual infringes on the freedom of others, the individual sets the precedent for his own freedom to be treated the same way as the circumstances change.

Culture

Accordingly, our culture has taught us to apply the principle of freedom to all of our social relations,… almost all.
Culture has written and unwritten rules. The free exercise of human will is upheld by our unwritten natural rules/laws, as it is a commonly held principle that our private and professional relationships are voluntary, i.e. based upon free will. Such natural rules say that we shouldn’t do onto others what we don’t want done to ourselves. Consequently this culture condemns inflicting or threatening of bodily harm, stealing, lying or insulting of another.

Imperfection

However our man made written rules largely trample this principle. Firstly their application is unconditional to the will of individuals who reside within the borders of a political territory, i.e. there is no voluntary relation or opt in/out. Secondly, those man made rules are systemically enforced by mass coercion or direct physical aggression. Such a system violates freedom by default. The right for such violation of freedom by particular individuals is justified by a supposed delegation by the citizens of such a right to the said individuals. However, can one delegate a right that he does not have?
Taking into account such a fatal imperfection of man made jurisdiction that is leading to systemic violation of freedom and thereby on basic humanity, we can conclude that such a man made system has a dehumanizing effect on society as a whole, infringing upon the sovereign right to be/exist as a human.

Future

The imperfection of man made law is evident and is in contrast with the balancing nature of the natural laws mentioned above. Such imperfection cannot be left to dominate over the correctness of a natural law. The resulting society easily disregards freedom, thereby holding back and destroying human society and nature. So we have to ask ourselves, which is the appropriate relation between man made law, culture, natural law and freedom, that will be at the foundation of civilization’s progress to the next era.

Our civilization is at an inflection point, due to the ongoing mass enlightenment triggered by the pervasive availability of information and connectivity between people. In this new and evolving reality, the question is whether our social contract based on individual delegation of freedom to agencies of violent enforcement of man made rules, is showing to have overwhelming regressive effects on the progress of society and humanity as a species. A possible answer to this question may be a truly fee and non-violent human society, one that may be called a civilization, based on individual freedom and absolute principles rather than on nihilistic systemic aggression. This vision is of a true golden age of humanity.

Моите три омилени банери од #Протестирам

Денеска беше голем ден за слободата во Македонија. Не е сеуште извојувана, но барем веќе не се плашиме да ја побараме. Уште да знаевме каде.
На бината имаше луѓе, учени со многу дипломи, кои ја спомнаа слободата, но само се користеше нејзиното име за да се промовираат неслободарски концепти, односно да ја предадеме нашата слобода на новото свето теле. Господин #З.

Се сеќавам и Груевски дојде на власт со еуфории од типот „Никола, Никола, Никола…!“. Денеска го слушнавме истото, само со друго име. Зарем уште сме толку глупави да бараме пак некој да не владее? А чуму? Што ќе ни донесе тоа и која е сметката?

Докажавме веќе немаме страв, но допрва треба да стекнеме СТАВ.

Имаше разочарувачки мал број на автентични транспаренти со пораки. Од 100.000 илјади луѓе дали вкупно петмина имаа некаква порака и барање што да биде со нас по падот на Груевски. Толку енергија без да канализира идеи!

Јас направив два транспаренти, со две пароли, зошто сакав да ја пренесам мојата идеја. Многумина сакаа да се сликаат со транспарентот и неколку возрасни луѓе кои ја разбраа неговата порака срдечно се израдуваа и дадоа поддршка. Меѓу моите омилени три пораки од протестот се и тие:

Како да препознаеш полтрон?


Дефиниција:



Според позицијата во општеството и скалата на Маслов, полтроните се делат на пет вида:

Под земја

Вид на полтрони кои се едвај на нивото за задоволување на основни егзистенцијални потреби:

– Лепачи на плакати
– Оние кои ризикуваат здравје и живот

Во калта

Вид на полтрони кои во релативно удобни услови доживотно се валкаат во топлата морална кал.
– Администрација

Во облаците

Вид на полтрони кои заедно со авторитетите брцаат во медот, ги манипулираат сите кои се под нив и уживаат привиден углед. За жал се први на удар при промена на хиерархијата:
– Партиски бизнисмени
– Пропагандистичка класа(професори, новинари, уметници)

Во стратосферата

Ова се полтрони кои долгорочно профитираат најмногу со најмал ризик. Но не можат да го скријат своето полтронство, бидејќи во главните општествени дебати задолжително ги балансираат аргументите во полза на својот авторитет. Многу се корисни во шпионска функција, заради прикриеноста на лојалноста. А тоа се обично:
– Лица со лични пријателски врски до авторитетите, обично бизнисмени и квази-независни квази-интелектуалци.

Од дијаспората

Постојат докази дека полтронството е длабински невролошки феномен, вкоренет во примитивниот дел на човековиот мозок. Како таков, феноменот не се намалува кога полтронот ги напушта границите на матичната земја. Полтронството вирее во битието на полтронот, цврсто вкоренето, незасегнато од физички граници. Следствено, субјектот дали како возач на шлепер, криминалец или добро ситуиран професионалец во корпоративниот свет во новата земја, наоѓа време и енергија на свој начин да упати поддршка за режимот во земјата која ја напуштил, осигурувајќи им на останатите во истата што подолга мизерија и попувајќи им од илјадници километри. Особено интересен случај се добро интегрираните професионалци во корпоративниот свет, кои ги користат своите демагошки и софистички способности да манипулираат со мислења и креираат магла во обиди за оправдување на нивниот драг и далечен, но близок до срцето режим.
Мотивацијата на гастарбајтерските полтрони може да биде повеќестрана. Најпрво можно е да одработуваат за директни бенефиции за смејството кое суште не емигрирало. Понатаму во некои случаи приватните клановски врски тешко умираат и се голем дел од личниот идентитет. И третата варијанта е најтажната, на вистинските идиоти кои веруваат во ПР пропагандата на режимот и се воспалуваат од далечина.

Се надевам дека со овој вовед во полтронството полесно ќе навигирате помеѓу кафените носови во ваша околина или соодветно ќе одберете каде да го валкате вашиот.

“Jailbreaking” The Smartphone And Tablet Markets

My previous post theorized that the patent war was a self-defeating move by Apple, further eroding their public image. Furthermore, it sets them on a collision course with the current social trends, of more not less freedom of choice, transparency, openness. If I’m correct, this reality will not tolerate Apple trying to make the whole smartphone and tablet market one big Jail,…kkhhm, App Store, with it’s well known arbitrary big-brother control. As to why this will not fly in the long-term, I’d like to offer an underlying theory that was subtly hinted, but not quite revealed in the previous post.

As my highly regarded friend Florian Hadler, who is doing cutting-edge research on the new social paradigms resulting from the IT revolution, points out in his paper “Default Metaphysics – Social Networks and the Self”(from the book Public Interest and Private Rights in Social Media):

These statements are the very essence of governmentality – the user is conceived as the ideal citizen, one whom governs himself with the aforementioned social technologies to become transparent, addressable and morally adjusted. This is no longer achieved by repression or state institutions. On the contrary, the users themselves are acting in a democratized Panopticon, in a prison where the guards are inhabitants at the same time. Consider, therefore, that the pressure to put every part of one’s life online leads to self-governing behaviour that constantly scans the user’s behaviour for postability: “Would what I am doing here receive positive feedback? Would it resonate with my peers?”

I think the word “prison” was loosely used, since it may give some readers a wrong direction. However I agree that essentially people are becoming more in control, although the daily reality shows conflicting images. This has been my feeling all along, and that’s why Florian’s words resonated strongly with me.  The self-governing behavior is the key empowerment factor. This behavior manifested through pervasive social and data connected lifestyle, inevitably results in a freedom for greater manifestation of human nature, which at the core has the urge for joy, experience/freedom and expansion. If you sum up the self-governed drive of all the 6 billion people and put them in a freeing and empowering environment such as the Internet, the direction we are heading is clear. Florian goes on deeper to point out the organic development of transparency and equity in all social aspects:

Also, it is Jean Baudrillard’s “Transparency of Evil” which manifests itself in social networks: Sanctioning nontransparence, secrecy, or silence, is wished for politically – and realized in these services: In this regard, contemplate the pertinent musing of Baudrillard, who stated ”When everything tends towards the visible, as is the case in our world, what becomes of the things that were once kept secret? They become occult, clandestine, maleficent: what was merely secret – or, in other words, given to be exchanged in secrecy – becomes evil and must be abolished, exterminated.“

Microsoft as a prime example of a large monopoly, has managed to hold-off this tide because it was entrenched before the Internet revolution took place. It had many tools to preserve its dominance: Office, Server, partner network, Windows, IE, .NET, cash, etc. However, not just the new technologies, but the social dynamics slowly but surely are influencing to diminish its position. It can no longer develop technological answers for this revolution, so the only way to fight it is to join it. As for Apple, it had it all, the ultimate brand and technology. Now it is bleeding on both fronts. Sorry to repeat myself, but this graph illustrates it best:

Today this song popped in my mind, and inspired me to write this blog post. I think it is a dead-on match to the theme, except the “bullet in the back” at the end. 🙂 I guess it is a fitting summary of my ad hoc analysis of the current monopolistic tendencies in the mobile market.

Would you “Jailbreak”? Vote on the two polls in the side bar.